Хлодовик IV е крал на Франките од 691 до 695. Понекогаш се меша со Хлодовик III во генеалогиите кои ги земаат предвид само кралевите на Франките од Неустрија. Понекогаш и самите историчари намерно го именуваат како Хлодовик III, ако се земе тоа дека другиот Хлодовик бил таканаречен ’’лажен крал’’, односно измамник наместен на престолот од страна на мајордомот Еброин.

Хлодовик IV
Крал на Франките
« Хлодовик III крал на Австразија » од Жорж Руже (1783-1869). Слика од 1838 зачувана во Версај. Белешка: Оваа претстава не одговара на историската реалност.
На престол691-695
ПретходникТеодорих III
НаследникХилдеберт IV брат му
ДинастијаМеровинзи
ТаткоТеодорих III
МајкаКлотилда

Роден околу 680, постар син и наследник на кралот Теодорих III, доаѓа на престолот на возраст од 11 години, и умира на 15. Бидејќи е малолетен во тек на целото негово владеење, мајордомот на палатата на Австразија, Пипин Хересталски, владее во негово име. Неговиот брат Хилдеберт го наследува после неговата смрт во 695.

Извори

уреди

- Поглавје 6 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Кралот Теодорих умре, откако владееше седумнаесет години. На чело на кралството го ставија Хлодовик, неговиот мошне млад син. Меѓутоа, по неколку години, таканаречениот крал падна болен и умре после четири години владеење. Неговиот брат Хилдеберт седна на престолот[...].


Хлодовик IV
Роден(а): 682 Починал(а): 695
Претходник
Теодорих III
Крал на Франките
691–695
Наследник
Хилдеберт III