Хилдеберт III Посвоениот

Хилдеберт III наречен Посвоениот, роден околу 650 и починат во 662, бил крал на Франките од Австразија од 656 до 662. Тој го наследил Сигеберт III, кој или му бил татко или го имал присвоено. Тој бил тргнат од престолот после шест години владеење за крал да стане Хилдерик II.

Хилдеберт III
Крал на Франките од Австразија
Солидус од 20 силики на Хилдеберт Посвоениот (639-657).
На престол656662
ПретходникСигеберт III
НаследникХилдерик II

Двете тези во однос на неговиот вистински идентитет

уреди

Хилдеберт III, син на Гримоалд посвоен од Сигеберт III според книгата Liber Historiae Francorum

уреди

Според анонимниот автор на Liber Historiae Francorum напишана околу 727 и за кој се знае дека бил монах и поборник за Наустријците, Хилдеберт бил синот на Гримоалд, мајордом на палатата на Австразија кој управувал во име на младиот Сигеберт III. Сигеберт се оженил со Химнехилда околу 647, но тие пет години немале деца и Сигеберт, на возраст од дваесет и една година, одлучил во 652 да го посвои Хилдеберт кој тогаш имал петнаесет години, синот на мајордомот. Малку време подоцна Химнехилда родила син, Дагоберт II, потоа и ќерка, Билихилда.

Кога Сигеберт умрел, во 656, Гримоалд се ослободил од Дагоберт со тоа што тајно го ошишал и го дал на Дидон, владиката од Поатје кој пак го испратил во Англија. На тој начин Хилдеберт лесно дошол до престолот. Хлодовик II, кралот на Неустрија и полубрат на Сигеберт III сакајќи да ја припои Австразија кон своето кралство Неустрија, наводно дозволил да биде протеран неговиот внук иако неговите амбиции биле сосем спротивни на оние на Гримоалд. После шест години, Еброим, мајордомот на Хлотар III, постариот син на Хлодовик II ги намамил Гримоалд и син му Хилдеберт да дојдат во Неустрија каде што ги убил и на престолот на Австразија го поставил помалиот син на Хлодовик, Хилдерик II, кој се оженил за Билихилда.

Хилдеберт III, син на Сигеберт III посвоен од страна на Гримоалд, според повеќемина историчари

уреди
 
Тремис од 7 силики на Хилдеберт Посвоениот.

Приказната на старата историска книга која денес се прифаќа како историска вистина во поново време стана предмет на дебата и е оспорувана од страна на некои историчари како Ричард Гебердинг, Маријас Бекер, Кристијан Сетипани и др.

  • Според Ричард Гербердинг[1], приказната од Liber Historiae Francorun содржи една голема неверојатност: тешко е да се прифати дека Сигеберт III можел да се плаши на толку млада возраст (имал само 21 година) дека ќе остане без наследник, страв кој се чини дотолку поневеројатен бидејќи многу скоро тој вистина добил син.
  • Според историчарот Матијас Бекер[2], ниеден меровиншки текст од нивно време не го спомнува никаде Хилдеберт III како немеровиншки крал[3]. Освен Liber Historiae Francorum, назнаката дека е посвоен се појавува дури под владеењето на Карло Велики, на крајот на 8 век и тоа под формата Childebertus adoptivus filius Grimoald(i) или Childebertus i(d est) adoptivus Grimoaldus, формулација која повеќе има тенденција да значи « Хилдеберт посвоениот син на Гримоалд » односно « дека Гримоалд го посвоил Хилдеберт а не кралот ».
  • Според Кристијан Сетипани, се чини дека Хилдеберт впрочем бил син на Сигеберт, легитимен или нелегитимен, кој му го доверил на туторство (старателство) на Гримоалд во моментот на неговата смрт. Авторот на Liber Historiae Francorum тогаш веројатно изнесол неточни факти само во интерес на Неустријците [4].

Имајќи ги предвид полигамните навики на меровиншките кралеви, тешко е да се тврди дали Хилдеберт III е син на Химнехилда или пак на некоја конкубина на Сигеберт III.

Наводи и белешки

уреди
  1. Предлошка:Дело.
  2. Предлошка:Дело.
  3. Liber Historiae Francorum била напишана дури околу 720-730.
  4. Christian Settipani, La préhistoire des Capétiens, 1993, p. 106-108.

Извори

уреди
  • Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 ISBN 2-7493-0136-0 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN..
  • Предлошка:Ref-Riché-Carolingiens
  • Settipani, Christian (1993). La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1) (француски). уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4.
  • Jean-Charles, Volkmann (1999). Bien connaître les généalogies des rois de France. Éditions Gisserot. ISBN 2-877472086.
  • Предлошка:Ref-Mourre-Dictionnaire
  • Le Livre de l'Histoire des Francs : Liber Historiae Francorum, éditions Paleo, 2007 ISBN 2-84909-240-1 .

Роман

уреди
Претходник
Сигеберт III
Крал на Австразија
656–661
Наследник
Хлотар III