Кеј Нишикори

Јапонски тенисер
(Пренасочено од Кеи Нишикори)

Кеј Нишикори (錦織 圭, Nishikori Kei) (роден на 29 декември 1989 во Мацуе, Шимане, Јапонија) е јапонски тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е 13-то место, којшто го достигнал на 27 мај 2013 година.

Кеј Нишикори
錦織 圭
Кеј Нишикори на Мастерсот во Мајами во 2012
ИмеКеј Нишикори
Земја Јапонија
Место на живеењеБрејдентон, Флорида, САД
Роден на29 декември 1989(1989-12-29)(34 г.)
Роден воМацуе, Шимане, Јапонија
Спорт Тенис
Висина1.78 м
Професионалец2007
Игра со• десна рака
• дворак бекхенд
Заработка$ 3,223,125
Поединечно
Победи-порази121-81
Титули3
Највисок пласманБр. 13 (27 мај 2013)[1]
Сегашен пласманБр. 13 (10 јуни 2013)[1]
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенQF (2012)
Ролан Гарос4R (2013)
Вимблдон3R (2012)
УС Опен4R (2008)
Други турнири
Олимписки игриQF (2012)
Во двојки
Победи-порази13–18
Титули0
Највисок пласманБр. 167 (19 март 2012)
Сегашен пласманБр. 214 (10 јуни 2013)
Резултати на Гренд Слемови
Ролан Гарос2R (2011)
Вимблдон2R (2011)
Ажурирано на: 11 јуни 2013.

Во 2008 година, Нишикори ја добил наградата за најдобар нов играч во годината.[1] Во неговата кариера, тој има освоено три АТП титули, а негово најдобро достигнување на Гренд Слем турнирите е четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 2012 година.

Личен живот

уреди

Нишикори живее во Флорида и тренира во ИМГ академијата. Тој почнал да игра тенис на пет годишна возраст. Неговиот татко Кијоши, е инженер, а неговата мајка Ери, е учителка по пијано. Тој има постара сестра Рејна, која дипломирала и работи во Токио.[1] Во слободно време тој практикува фудбал, голф, читање книги, и слушање музика.[2]

Кариера

уреди

Јуниор

уреди

Како јуниор, Нишикори остварил вкупен резултат од 73 победи и 37 порази во поединечна конкуренција (53 победи и 31 пораз во парови), и се искачил на 7-то место во комбинираниот ранкинг на 24 јули 2006 година.

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Отворено првенство на Австралија: Четвртфинале (2006)
Отворено првенство на Франција: Четвртфинале (2006)
Вимблдон: Прво коло (2005)
Отворено првенство на САД: Трето коло (2005)

Нишикори успеал да стигне до две фјучрс финалиња во почетокот на годината, но бил поразен од Доналд Јанг во Литл Рок и од Алекс Богомолов помладиот во Карсон, Калифорнија. Тој заедно со Доналд Јанг успеал да ја освои титулата во игра на двојки во Литл Рок. Нишикори играл заедно со трикратниот освојувач на Отвореното првенство на Франција, Густаво Куертен во игра на двојки на Мастерсот во Мајами, каде биле поразени уште во првото коло. На Вимблдон, Нишикори бил спаринг-партнер на Рожер Федерер.

Првата победа во својата кариера во главниот ждреб на еден АТП турнир, Нишикори ја остварил на Тениското првенство на Индијанаполис, каде во првото коло забележал победа над Алехандро Фаља со 6–4, 6–3. Потоа следела и победа во второто коло над Михаел Берер со која Нишикори се пласирал во четвртфиналето на турнирот. Тој во четвртфиналето бил поразен од Дмитриј Турсунов, но и покрај поразот Нишикори станал најмлад играч кој успеал да стигне до четвртфиналето во Индијанаполис по Борис Бекер, кој стигнал и до полуфиналето во 1985 година.

На својот трет АТП турнир, Нишикори бил подобар од Тејмураж Габашвили во првото коло во Вашингтон, но бил поразен од Жулиен Бенето во второто коло. Тој успеал да ги помине трите квалификациски кола на Отвореното првенство на Кина, но во првото коло од главниот ждреб бил поразен од Иван Љубичиќ.

Нишикори ја започнал сезоната со пласманот во полуфиналето на челенџер турнирот во Мајами. Потоа на турнирот во Делреј Бич како 244-ти тенисер во светот успеал да влезе во главниот ждреб. Во првото коло, тој забележал победа над Флоријан Мајер откако германскиот тенисер го предал мечот во вториот сет поради повреда. Во второто коло, Нишикори бил подобар од Амер Делиќ, кој исто така бил квалификант. Во четвртфиналето, тој остварил победа над Боби Рејнолдс, а потоа во полуфиналето забележал изненадувачка победа над Сем Квери. Во финалето, Нишикори го изненадил првиот носител на турнирот, Џејмс Блејк победувајќи го во три сета со 3–6, 6–1, 6–4, за прва АТП титула во својата кариера. Со оваа титула тој станал првиот јапонски тенисер кој освоил АТП титула во последните 16 години.[3]

Нишикори успешно ги поминал двете квалификациски кола на Мастерсот во Индијан Велс, но во првото коло доживеал пораз од Марин Чилиќ. На Мастерсот во Мајами, Нишикори бил поразен во првото коло од Алберт Монтањес. Тој повторно се соочил со Џејмс Блејк, овојпат на Земјина подлога на турнирот во Хјустон во првото коло, но Кеј го загубил мечот со 4–6, 4–6. Кеј не успеал да се пласира во главниот ждреб на Отвореното тениско првенство на Франција и бил поразен во второто квалификациско коло.

 
Нишикори на Отвореното првенство на САД 2008

Тој стигнал до третото коло на првенството на клубот Квинс каде бил поразен од Рафаел Надал со 4–6, 6–3, 3–6, во меч кој траел преку 2 часа. Соочувајќи се со 2-от играч во светот, Нишикори успеал да го освои вториот сет и покажал одлична игра. Неговиот првиот настап на Гренд Слем турнир, на Вимблдон, завршил во првото коло со поразот од Марк Гикел. Поради истегнување на стомачните мускули, Нишикори бил принуден да го предаде мечот, откако го добил првиот сет со 6–4, но го загубил вториот со 5–7. Во август, тој настапил на Летните олимписки игри во Пекинг со помош на вајлд карта.[4] Таму, во првото коло бил поразен од германецот Раинер Шутлер.

Нишикори дебитирал на Отвореното првенство на САД, победувајќи го 29-от носител Хуан Монако со 6–2, 6–2, 5–7, 6–2 во првото коло, а потоа во второто коло забележал победа над хрватот Роко Каранушиќ. На 30 август 2008, тој станал првиот јапонски тенисер по 1937 година кој успеал да стигне до осминафиналето од гренд слемот, победувајќи го 4-от носител Давид Ферер во пет сета со 6–4, 6–4, 3–6, 2–6, 7–5. Тој не успеал да влезе во четвртфиналето и бил поразен од Хуан Мартин дел Потро со 3–6, 4–6, 3–6.

На домашен терен, на Отвореното првенство на Јапонија, тој стигнал до третото коло, каде бил запрен од французинот Ришар Гаске со 1–6, 2–6.

Нишикори добил вајлд карта за Отвореното првенство на Шведска, и успеал да стигне до полуфиналето, и покрај здобиената повреда на коленото. Тој во првото коло забележал победа над Марсел Гранољерс, а потоа во второто коло бил подобар од словакот Доминик Хрбати. Тој без игра се пласирал во полуфиналето, откако во четвртфиналето, неговиот противник, хрватот Марио Анчиќ морал да го предаде мечот поради болест. Во полуфиналето, тој бил убедливо поразен од 4-от носител Робин Седерлинг со 1–6, 0–6.

Нишикори ја започнал сезоната со четвртфиналниот пораз на турнирот во Бризбејн, Австралија од Пол-Анри Матје, откако во второто коло забележал победа над Томаш Бердих. На Отвореното првенство на Австралија, Нишикори загубил уште во првото коло од Јирген Мелцер. На 25 март 2008 година, Нишикори ја добил наградата АТП нов играч на годината од страна на Асоцијацијата на тениските професионалци, и станал првиот азиски тенисер кој успеал да ја добие наградата.[5] Поради повреда на десниот лакт, Нишикори не настапил на последните три гренд слем турнири во годината.

Кеј се вратил на терените по пауза од речиси една година. Тој добил вајлд карта за турнирот во Делреј Бич, каде бил бранител на титулата, но бил поразен во првото коло од Бенџамин Бекер. Кеј се вратил на турнирите од челинџер серијата, и успеал да го освои челинџер турнирот во Савана, поразувајќи го Рајан Свитинг со 6–4, 6–0 во финалето. На 15 мај, тој го освоил и челинџер турнирот во Сарасота, Флорида, победувајќи го во финалето Брајан Дабул со 2–6, 6–3, 6–4.

На својот прв настап на Отвореното првенство на Франција, во првото коло тој остварил победа над Сантјаго Гиралдо во пет сета, но бил поразен во второто коло од Новак Ѓоковиќ со 1–6, 4–6, 4–6. На првиот турнир на тревна подлога, Нишикори бил поразен од Ришар Гаске во првото коло од првенството на клубот Квинс со 3–6, 3–6. На Вимблдон, тој бил елимиран од турнирот уште во првото коло од 2-от носител Рафаел Надал со 2–6, 4–6, 4–6,

На Отвореното првенство на САД, јапонецот преку квалификациите стигнал до главниот ждреб и во првото коло забележал победа над Евгениј Корољов, а потоа во второто коло го победил 11-от носител Марин Чилиќ во пет сета. Во третото коло, Нишикори за противник го имал Алберт Монтањес, и при водство на шпанецот од 2–6, 1–2, Нишикори го предал мечот поради повреда.

 
Кеј Нишикори на Отвореното првенство на Австралија 2011

Нишикори ја отворил сезоната со настапот на турнирот во Ченај, каде во првото коло издвојувал изненадувачка победа над двократниот бранител на титулата, Марин Чилиќ, а потоа во второто коло бил подобар од Алехандро Фаља. Во четвртфиналето Кеј бил поразен од Јанко Типсаревиќ со 4–6, 4–6.

На Отвореното првенство на Австралија, Нишикори стигнал до третото коло. Во првото коло, тој го поразил италијанецот Фабио Фоњини со 6–1, 6–4, 6–7, 6–4, а во второто коло забележал победа над Флоријан Мајер со 6–4, 6–3, 0–6, 6–3. Во третото коло, Нишикори бил поразен од 9-от носител, Фернандо Вердаско со 2–6, 4–6, 3–6. По пласманот во третото коло на гренд слемот, тој се искачил на 70-то место на АТП листата.

По вторпат во својата кариера, Нишикори се пласирал во полуфиналето на турнирот во Делреј Бич, но овојпат бил поразен од Јанко Типсаревиќ. Потоа Нишикори се појавил на првите два АТП Мастерс 1000 турнири во годината, во Индијан Велс и Мајами. Во Индијан Велс тој бил поразен во првото коло од Игор Андреев, а во Мајами по почетната победа над Жереми Шарди, во второто коло бил поразен од Рафаел Надал. На почетокот на април, Нишикори стигнал до своето второ АТП финале во кариерата, на турнирот во Хјустон, во кое бил поразен од американецот со вајлд карта Рајан Свитинг.

Следен турнир за Нишикори бил Отвореното првенство на Барселона, каде бил поразен во третото коло од домашниот тенисер Фелисијано Лопес. Потоа следел турнирот во Белград каде Нишикори во првото коло бил елиминиран од Јанко Типсаревиќ.

На Отвореното првенство на Франција, по победата над Лу Јен-Хсун во првото коло, Нишикори доживеал пораз од Сергеј Стаховски со 1–6, 6–3, 3–6, 6–7. На Вимблдон, Нишикори во првото коло се соочил со австралиецот Лејтон Хјуит и бил поразен во четири сета со 1–6, 6–7, 7–6, 3–6.

Следен турнир за Кеј бил Мастерсот во Синсинати, каде откако успешно ги поминал двете квалификациски кола, бил поразен од Давид Налбандијан со 4–6, 4–6. На Отвореното првенство на САД, Нишикори во првото коло го предал мечот против Флавио Ципола поради повреда.

Нишикори се вратил на терените, на Отвореното првенство на Малезија во Куала Лумпур и успеал да стигне до полуфиналето, во кое по петти пат во годината бил поразен од Јанко Типсаревиќ. На Отвореното првенство на Јапонија, Нишикори ги разочарал домашните навивачи и бил поразен во првото коло од Давид Ферер.

На Мастерсот во Шангај, Нишикори стигнал до своето прво Мастерс 1000 полуфинале. Во првото коло, тој остварил победа над Робин Хасе во три сета, и покрај тоа што го загубил првиот сет со 0–6. Во второто коло, Нишикори го направил најголемото изненадување на турнирот, победувајќи го 4-от носител Жо-Вилфред Цонга со 6–7, 6–4, 6–4. Во третото коло, Нишикори повторно во три сета славел победа над Сантјаго Гиралдо, а потоа во четвртфиналето, го изненадил 12-от носител Александар Долгополов со 6–4, 6–3. Во своето прво Мастерс 1000 полуфиналето, Нишикори бил поразен од 2-от носител, Енди Мареј, кој подоцна успеал и да го освои турнирот. Со овој фантастичен успех, Нишикори се искачил на 30-то место на АТП листата.

На турнирот во Базел, во полуфиналето Нишикори го поразил светскиот играч бр. 1 Новак Ѓоковиќ во три сета со 2–6, 7–6, 6–0, враќајќи се во мечот при негатива од 4–5, 0–30 во вториот сет. Овој пораз бил само 4-ти за Ѓоковиќ во целата сезона. Во финалето на Базел, Нишикори бил поразен од Рожер Федерер, кој ја освоил својата петта титула на турнирот. Со овој резултат, Нишикори ја завршил годината на 25-то место на АТП листата со резултат од 36 победи и 22 порази.

Нишикори ја започнал новата сезона со турнирот во Бризбеј. Тој во првото коло забележал победа над германецот Седрик-Марсел Штебе но во второто коло бил поразен од Маркос Багдатис со 3–6, 4–6.

Следен турнир за Нишикори бил првиот Гренд Слем турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија, каде бил поставен за 24-ти носител. Тој во првото коло бил подобар од Стефан Робер, а во второто коло откако ги загубил првите два сета, се вратил во мечот и забележал победа над домашниот тенисер Метју Ебден. Потоа во следните две кола, Нишикори остварил победи над французите Жулиен Бенето и Жо-Вилфред Цонга редоследно, за во четвртфиналето да биде поразен од Енди Мареј со 3–6, 3–6, 1–6. Со пласманот во четвртфиналето во Мелбурн, Нишикори станал првиот јапонец во последните 80 години кој успеал да стигне до таа фаза на натпреварување.

По добриот настап во Мелбурн, Нишикори се појавил на турнирот во Буенос Аирес, и во првото коло остварил победа над шпанскиот ветеран Хуан Карлос Фереро, а потоа во второто коло го добил двобојот со Виктор Ханеску. Надежите за прво полуфинале во годината Нишикори ги загубил со поразот во четвртфиналето од Станислас Вавринка. Една недела подоцна, Нишикори се појавил на Отвореното првенство на Мексико, но настапот го завршил во второто коло во кое бил поразен од Жереми Шарди во три сета.

 
Нишикори на Летните олимписки игри 2012 во Лондон

На првиот АТП Мастерс турнир во сезоната, во Индијан Велс, Нишикори бил 17-ти носител и со тоа добил директен пласман во второто коло, но таму бил поразен од Сантјаго Гиралдо. На следниот Мастерс, во Мајами, Нишикори бил 16-ти носител и повторно турнирот го започнал од второто коло. По победите над Лукаш Лацко и Лукаш Росол редоследно, Нишикори бил елиминиран во четвртото коло од Рафаел Надал.

Сезоната на Земјина подлога, Кеј ја започнал со Мастерсот во Монте Карло каде бил 13-ти носител. Тој во првото коло го добил мечот против шпанецот Алберт Рамос, а во второто коло бил поуспешен од Пол-Анри Матје со 6–4, 6–2. Сепак, во третото коло јапонецот бил поразен од Томаш Бердих во три сета. Една недела подоцна, на турнирот во Барселона, Нишикори стигнал до четвртфиналето и бил приморан да го предаде мечот на Фернандо Вердаско поради истегнување на страничните стомачни мускули.

Нишикори го пропуштил Отвореното првенство на Франција поради повредата која ја здобил на крајот на април, и на тениските терени се вратил на Вимблдон. Таму како 19-ти носител стигнал до третото коло во кое бил поразен од Хуан Мартин дел Потро. На Летните олимписки игри во Лондон, Нишикори бил поразен во четвртфиналето повторно од Хуан Мартин дел Потро, откако забележал победи над Бернард Томиќ, Николај Давиденко и Давид Ферер во првите три кола редоследно.[6]

Следен турнир за Нишикори бил Мастерсот во Торонто. Тој во првото коло бил слободен а во второто коло бил поразен од Сем Квери. Потоа следел Мастерсот во Синсинати кој Нишикори го стартувал од првото коло со победата над Марсел Гранољерс. Тој во второто коло забележал победа над Џејмс Блејк, но во третото коло бил поразен од Станислас Вавринка со 3–6, 3–6. Две недели подоцна, на Отвореното првенство на САД, Нишикори бил елиминиран во третото коло од Марин Чилиќ.

Азиската турнеја, Нишикори ја започнал со Отвореното првенство на Малезија, каде бил 3-ти носител. Тој бил слободен во првото коло, а потоа во второто коло бил подобар од Алберт Рамос. Во третото коло, тој остварил победа против Николај Давиденко кој го предал мечот по првиот сет кој го освоил Нишикори со 6–4. Јапонецот не успеал да стигне до финалето, и во полуфиналето бил поразен од 2-от носител, аргентинецот Хуан Монако, кој потоа и го освоил турнирот.

На 7 октомври, како осми носител, Нишикори успеал да триумфира над канаѓанецот Милош Раониќ во финалето на Отвореното првенство на Јапонија со 7–6, 3–6, 6–0 освојувајќи ја втората АТП титула во кариерата. Со овој одличен резултат, Нишикори се искачил на 15-то место на АТП листата. Победата на Нишикори била историска, бидејќи тој станал првиот јапонски тенисер кој ја освоил титулата на турнирот.[7]

Нишикори годината ја завршил на 19-то место на АТП листата како најдобар азиски тенисер со резултат од 37 победи и 18 порази.

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 5 (3 титули, 2 финалист)

уреди
Легенда
Гренд Слем (0–0)
АТП World Tour Finals (0–0)
АТП World Tour Masters 1000 (0–0)
АТП World Tour 500 series (2–1)
АТП World Tour 250 series (1–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 11 февруари 2008 Делреј Бич, САД Тврда   Џејмс Блејк 3–6, 6–1, 6–4
Финалист 1. 10 април 2011 Хјустон, САД Земја   Рајан Свитинг 4–6, 6–7(3–7)
Финалист 2. 6 ноември 2011 Базел, Швајцарија Тврда   Рожер Федерер 1–6, 3–6
Победник 2. 7 октомври 2012 Токио, Јапонија Тврда   Милош Раониќ 7–6(7–5), 3–6, 6–0
Победник 3. 24 февруари 2013 Мемфис, САД Тврда   Фелисијано Лопес 6–2, 6–3

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 ATP Profile
  2. „ITF Profile“. Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 2013-06-12.
  3. Newcomer Nishikori shocks Blake
  4. „ITF places announced for 2008 Olympic Tennis Event“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2013-06-12.
  5. Nishikori wins ATP newcomer award[мртва врска]
  6. „Nishikori's medal dreams ended by Del Potro“. Архивирано од изворникот 2012-08-04. Посетено на 2-08-2012. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  7. ESPN: Kei Nishikori wins Japan Open

Надворешни врски

уреди
Награди
Претходник
Жо-Вилфред Цонга
АТП Нов играч на годината
2008
Наследник
Орасио Зебаљос