Жо-Вилфрид Цонга

француски тенисер
(Пренасочено од Жо-Вилфред Цонга)

Жо-Вилфрид Цонга (француски изговор: [(d)ʒo wilfʁid t͡sɔŋɡa]; роден на 17 април 1985(1985-04-17) во Ле Ман) е француски професионален тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е петтото место, којшто го достигнал на 27 февруари 2012 година.

Жо-Вилфрид Цонга
Земја Франција
Место на живеењеГингинс, Швајцарија
Роден на17 април 1985(1985-04-17)(39 г.)
Роден воЛе Ман, Франција
Спорт Тенис
Висина1.88 м
Професионалец2004
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$ 12,727,861
Поединечно
Победи-порази295–135
Титули10
Највисок пласманБр. 5 (27 февруари 2012)
Сегашен пласманБр. 12 (14 април 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенF (2008)
Ролан ГаросSF (2013)
ВимблдонSF (2011, 2012)
УС ОпенQF (2011)
Други турнири
Мастерс купF (2011)
Олимписки игриQF (2012)
Во двојки
Победи-порази68–43
Титули4
Највисок пласманБр. 33 (26 октомври 2009)
Сегашен пласманБр 190 (14 април 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2R (2008)
Ролан Гарос1R (2002, 2003, 2009)
ВимблдонQ1 (2007)
Мастерс купДруги турнири во двојки
Сребрен медал (2012)
Ажурирано на: 20 март 2014.
Жо-Вилфрид Цонга
Медали
Натпреварувач за  Франција
Олимписки игри
Сребрен медал – второ место 2012 Лондон Двојки

Цонга стана познат на јавноста по извонредниот настап на Отвореното првенство на Австалија во 2008 година, кога, како неносител, стигна до финалето, претходно победувајќи четири носители на турнирот, вклучувајќи ја и победата во три сета над Светскиот Бр. 2 Рафаел Надал во полуфиналето. Во финалето, Цонга не успеа да стигне до Гренд слем титулата, и беше поразен од Светскиот Бр. 3 Новак Ѓоковиќ во четири сета.

По финалето во Мелбурн, Цонга успеал да стигне и до својата прва АТП Мастерс 1000 титула, освојувајќи го Мастерсот во Париз во 2008, и со тоа го заверил пласманот на АТП завршниот Мастерс во годината во Шангај, Кина. Три години подоцна, Цонга успеал да стигне до финалето на АТП завршниот Мастерс во годината, каде бил поразен од петкратниот освојувач и бранител на титулата, Роџер Федерер.

Тој е еден од малкуте активни играчи кој успеал да стигне до четвртфиналата рунда на сите четири гренд слем турнири. Тој исто така е единствениот тенисер кој има остварено гренд слем победи над сите од големата четворка (Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј).

Кариера

уреди

Јуниор

уреди

Како јуниор, Цонга остварил вкупен резултат од 90 победи и 28 порази во поединечна конкуренција, и се искачил на 2-то место на јуниорската ИТФ список на 13 октомври 2003 година.[1]

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Отворено првенство на Австралија: Полуфинале (2002, 2003)
Отворено првенство на Франција: Полуфинале (2003)
Вимблдон: Полуфинале (2003)
Отворено првенство на САД: Победник (2003)

Рана кариера

уреди

Цонга имаше успешна кариера како јуниор, освојувајќи ја јуниорската титула на Отвореното првенство на САД во 2003 победувајќи го Маркос Багдатис во финалето. Тој исто така успеа да стигне до полуфиналето на останатите три Гренд слем турнири.

Откако станал професионалец во 2004, за Цонга следел незгоден период во кој забележал низа на повреди. Најпрво кон крајот на годината, тој боледувал од дискус хернија, а потоа во 2005 се здобил со две повреди на десното рамо. Од октомври 2005 па сè до февруари 2006, Цонга имал проблеми со грбот и стомачните мускули и кон крајот на 2006 тој повторно се здобил со повреда на стомачните мускули. Вкупно, за тоа време тој одиграл само осум турнири.

Соперништва

уреди

Цонга - Ѓоковиќ

уреди

Најпознато соперништво на Жо-Вилфрид Цонга е соперништвото со Новак Ѓоковиќ.[2] Цонга и Ѓоковиќ досега се имаат сретнато 16 пати, и Цонга има негативен биланс од вкупно 5 победи и 11 порази.[3] Тие за првпат играле еден против друг во финалниот натпревар на Отвореното првенство на Австралија во 2008 година; откако претходно во полуфиналните натпревари, двајцата тенисери забележале победи над најдобрите двајца тенисери во светот, Роџер Федерер[4] и Рафаел Надал[5] во три сета. Ѓоковиќ забележал победа во финалето во четири сета, и успеал да ја освои својата прва гренд слем титула.[6] Потоа францускиот тенисер остварил серија од четири победи во низа, која Ѓоковиќ ја запрел на Мастерсот во Мајами во 2009.

Нивната следна средба на гренд слем турнир била повторно на Отвореното првенство на Австралија, во четвртфиналето од 2010 година, точно две години откако Ѓоковиќ бил подобар од Цонга и успеал да ја освои својата прва титула на гренд слем турнирите. Овојпат Цонга бил подобар и успеал да забележи победа во пет сета.[7] По година и пол, двајцата тенисери го одиграле својот прв меѓусебен двобој на трева, во полуфиналето на Вимблдон 2011 – и тука влогот бил многу поголем, бидејќи победникот на натпреварот ќе стигнел до своето прво финале на терените на Ол Ингланд клубот. Ѓоковиќ успеал да забележи победа во четири сета и да се пласира во финалето на гренд слемот,[8] а со тоа и успеал да ја прекине доминацијата од седум и пол години на Роџер Федерер и на Рафаел Надал на врвот на АТП листата, искачувајќи се на првото место. Во 2012, на Отвореното првенство на Франција, Цонга и Ѓоковиќ повторно се сретнале во важен натпревар, во четвртфиналето на турнирот. Откако го изгубил првиот сет, Цонга се вратил во натпреварот и ги освоил следните два сета, а потоа во четвртиот сет имал две меч топки на сервис на Ѓоковиќ, кои не успеал да ги искористи, при што србинот го однел четвртиот сет во тај-брејк. Во тај-брејкот, Цонга успеал да ги спаси првите две сет топки, но во третиот обид, Ѓоковиќ успеал да го освои сетот и да го однесе натпреварот во петти одлучувачки сет. Цонга не успеал да се пласира во полуфиналето, и петтиот сет го загубил со убедливи 6–1.[9]

Два месеци подоцна, Цонга бил поразен од Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот на Летните олимписки игри 2012 со 6–1, 7–5 .[10] Во првата недела од октомври, српскиот тенисер повторно бил поуспешен и успеал да слави над Цонга во финалето на Отвореното првенство на Кина во два сета.[11] Последниот натпревар во 2012 година, Ѓоковиќ и Цонга го одиграле во ракмите на групната фаза од АТП завршниот Mастерс, каде Ѓоковиќ бил поуспешен и победил во два сета.[12] Тоа било за Цонга петти пораз од Ѓоковиќ во 2012.

Двајцата тенисери последен пат се сретнале во полуфиналето на Мастерсот во Шангај во 2013 година, и Ѓоковиќ успеал да оствари победа во два сета.[13]

Стил на игра

уреди

Цонга е познат по своите силни сервис удари, како и по моќниот форхенд удар и одличното чувство на игра на мрежа. Тој игра напаѓачки стил на игра од основната линија, но често знае да ги комбинира своите удари и да истрчува на мрежа. Тој моментално е еден од малкуте активни играчи кој често практикува сервис-волеј игра. И покрај висината, неговото движење на теренот се смета за многу добро.

Сервис

уреди

Сервисот на Цонга е еден од неговите најбрзи, најсилни и најдоминантни удари. Брзите сервиси проследени со ротација често му овозможуваат на Цонга да создава и освојува лесни сервис бодови. Неговите силни сервиси често достигнуваат брзина и до 225 км/ч.

Подлоги

уреди

До денес, Цонга најдобрите резултати ги има постигнато на тврда подлога, посебно на Отвореното првенство на Австралија, каде играше во финалето во 2008, во четвртфиналната фаза во 2009 и во полуфиналето во 2010. Во својата АТП кариера, поголемиот дел од финалињата Цонга ги одигра на тврда подлога. На трева, тој беше полуфиналист на Вимблдон во 2011 и 2012, и финалист на првенството на клубот Квинс во 2011. По правило, Цонга не бележи добри резултати на Земјина подлога, иако неговите способности на оваа подлога напредуваат, а резултат на тоа се четвртфиналињата на Отвореното првенство на Франција, Мастерсот во Монте Карло и Мастерсот во Рим во 2012 година. Во 2013, тој заигра уште подобро на оваа подлога. Впрочем, Цонга стигна до своите први две полуфиналиња на земја, најпрво на Мастерсот во Монте Карло, каде беше поразен од Рафаел Надал[14] и на Отвореното првенство на Франција, каде беше поразен од Давид Ферер, откако претходно забележа победа над Рожер Федерер.

 
Цонга играјќи волеј на мрежа против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон 2011.

Удари и игра на мрежа

уреди

Цонга е познат по своите агресивни удари. Неговиот форхенд и бекхенд се доста ефективни при одигрувањато на бодовите. Неговиот силен, остар и прецизен форхенд е негов најпостојан удар, посебно кога е испратен право на страната на противникот. Иако неговиот бекхенд не е главно толку силен како неговиот форхенд за време на бодовите, сепак тој е способен да нападне преку својот бекхенд удар. Неговата игра на мрежа е паметна, посебно кога напаѓа во бодовите. Тој знае да игра и еднорачен и дворачен бекхенд.[15] Тој го додаде еднорачниот бекхенд во својот репертоар на удари во средината на 2011, видлив во финалето против Мареј на Квинс Клуб Првенството и против Федерер во четвртфиналето на Вимблдон.

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 19 (10-9)

уреди
Легенда
Гренд Слем (0–1)
АТП завршен Мастерс во годината (0–1)
АТП Мастерс 1000 (1–1)
АТП World Tour 500 Series (1–2)
АТП World Tour 250 Series (8–4)
Финалиња по подлога
Тврда (10–8)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 31 јануари 2008 Отворено првенство на Австралија, Мелбурн Тврда   Новак Ѓоковиќ 6–4, 4–6, 3–6, 6–7(2–7)
Победник 1. 28 септември 2008 Бангкок, Тајланд Тврда   Новак Ѓоковиќ 7–6(7–4), 6–4
Победник 2. 2 ноември 2008 Париз, Франција Тврда   Давид Налбандијан 6–3, 4–6, 6–4
Победник 3. 2 февруари 2009 Јоханесбург, Јужна Африка Тврда   Жереми Шарди 6–4, 7–6(7–5)
Победник 4. 16 февруари 2009 Марсеј, Франција Тврда   Микаел Лодра 7–5, 7–6(7–3)
Победник 5. 5 октомври 2009 Токио, Јапонија Тврда   Микаил Јужни 6–3, 6–3
Финалист 2. 13 февруари 2011 Ротердам, Холандија Тврда   Робин Седерлинг 3–6, 6–3, 3–6
Финалист 3. 13 јуни 2011 Лондон, УК Трева   Енди Мареј 6–3, 6–7(2–7), 4–6
Победник 6. 25 септември 2011 Мец, Франција Тврда   Иван Љубичиќ 6–3, 6–7(4–7), 6–3
Победник 7. 30 октомври 2011 Виена, Австрија Тврда   Хуан Мартин дел Потро 6–7(5–7), 6–3, 6–4
Финалист 4. 13 ноември 2011 Париз, Франција Тврда   Роџер Федерер 1–6, 6–7(3–7)
Финалист 5. 27 ноември 2011 АТП завршен Мастерс во годината, Лондон, УК Тврда   Роџер Федерер 3–6, 7–6(8–6), 3–6
Победник 8. 7 јануари 2012 Доха, Катар Тврда   Гаел Монфилс 7–5, 6–3
Победник 9. 23 септември 2012 Мец, Франција (2) Тврда   Андреас Сепи 6–1, 6–2
Финалист 6. 7 октомври 2012 Пекинг, Кина Тврда   Новак Ѓоковиќ 6–7 (5–7), 2–6
Финалист 7. 21 октомври 2012 Стокхолм, Шведска Тврда   Томаш Бердих 6–4, 4–6, 4–6
Победник 10. 24 февруари 2013 Марсеј, Франција (2) Тврда   Томаш Бердих 3–6, 7–6(8–6), 6–4
Финалист 8. 22 септември 2013 Мец, Франција Тврда   Жил Симон 4–6, 3–6
Финалист 9. 23 февруари 2014 Марсеј, Франција Тврда   Ернест Гулбис 6–7(5–7), 4–6

Во двојки: 8 (4-8)

уреди
Легенда
Гренд Слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–0)
Олимписки игри (0–1)
АТП World Tour 500 Series (0–0)
АТП World Tour 250 Series (3–3)
Финалиња по подлога
Тврда (3–3)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Тепих (1–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 22 октомври 2007 Лион, Франција Тепих   Себастијан Грожан   Лукаш Кубот
  Ловро Ѕовко
6–4, 6–3
Победник 2. 7 јануари 2008 Сиднеј, Австралија Тврда   Ришар Гаске   Боб Брајан
  Мајк Брајан
4–6, 6–4, [11–9]
Победник 3. 11 јануари 2009 Бризбејн, Австралија Тврда   Марк Гикел   Фернандо Вердаско
  Миша Ѕверев
6–4, 6–3
Победник 4. 18 октомври 2009 Шангај, Кина Тврда   Жулијен Бенето   Мариуш Фурстенберг
  Марќин Матковски
6–2, 6–4
Финалист 1. 20 февруари 2011 Марсеј, Франција Тврда   Жулијен Бенето   Робин Хасе
  Кен Скупски
3–6, 7–6(7–4), [11–13]
Финалист 2. 26 февруари 2012 Марсеј, Франција (2) Тврда   Дастин Браун   Николас Мау
  Едуард Рожер-Васлен
6–3, 3–6, [6–10]
Финалист 3. 5 август 2012 Летни олимписки игри 2012, Лондон, УК Трева   Микаел Лодра   Боб Брајан
  Мајк Брајан
4–6, 6–7(2–7)
Финалист 4. 22 септември 2013 Мец, Франција Тврда   Николас Мау   Јохан Брунстрем
  Равен Класен
4–6, 6–7(5–7)

Наводи

уреди
  1. „ITF Juniors Profile“. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 2014-04-20.
  2. Evolution of Djokovic vs Tsonga rivalry
  3. N. Djokovic – J. Tsonga Head to Head Game Statistics, Tennis Tournament Results – Tennis Statistics Wettpoint
  4. Djokovic upsets Federer in straight sets – ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  5. „Tsonga stuns Nadal to reach final“. BBC Sport. BBC. 24 January 2008.
  6. Battling Djokovic outlasts Tsonga – ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  7. Ill Djokovic hands Tsonga victory – ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  8. Nadal, Djokovic to face off in final – ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  9. French Open 2012: Novak Djokovic reaches semi-finals with thrilling victory over Jo-Wilfried Tsonga – Telegraph
  10. „London Olympics 2012: Novak Djokovic topples Jo-Wilfried Tsonga to set up Andy Murray clash | London Olympics 2012 News | ESPN.co.uk“. Архивирано од изворникот на 2013-11-05. Посетено на 2014-04-20.
  11. „Djokovic wins third China Open title | Other Sport | BDlive“. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2014-04-20.
  12. Djokovic downs Tsonga at Tour Finals – ABC Grandstand Sport – ABC News (Australian Broadcasting Corporation)
  13. Novak Djokovic Earns Finals Berth by Defeating Jo-Wilfried Tsonga, ATP World Tour official website, 12 октомври 2013
  14. Nadal beats Tsonga to reach Monte Carlo Masters 2013 final | STEVE G TENNIS
  15. Видео на YouTube

Надворешни врски

уреди
Награди
Претходник
Бенџамин Бекер
АТП Нов играч на годината
2007
Наследник
Кеј Нишикори