Квентин Тарантино

Квентин Џером Тарантино (англиски: Quentin Jerome Tarantino, роден 27 март 1963) — американски кинорежисер, сценарист и глумец; добитник на Оскар и Златна палма. Тој се издигна до слава во раните 1990-ти како независен филмски уметник чии филмови користеа нелинеарен тек на приказната и стилизирано насилство. Во неговите филмови се вклучуваат Касапски кучиња (1992), Евтини приказни (1994), Џеки Браун (1997), Убиј го Бил (прв дел 2003, втор дел 2004) и Отпорен на смрт (2007).

Квентин Тарантино
Тарантино на премиерата на филмот Грајндхаус во Остин, Тексас, март 2007
Роден(а)Квентин Џероум Тарантино
27 март 1963(1963-03-27)(61 г.)
Активен1987–денес
НаградиЗлатна палма - Кански филмски фестивал
1994 Евтини приказни

Животопис

уреди

Ран живот

уреди

Тарантино е роден во Ноксвил, Тенеси, син на Кони Цаступил, медицинска сестра, и Тони Тарантино, глумец и музичар-аматер роден во Квинс, Њујорк.[1] Таткото на Тарантино бил Американец со италијанскo потекло, а неговата мајка имала делумно потекло од индијанското племе Чероки.[2][3][4] Откако го напуштил средното училиште во Харбор Сити, Калифорнија на возраст од 15 години, отишол да учи глума во „Џејмс Бест театарската дружина“. Ова се покажало како влијателно во неговата филмска кариера. На возраст од 22 години, се вработил во „Менхетен бич видео архивите“, сега застарена видеотека во Менхетен Бич, Калифорнија, каде тој и неговите пријатели, исто така филмски фанатици, како Роџер Ејвери, по цел ден дискутирале и препорачувале филмови на муштерии, меѓу кои бил и глумецот Дени Стронг.[5]

Филмска кариера

уреди
 
Тарантино има бројни соработки со режисерот Роберт Родригес

Сценариото на Тарантино, Вистинска романса, било откупено и евентуално издадено во 1993.[6] Откако Тарантино го запознал продуцентот Лоренс Бендер на една холивудска забава, Бендер го охрабрил да напише друго сценарио. Во јануари 1992 вториот филм на Тарантино, Касапски кучиња, кој претставува неговото режисерското деби, е прикажан на Санденс филмскиот фестивал. Филмот собра критичко признание, а режисерот стана легенда во Велика Британија во кругот на култни филмови. Касапски кучиња беше филм за грабеж, придвижен од многу дијалог. Овој филм ќе го постави тонот на неговите понатамошни дела. Тарантино го напишал сценариото за три и пол недели и Бендер го препратил до режисерот Монте Хелман. Хелман му помогнал на Тарантино да го обезбеди буџетот за филмот од Ричард Фледстин од „Live Entartainment“ (која подоцна стана „Artisan“). Харви Кител го прочитал сценариото и исто така помогнал во обезбедувањеро на фондовите, а зел и една од главните улоги во филмот.[7]

Второто сценарио кое Тарантино го продал било Родени убијци. Режисерот Оливер Стоун направил поголеми промени со кои Тарантино не се согласувал. Како резултат на тоа, Тарантино се откажал од заслугата за сценариото. Следејќи го успехот на Касапски кучиња, Тарантино бил неколкупати пристапен од Холувуд за ангажман во разни проекти, вклучувајќи го Брзина и Луѓе во црно. Тој ги одбил понудите и се повлекол во Амстердам да работи на сценарито за Евтини приказни, кој му ја донесе Златната палма на Канскиот филмски фестивал. Евтини приказни го доби и Оскарот за најдобро оригинално сценарио, кој Тарантино го подели со Роџер Ејвери, а беше и номиниран за најдобар филм.

По Евтини приказни тој ја режирал четвртата епизода од Четири соби, сегментиот „Човекот од Холивуд“; таа била посвета на една епизода од Алфред Хичкок претставува, антологиската телевизиска серија режирана од Алфред Хичкок. Четири соби бил заеднички труд со филмските работници Алисон Андерс, Александр Роксвел и Роберт Родригес. Филмот доби слаб прием кај публиката и критичарите. Исто така, тој глумел и го напишал сценариото на филмот на Родригес, Од самрак до зори, кој доби мешани реакции од критичарите, а сепак доведе до две продолженија, во кои Тарантино Родригес имаа улоги само на извршни продуценти.

Третиот игран филм на Тарантино[8] е Џеки Браун (1997), адаптација на Rum Punch, роман од Елмор Леонард. Филмот е посвета на т.н. црно-експлоататорски филмови, филмски жанр наменет за црната американска публика. Овде главната улога ја имаше Пам Гриер, која глумела во многу филмови од тој вид во седумдесеттите. Тогаш тој планирал да го направи и воениот филм Inglorious Bastards, но го одложил за да го напише и режира Убиј го Бил (објавен во како два филма), високо стилизиран „одмазднички“ филм во кинематографските стилови на кинеските филмови со борбени вештини, шпагети вестерните и италијанскиот хорор стил на филмови. Заснован е на лик (Невестата) и заплет кој тој и главната глумица, Ума Турман, го развиле за време на снимањето на Евтини приказни. Bo 2004 Тарантино се вратил во Кан каде служел како претседател на жири. Убиј го Бил не бил во натпреварот, но го објавил на последната ноќ од филмскиот фестивал во неговата оригинална тричасовна верзија.

Тарантино објавил во 2005 дека неговиот следен проект ќе биде Грајндхаус, кој го режирал заедно со Родригес. Издаден во кино салите на 6 април 2007, придонесот на Тарантино кон Грајндхаус бил во проект со наслов Отпорен на смрт. Почнува како филм од седумдесеттите, посветен на сериските убијци,[9] но еволуира драматично како што се проектот развива. Продажбите во бокс-офисот биле значително под очекувањата на анализите и покрај позитивните критики кои филмот ги добил.

Меѓу неговите продуцентски заслуги се вклучува хорор филмот Хостел (кој вклучува неколку наводи на својот Евтини приказни), адаптацијата на романот на Елмор Леонард, Killshot (за кој Тарантино еднаш напишал сценарио) и Hell Ride (напишан и режиран од ѕвездата на Убиј го Бил, Лери Бишоп). Тарантино има заслуга како „специјален гостин-режисер“ за неговата работа во секвенцата со автомобилот со Клајв Овен и Бенисио дел Торо на нео ноар филмот на Роберт Родригес, Град на гревот (Sin City). Во 2005 Квентин Татантино ја добил наградата „Икона на деценијата“ на „Сони Ериксон емпајр наградите“. На 15 август 2007, филипинската претседателка Глорија Макапагал-Аројо му врачила награда за животно остварување во дворецот Малакањанг во Манила.[10]

Работа

уреди

Естетика

уреди

Филмовите на Тарантино се прочуени по нивниот остар дијалог, изместена хронологија и опсесии со поп културата. Неговите филмови имаат многу сцени со распрскана и течна крв која е графички насилна во естеска смисла. Неговите прикази на насилство исто така се забележани за нивната обичност и хумор, како и за тензијата и квалитетната бескомпромисна реалност.

Влијанија

уреди

Во режисерската анкета од 2002 на Sight and Sound, Тарантино ги открил своите омилени дванаесет филма: Добриот, лошиот и грдиот; Рио Браво; Таксист; Неговата девојка Фрајдеј; Rolling Thunder; Сите се смееја; Големото бегство; Кери; Кофи; Dazed and Confused; Пет прста на смртта; и Hi Diddle Diddle.[11] Тој исто така ги навел како омилени и филмовите Blow Out, One-Eyed Jacks, За неколку долари повеќе, Bande à part, Без здив (филм од 1983), Le Doulos, Тие живеат ноќе, Star Trek II: The Wrath of Khan, Ride in the Whirlwind, The Searchers, Добри момци and The Long Goodbye.

Глумечки состав

Тарантино често користи глумци со кои работел на неговите претходни филмови:

Глумец Роденденот на мојот најдобар пријател
(1987)
Касапски кучиња
(1992)
Евтини приказни
(1994)
Четири соби
(1995)
Џеки Браун
(1997)
Убиј го Бил 1
(2003)
Убиј го Бил 2
(2004)
Отпорен на смрт
(2007)
Мајкл Бовен X X
Стив Бушеми X X
Кејти Грифин X X
Сид Хајг X X
Бренда Хилхаус X X
Семјуел Л. Џексон X X X
Линда Кај X X X
Харви Кител X X
Мајкл Медсен X X X
Џејмс Парк X X
Мајкл Паркс X X X
Тим Рот X X X
Ума Турман X X X
Брус Вилис X X
Квентин Тарантино X X X X X X

Филмографија

уреди

Режисер

уреди

Вклучени филмови

уреди
Напуштени проекти
уреди
  • Браќата Вега

Кратки филмови/ТВ

уреди

Соработувал во филмовите

уреди

Сценарист

уреди

Глумец

уреди

Продуцент

уреди

Презентер

уреди

Наводи

уреди
  1. „Quentin Tarantino Biography (1963-)“. filmreference.com. Посетено на 2008-01-09.
  2. „Faces of the week“. BBC NEWS. 2004-05-14.
  3. „3 Quentin Tarantino“. Entertainment Weekly. 1994-12-30. Архивирано од изворникот на 2012-10-22. Посетено на 2008-06-26.
  4. „Quentin and His Films“. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 2008-06-26.
  5. „Detailed interview with Danny Strong“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2008-06-26.
  6. http://www.imdb.com/name/nm0000233/
  7. Keitel heard of the script through his wife, who attended a class with Lawrence Bender (see Reservoir Dogs special edition DVD commentary)
  8. Quentin Tarantino
  9. Quentin Tarantino: Defending Death Proof Архивирано на 18 јуни 2008 г. video interview with stv.tv/movies, September 2007
  10. „Tarantino rides pedicab to escape traffic to Philippine presidential palace“. International Herald Tribune. 2007-08-15. Архивирано од изворникот 2008-02-05. Посетено на 2008-06-26.
  11. How the directors and critics voted

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Англиски јазик

уреди