Омразената осумка

Омразената осумка (англиски: The Hateful Eight) — американски вестерн на режисерот и сценарист Квентин Тарантино. Во него учествува глумечки состав предводен од Семјуел Л. Џексон и Курт Расел. Омразената осумка се случува веднаш по Американската граѓанска војна. Јунаците на филмот, ловците на глави и нивните случајни соседи, се принудени да чекаат зимска бура во една крчма. Филмот, објавен во есента 2013 г., првично бил замислен како продолжение на претходното дело на Тарантино, вестернот „Џанго разузданиот“. Во 2014 г., Тарантино го откажал проектот откако сценариото за „Омразената осумка“ било објавено на семрежјето без негово знаење, но тој подоцна продолжил да работи на филмот.[8][9]

„Омразената осумка“
Плакатот на македонски јазик
РежисерКвентин Тарантино
Продуцент
СценаристКвентин Тарантино
Главни улоги
МузикаЕнио Мориконе
КинематографијаРоберт Ричардсон
МонтажаФред Раскин
Студио
ДистрибутерThe Weinstein Company
Премиера25 декември 2015 г. (САД)
7 јануари 2016 г. (Македонија)
Времетраење
  • 187 минути (Мултиплекс-верзија)
  • 168 минути (70-милиметарска верзија)
  • 210 минути (продолжена верзија)
Земја САД
Јазик
Буџет44 — 62 милиони долари[6][7]
Бруто заработка156,5 милиони долари

Премиерата на филмот во САД била на 25 декември 2015 г., а во Македонија на 7 јануари 2016 г.

Содржина

уреди

Некое време по Американската граѓанска војна, кочија се движи низ зимскиот крајолик на Вајоминг. Ловецот на глави Џон Рут и неговата бегалка заробеничка Дејзи Домерг брзаат кон градот Ред Рок, каде Рут ќе ја донесе Дејзи пред лицето на правдата. По патот, тие се среќаваат со мајорот Маркуиз Ворен (озлогласен ловец на глави) и Крис Маникс (човек што тврди дека е новиот шериф на Ред Рок). Изгубени во виулица, друштвото бара засолниште во крчмата „Галантеријата на Мини“. Кога ќе пристигнат, ги пречекуваат непознати лица: Боб, кој тврди дека се грижи за местото додека Мини ја нема; Освалдо Мобреј, бесачот на Ред Рок; Џо Гејџ, говедарот; и конфедералистот Санфорд Смитерс. Како што виулицата ги надвладува падините на планината, осумте патници дознаваат дека можеби нема да стигнат до Ред Рок...

Улоги

уреди
Глумец Улога
Семјуел Л. Џексон Маркуиз Ворен (ловецот на глави)
Курт Расел Џон Рут (бесачот)
Џенифер Џејсон Ли Дејзи Домерг (затвореничката)
Волтон Гогинс Крис Маникс (шерифот)
Демијан Бичир Боб (Мексиканецот)
Тим Рот Освалдо Мобреј (малиот човек)
Мајкл Мадсен Џо Гејџ (говедарот)
Брус Дерн Санфорд Смитерс (конфедералистот)
Џејмс Паркс О. Б. Џексон
Ченинг Тејтум Џоди Домерг

Наводи

уреди
  1. McCarthy, Todd (15 December 2015). 'The Hateful Eight': Film Review“. The Hollywood Reporter. Посетено на 13 December 2022.
  2. 2,0 2,1 „The Hateful Eight (2015)“. AFI Catalog of Feature Films. Архивирано од изворникот February 7, 2018. Посетено на February 6, 2018.
  3. „The Hateful Eight“. Pharos. Посетено на 13 December 2022.
  4. „The Hateful 8“. The Hateful 8. Посетено на 13 December 2022.
  5. „The Hateful Eight (2015)“. British Film Institute. Архивирано од изворникот на June 14, 2016. Посетено на 13 December 2022.
  6. Предлошка:Cite Box Office Mojo
  7. „The Hateful Eight“. The Numbers. Архивирано од изворникот January 2, 2022. Посетено на January 2, 2022.
  8. Staskiewicz, Keith (December 11, 2015). „Quentin Tarantino explains how Hateful Eight began as a Django novel“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот January 4, 2016. Посетено на January 6, 2016.
  9. Kit, Borys (11 January 2014). „Quentin Tarantino's New Movie Sets Title, Begins Casting“. The Hollywood Reporter.

Надворешни врски

уреди