Карабуниште

село во Општина Велес
(Пренасочено од Карабуњиште)

Карабуниште (офиц. Карабуњиште) — целосно раселено село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Карабуниште
Карабуњиште

Поглед на селото Карабуниште

Карабуниште во рамките на Македонија
Карабуниште
Местоположба на Карабуниште во Македонија
Карабуниште на карта

Карта

Координати 41°48′34″N 21°39′12″E / 41.80944° СГШ; 21.65333° ИГД / 41.80944; 21.65333
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1408
Шифра на КО 29029
Надм. вис. 500 м
Карабуниште на општинската карта

Атарот на Карабуниште во рамките на општината
Карабуниште на Ризницата
Поглед на селото Карабуниште од месноста Крст, јужно од селото
Стара македонска куќа во Карабуниште
Влезот на Карабуниште од исток

Географија и местоположба

уреди

Карабуниште е мало село во сместено во северозападниот дел на Општина Велес од десната страна на реката Вардар на нејзиниот излез од Таорската Клисура[2], недалеку од вливот на Пчиња во Вардар. Селото е многу мало и е на пат да се расели во него живеат само 4 луѓе, Македонци. Карабуниште е ридско село расположено на надморска височина од 500 метри[3], во подножјето на планината Голешница. Селото е тешко пристапно, до него може да се стигне одејќи пеш од железничкото стојалиште „Пчиња“ или со теренско возило (џип) и трактор преку земјениот пат кој го поврзаува Карабуниште со селата С’лп, Белештевица, Раштани и градот Велес. Над селото Карабуниште има силен извор на вода, која ја напојува селската чешма и чешмата во манастирот „Свети Илија“ недалеку од селото. Водата е студена, чиста и одобрена од надлежните институции за пиење. Карабуниште е опкружено претежно со дабова шума, како и со тополи, јасики, маслинки, смокви, ореви и нискостеблести грмушки. Месности околу селото се Крст, Петров Гроб.

Историја

уреди

Според местоположбата на селото, а и големиот број на старини од антиката и средновековието во пошироката околина, живот во Карабуниште имало од најстари времиња. Потеклото на името на селото е составено од два зборови кара (турски:црно) и буниште (синоним за македонските зборови ѓубриште или латинизмот депонија), но не е исклучено името на селото да произлегува од Карабунариште (поради силните извори), а со текот на времето да го добило ова име. Во селото постоела црква која била разрушена од Турците. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот вилает и имало 50 семејства и 1 неженет, сите христијани.[4]

Во својот напис за Цариградски весник од 7 март 1859 под наслов „Велес - статистическо описание“, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот веројатно погрешно запишал дека селото е населено само со турско население[5]. Со оглед на големиот број на македонски родови кои од Карабуниште се иселиле во голем број на скопски и велешки села кон крајот на XVIII и во текот на XIX век како и податокот што го изнесува Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, за минатото на Карабуниште може да се заклучат две издржани претпостваки. Едната е дека по бурните настани од крајот на XVII век и големата несигурност за Македонците по Карпошевото востание и Австриско-турската војна, ридско-планинскиот терен на кој се наоѓа ова село бил сигурно прибежиште и живеалиште за Македонците од ниските предели , како што било случај со многу села (пр. Драчево) кои во овие периоди се раселиле, а нивните македонски жители - христијани отишле да живеат во збегови по планините на масивот Мокра Планина. Втората претпоставка е дека со продорот и населувањето на муслимани Албанци во планинските предели во текот на XVIII и XIX век, тие почнале да се доселуваат во околината на Карабуниште , како што е впрочем случај и со сите македонски села на Караџица и Голешница, при што од големата несигурност многу Македонци од Карабуниште започнале да се иселуваат на чифлизите каде имало поголема сигурност.

Стопанство

уреди

Главно занимање во селото се земјоделството и сточарството. Постојаните жители на селото одгледуваат градинарски култури за свои потреби и тоа: грав, грашок (на месниот говор: „безелје“), компир (од видот „златица“), кромид, лук, пипер, патлиџан, бостан (тиква), краставици. Во Карабуништесо земјдоелие се занимаваат и луѓе кои имаат земја, а не живеат во селото. Тие одлгедуваат и жито (пченица). Од сточарството најмногу се одгледуваат кози, од кои постојаните жители прават козјо сирење и млеко, за што добиваат и субвенции од државата. Исто така се одгледуваат и кокошки, за сопствени потреби. Едно домаќинство се занимава и со пчеларство и има околу 15ина пчелни сандаци.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948109—    
1953146+33.9%
1961109−25.3%
197110−90.8%
19815−50.0%
ГодинаНас.±%
19912−60.0%
19942+0.0%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Карабуниште живееле 153 жители, од кои 128 Македонци и 25 Турци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карабуниште имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Карабуниште е многу мало село и е на пат целосно да се расели. Бележи постојано опаѓање на бројот на жители од 109 во 1961 година на само 2 жители во 1994 година[2]. Во него денес постојани жители се само 4 луѓе, сите Македонци[9][10]. Четворицата жители (3 мажи и 1 жена) на Карабуниште се стари лица над 60 години. За време на викендите, како и во текот на летниот период во селото доаѓаат поголем број на луѓе од Велес, Скопје, Зелениково, кои имаат потекло и куќи во Карабуниште. Тогаш селото брои од 60 до 80 луѓе.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 153 80 109 146 109 10 5 2 2 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Родови

уреди

Според записи од 1935 година во селото живееле следните македонски православни христијански родови: Бошковци (старинци) од кои потекнуваат селските родови Балабановци или Левкови и Трајковци или Гоцови,Соколовци (од с. Добрино во поречието на Кадина Река денес Општина Зелениково) и Јовановски или Крстевци (од с. Сопот)[15].

Општествени установи

уреди

Цркви и манастири

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Поради малиот број на жители селото Карабуниште заедно со селото Белештевица спаѓаат во рамките на месната заедница на селото С'лп.

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

На патрониот празник на манастирот Свети Илија, Илинден, се одржува голем општонароден собор на кој покрај луѓе со потекло од селото, доаѓаат верници и од Велес, Скопје и околните села.

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Најголем дел од населението на Карабуниште е иселено во Велес, потоа во Скопје, Зелениково и Драчево. Во помала мера има иселеници во околните села. Во странство има само еден иселеник-повратник од Холандија кој има куќа и штала во селото. Карабуниште дало голем број на иселеници во Скопско кон крајот на XVIII и во текот на XIX век, кога се забележани македонски родови со потекло од ова село во скопските села Белибегово, Орешани, Драчево, Градовци, Маџари, Зелениково, Јурумлери[16].

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.147
  3. http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17&Itemid=40
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.512
  5. http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_2.htm#7
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Теренско истражување на Марио Шаревски од 16.06.2011
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр.547
  16. Види во делата на Трифуноски Ф. Јован за Скопската Котлина

Надворешни врски

уреди