Буниште — место каде што се исфрла гнојот, ѓубрето од шталата.[1] Исфрленото ѓубре е мешавина од крутиот и течниот измет на домашните животни и простирката (вообичаено слама). Оваа мешавина се разложува при што настанува зрело (прегорено) арско ѓубриво. Зрелото шталско ѓубре е сиромашно со леснорастворливи, а богато со тешко растворливи органски материи. Процесот на разградување на леснорастворливите органски материи не треба да биде потполн, туку треба да се прекине, тоа е обично после 2-3 месеци лежење на буништето во лето, а 3-5 месеци во зима.[2] Потоа гнојот се разнесува по нивите кои треба да се ѓубрат.

Буниште во селото Костинци

Потекло на поимот

уреди

Зборот буниште има корен во италијанскиот збор bugna: кош ≃ bugno: кошница.[3]

Македонски народни поговорки

уреди
  • Арното на огниште, стоката на буниште.[4]
  • Два петла на едно буниште не можат да пеат.[4]
  • Од стока буниште не бидуат.[4]
  • Петел пеит на буниште да си 'и веселил кокошките.[4]
  • Поарно е да седиш на синоо буниште одошто на зетоо огниште.[4]
  • Рипнало Стојанче од високото буниште.[4]
  • Роди ме, мајко, со к'смет, врли ме на буниште.[4]
  • Старото буниште поеќе чури.[4]
  • Секое петле на своето буниште си пее.[4]

Наводи

уреди
  1. „буниште“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Јовановски, Цветан. „Примена на органско ѓубре (шталско ѓубре)“ (PDF). Агенција за развој на земјоделството. Посетено на 16 мај 2019.
  3. „bunja“. Hrvatski jezični portal. Архивирано од изворникот на 2019-02-16. Посетено на 15 февруари 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 „Македонски пословици“. Посетено на 16 мај 2019.