Бранислав Велешки
Георги Атанасов Левков, познат по псевдонимот Бранислав Велешки (Карабуниште, 1834 — Пловдив, 17 мај 1919) — македонски револуционер и војник, активист и член на пловдивската македонска дружина во Бугарија. Член на македонскиот комитет. добротворен член на Бугарското книжевно друштво (1869).
Бранислав Велешки | |
---|---|
Портрет од Бранислав Велешки | |
Роден(а) | Георги Атанасов Левков 1834 Карабуниште, Отоманско Царство |
Починал(а) | 17 мај, 1919 (85 г.) Пловдив, Царство Бугарија |
Животопис
уредиЛевков е роден во 1834 година во велешкото село Карабуниште, тогаш во Отоманската империја. Како дете бил кај браќата Миладиновци во Кукуш. Во 1862 година се приклучил во Првата бугарска легија, легија составена претежно од србофили како Васил Левски. Во тоа време тој исто така почнал да соработува со хеленофилскиот револуционер Сава Стефанидис,[1] или познат во русофилската бугарска историографија како Георги Раковски. Раковски му го дадол псевдонимот Бранислав Велешки.
По 1867 година се преселил во Букурешт, истовремено се приклучил во Бугарскиот револуционерен централен комитет и ја поддржувал издавачката дејност на познатиот русофилски поет Љубен Каравелов. Од 1869 до 1870 година и повторно во 1875 година учествувал во редакцијата на весникот „Тапан“, бугарски сатирично-хумористичен весник издаван во Букурешт, а во 1869 година е негов формален главен уредник. Се занимава и со самостојно издаваштво, соработува со кругот на револуционерот и писател Христо Ботев.[2]
Во 1876 година е доброволец во Српско-турската војна. Во 1877 година се приклучува на Четвртата дружина на Бугарското ополчение во Руско-турската војна, учествувајќи во ослободувањето на Бугарија.[3] Во борбите кај Шипка е ранет од куршум, но закрепнува.[4] Куршумот му останува во градите до крајот на животот.[5]
По 1878 година живее во Пловдив, тогаш главен град на новосоздадената Источна Румелија, автономна област на Отоманската империја, каде што работи како поштар. Учествува во подготовката и спроведувањето на соединувањето на Кнежевство Бугарија и Источна Румелија во 1885 година. Член е на Пловдивското поборничко-ополченско друштво, кое има за цел да го зачува споменот на загинатите за слободата на Бугарија и да организира морална и материјална поддршка за живите ополченци и поборници.[6] Активист е на пловдивското македонско-одринско друштво.[7] Левков умира на 17 мај 1919 година во Пловдив.
Наводи
уреди- ↑ Трајков, Веселин (1987). Georgi Stoikov Rakovski, a Great Son of Bulgaria and a Great Friend of India. Northern Book Centre. стр. 86. ISBN 9788185119281.
- ↑ Енциклопедия България. Том 1, София, Издателство на БАН, 1978.
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 36.
- ↑ Опълченци от Македония, посетен на 24 октомври 2007 г.
- ↑ „Бранислав Велешки, телохранителят на Раковски“. Blitz.bg (бугарски).
- ↑ Информациски бюлетин[мртва врска]посетен на 24 октомври 2007 г.
- ↑ Райчевски, Георги. Пловдивска енциклопедия, Трето преработено и допълнено издание, 2004, стр. 61.