Историја на Радиовце

Радиовце е село во општина Брвеница во Тетово. Самото село лежи во средишниот Полог покрај реката Вардар, до возвишението Горица.

Рани почетоци уреди

Во 1308 г.во Полог се спомнува село Радеево, кое му било приложено на Св. Никита во Скопје. Пред тоа селото било во сопственост на владетелот Вратислав. Извесно е дека спомнувањето на Радеево се однесува на денешното Радиовце, бидејќи село со слично име во Полог не постоело. Второто спомнување на Радиовце е во 1462 г.Тогаш во една пресуда на тетовскиот кадија се спомнува турчинот Имер бин Илијаз од Радиовце. Самите жители сметаат дела селото е старо колку и соседното Тумчевиште. Јужно пред селото се наоѓа месноста Црквиште. Тука некогаш имало црква, но поголеми остатоци нема. Сегашната црква Св.Атанасиј се наоѓа во центарот на селото.

Во 1626-1627 година Радиовце под името Радиовиче е во склоп на Тетовскиот вилает и имало 46 христијански домаќинства[1]

Доцно турско време уреди

Во турско време Радиовце било чифличко село. Последни сопственици на чифликот биле Емурла-ага од Тетово и Алил-ага и Вели-ага од Гостивар. Тие во чифлиците држеле субаши, кои пак има биле нивни застапници, го посматрале работењето на селанит и активно учествувале во распоредот на производите.

Според статистиката на Васил К’нчов (“Македонија. Етнографија и статистика.”) од 1900 година Радиовци е село, населено од 150 жители христијани.[2] Според кажувањата во 1902 селото имало 20 македонски куќи. Сите жители биле чифчии. До 1912 со помош селаните купувале земјиште и така се ослободиле од чифлиштвото.

Родови во Радиовце уреди

Пред втората светска војна селото имало околу 25 македонски родови и 5 албански родови. Потоа со подоцнежните доселувања имаме огромен број на родови кои се од различни краеви. Во понатамошниот текст ќе бидат опишани само поголемите, поважните и постарите родови во селото.

Православни македонски родови уреди

  • Стојкојчини или Шукаловци

Нив ги има 3 куќи и ја слава славата Св. Архангел Михаил. Се смета дека се дојдени од Охридско. Тие воедно се и најстарите доселеници. Прв доселеник им бил предокот Богоја. Од овој род на почетокот на XIX век се истакнувал некојси Стојко, кој се занимавал со иконографија.

  • Џуклевци

Нив во почетокот на 70 ги имало 4 куќи и славеле Петковден. Доселени се од Крушево пред околу 160 години. Предците им биле калајџии. Сега се иселени.

  • Бибовци или Тумановци

Овие им се најверојатно род на Џуклевците. И тие се дојдени од Крушево. Ги има 4 фамилии. Домашна слава им е Петковден. И нивните предци биле калајџии.

  • Аврамовци или Кукушовци

Пред 70 овие биле најмногубројниот род во селото. Сега ги има 3 куќи. Дојдени се од Шарпланинското село Лисец во 1800 г. Поради зачестениот терор на плавославното население во шарпланинските села скоро сите Македонци се иселени. Предок доселеник им е Ристо. Го слават Св. Никола. Потомците на овој род се иселени во Тетово и Скопје, а во странство ги има во Германија, Австрија, Франција, Србија, САД и Нов Зеланд.

  • Гушав-Ѓорѓиовци

Ги има 5 куќи и ја слават Св. Екатерина. Овие се сметаат за постари доселеници. потекло имаат од соседното Тумчевиште.

  • Митревци

2 куќи со слава Воведение Господово. Не се ѕнае од кај се дојдени.

  • Тагајовци

Ги има три куќи и го слават Св. Никола. Дошле во XIX век од долнополошкото село Туденце од под планината Жеден. Имаат гранка во Брвеница.

  • Кастревци

Ги има 3 куќи и ја слават Ѓурѓеви маки. порекнуваат од предокот Кастре кој дошол од Прилепско.

  • Шекериловци

Нив ги има 5 куќи и го слават Св. Никола. Дојдени се исто така од Лисец заедно со Аврамовците, кои таму сочинувале еден ист род.

  • Катрановци.

Нив ги има една фамилија. Доселени се од турско време од Милетино. Далечен предок им е некој од друго полошко село. Имаат потомци во Белград.

  • 'Танушоски

Нив ги има сега 1 куќа. го слават Св. Никола. Нивниот предок Стеван дошол отсега веќе непостоечкото село Горно Фалише поради зулум. Со себе го донел и крстот од тамошната црква. Доселени се 1870 година.

  • Кумановци

Ги има во една куќа и го слават Митровден. Доселени се пред 60 години од Жеровјане, а пред тоа од Куманово. Имаат родови во Тетово.

  • Николовци

Ги има една куќа и го слават Св. Никола. Доселени се 1916 г. од селото Стеблево, денес република Албанија. Таму ја славиле Св. Варвара, но кога се доселиле ја смениле славата. Еден член живее во Германија.

  • Тантевци

Ги има 3 куќи и го слават Св. Ѓорѓи. Предокот се викал Марко, кој прво живеел во Тумчевиште, па потоа во Милетино за на крај да се досели во Радиовце.

  • Шаневци

Тие се две куќи и го слават Св. Никола. Нивниот 'предок Томе се населил од Жеровјане.

  • Ќироски

Нив ги има 3 куќи и го слават Св. Никола. Се доселил предокот Максим. Тој дошол отсега веќе албанското село Жеровјане. Имаат подалечни родови во Пожаране, Гостиварско и Романија, а поблиски во Тетово.

  • Добревци или Бошкоски

Ги има две куќи и го слават Св. Никола. Се доселил предокот Добре од Жеровјане. Далечнен род имаат во Тетово.

  • Мефтаровци

Го слават Св. Никола и водат потекло од Милетино, кои пак таму се населени од друго полошко село како домазети.

  • Грнчарови

Ги има 2 куќи и го слават Св. Ѓорѓи. Нивниот предок се доселил од Челопек како домазет. Нивните предци сѐ уште живеат во таму. Инаку подалечно потекло водат од Блаце.

  • Галичани

Имаат само еден жител и слават Св. Архангел Михаил. Сега живеат во Скопје. Доселени се од Галичник 1943 г, а земјата во селото ја купиле многу порано.

Муслимански албански родови уреди

  • Суљои

Дојдени се на почетокот на XX век од селото Корито на Сува Гора. Подалечно потекнуваат од Горна Река, село Реч.

  • Салиини

Дошле после 1917 г. од Корито, Сува Гора. И тие се од Горна Река

  • Османови

и овие се дојдени преку Корито. Пред тоа село Реч, Горна Река. Сите овие три родови биле една заедница.

  • Реканци

Дојдени се од селото Рибница, Горна Река. Доселени се после претходнонаведените.

  • Беџетови

Тие се најголемиот род воопшто во селоти. Ги има преку 100 души. Дојдени се од Челопек пред втората светска војна.

Иселеништво уреди

Иселеничкиот бран во Радиовце се забележува во текот на 60 и 70-те каде многумина мигрираат во Скопје и Тетово, а огромен број и во соседна Србија.Мал број се иселени во САД, а околу 3 семејства во Германија. Во последно време е забележано кај кланот Аврамовски,кое ги има во Тетово,Скопје,Франција,Србија,Австрија и последниот од таа (една од најстарите фамилии) кој се одсели во Германија во 2006.

Кај Албанското население забележуваме иселувања во последните 10 години, кои претежно заминуваат во Германија и Швајцарија, а огромен број се во бившите Југословенски земји(Словенија,Хрватска и БиХ). Но постојат и родови кои се целосно иселени и тоа од поодамна. Најголе ми се:

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. Турски извори за българската история, т. VІІ, София 1986, с. 334-335
  2. Кънчов Васил, “Македония. Етнография и статистика.” София, 1900, стр. 212 К’нчов ги определува жителите на Радиовце како Бугари.