Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце
„Св. Атанасиј“ — црква во селото Радиовце, Тетовско. Влегува во состав на во Милетинската парохија при Тетовското архијерејско наместништво на Полошко-кумановската епархија на Македонската православна црква. Црквата се наоѓа на сретсело, до стариот пат што води за Гостивар, односно за Тетово. Возобновена е некаде на почетокот на XX век. Во периодот околу 1919 година, Крсте Николов Колоски (1839-1938) заедно со син му Рафаил-Рафе и со Митре Донески од Лазарополе ја живописуваат црквата.[1] Ноќта помеѓу 8 и 9 февруари 2013 г. црквата била цел на кражба, при што биле украдени пари.[2]
Свети Атанасиј
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Милетинска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Радиовце |
Општина | Брвеница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј I Александриски |
Изградба | 1917 |
Живопис | 1919 |
Ктитор | Цветко Аврамовски |
Зограф | Крсте Николов Колоски |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЗнаејќи дека селото Радиовце и не е толку старо (првите населувања се некаде после 1400 година), може да се заклучи дека црквата, односно нејзините стари темели не можат да бидат постари од 500-600 години. Сегашниот изглед на црквата датира од 1917 година, кога со личен декрет на тогашниот српски крал, наредува да се изгради нова црква за православното македонско население од селото. Дотогаш селаните оделе во црква на истото место,каде имало малечка и доста дотраена црква. Се смета дека првите 100 години кога се населувало селото црквата била по на југ за околу 2 км.,но и кога самото село се преселило на сегашното место ја префрлиле и црквата,односно задржано е името на светецот.
Градба
уредиЦрквата е градена во обична правоаголна форма,што е карактеристично за скоро сите цркви градени во XX век. Градена е од камен и тули, а од надвор е малтерисана.Таа спаѓа во редот на помаките цркви.Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а има и два споредни влеза од јужната и северната страна.Црквата во горниот дел завршува со две куполи.Едната е повисока,но помала во обем,а другата пониската е тројно пообемна. И двете се осумстрани со по осум прозорци.
Нешто пред 2000 е целосно обновена фасадата и покривот освен куполите. Внатрешно е целосно поплочена со мермер. Како и секоја црква така и оваа има и помошни објекти. Највпечатлив е објектот на кујната и трпезаријата, каде се готви и јаде на парастоси и црковни веселби. Тие се опремени со најсовремени објекти. Уште поголем впечаток остава и самата камбанарија, која е висока над 10 метри. Во дворот на црквата има и базен, во кој на Богојавление се фрла крстот.
Сеи храмъ Стый Аѳанасїи Алеѯандрїйски соградисѧ во лѣто ѿ Хрїста 1917. Изобразисѧ во лѣто 1919. Во то иже времѧ е ктиторъ Цветко Аврамовичъ со сими салани радиовци. Иконописац Крсто Нїколић и Митре Донїћ и Рафе Крстіћ ѿ Лазарополе. Изградїое зграда церкве маистор Аврам Стоико Лекић из Ѧбланїца, Дрїмкол.
„Овој храм Св.Атанасиј Александриски е изграден во летото Христово 1917, а завршен во летото 1919. Ктиторот е Цветко Аврамович и самите селани. Иконописци се Крсто Николиќ (Николовски), Митре Дониќ (Донески) и Рафе Крстиќ (Крстески) од Лазарополе. Мајстор за изградбата на црквата е Аврам Стојко Лекиќ од Јабланица, Дримкол.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ КРСТЕ НИКОЛОВ КОЛОСКИ (1839-1938)
- ↑ „Крадците не запираат - ограбени црквите „Свети Атанасиј" и „Света Петка"“. Прес 24. 10 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. Посетено на 2013-02-10.