Иксел Османовски (роден на 24 февруари 1977 година во Малме) — поранешен шведски фудбалер со македонско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.

Иксел Османовски
Лични податоци
Роден на 24 февруари 1977(1977-02-24)(47 г.)
Роден во Малме, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001740000001,74 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995-1998 Малме Малме 58 (16)
1998-2001 Бари Бари 85 (14)
2001-2003 Торино Торино 22 (1)
2002Бордо Бордо 7 (0)
2004-2007 Малме Малме 45 (5)
Репрезентација
1996-1999 Шведска Шведска 21 18 (6)
1998-2006 Шведска Шведска 15 (2)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Животопис

уреди

Османовски е роден во Малме, како дете на македонски мигранти од Ресен,[1] а израснал во Русенгорд. Во истото тоа гратче подоцна израснал и познатиот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој вели дека Османовски е фудбалерот од кој се инспирирал и дека сака да ги следи стапките на Иксел и да игра во Италија.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Својата фудбалска кариера Османовски ја започнал во Малме.[2] Откако поминал 8 години во младинските категории, своето деби за првиот тим во Алсвенскан го направил во 1995 година, но тоа му бил единствениот настап во таа сезона. Во 1996 година тој одиграл 20 натпревари, постигнувајќи 5 гола, додека во 1997 година го поправил својот учинок на 10 гола во 26 настапи.[2]

Во летото 1998, Османовски потпишал за италијанскиот Бари.[2] Своето деби во Серија А го направил на 13 септември 1998, во првото коло од сезоната 1998-1999, во натпреварот Бари-Венеција 1-0 играјќи како стартер но бил заменет уште на полувремето. Својот прв гол во дресот на Бари го постигнал во ремито 2-2 на гостувањето кај Салернитана. Неговата прва година во Италија ја завршил со 31 настап и 6 гола; тој најчесто бил користен како втор напаѓач зад Фил Мaсинга, и го заработил прекарот „принц на везот“, поради неговата способност лесно да дрибла противнички играчи.[2] Неговиот најдобар натпревар во дебитантската сезона во Бари бил на 21 март 1999, кога тој постигнал два гола на Сан Сиро против шампионот за таа сезона Милан во ремито 2-2.[3]

За време на сезоната 1999-2000, Османовски постигнал 7 гола во Серија А и бил најдобар стрелец на Бари, помагајќи му на клубот од Апулија да опстане во лигата. Сепак, веќе во следната сезона Бари испаднал во Серија Б, завршувајќи на последното 18-то место; Османовски постигнал само еден гол на 30 натпревари.

По испаѓањето на Бари од Серија А, Османовски потпишал за Торино.[2] Иако тој постигнал гол уште на своето деби за биковите во ремито 2-2 на гостувањето кај Удинезе, по само 9 настапи (и еден гол) заминал на позајмица во Бордо во јануари 2002 година.[2] Сепак, искуството во Франција за него било уште полошо: забележал само 7 настапи во сите натпреварувања (без постигнат гол) и тоа главно влегувајќи од клупата на која и го поминал најголемиот дел од својот престој во Бордо.

Во сезоната 2002-2003 тој се вратил во Торино, но и овој пат тој не бил многу среќен: играл малку, само во 13 наврати без да може да постигне ниту еден гол.[2] Во август 2004 година, се вратил во Шведска повторно во екипата на Малме.[2] Својата кариера ја завршил во февруари 2008 година, откако не му бил обновен неговиот договор со клубот.[4]

Репрезентативна кариера

уреди

Османовски бил член на шведската репрезентација под 21 година со која настапил на Европското првенство 1998. Тој играл како стартер во сите три натпревари на Шведска (без постигнат гол), а швеѓаните го освоиле шестото место на турнирот.

Своето деби за сениорската репрезентација Османовски го направил на 24 јануари 1998, против САД, во пријателски натпревар одигран во Орландо. Својте први и единствени два гола за шведската репрезентација ги постигнал на 27 мај 1999, против Јамајка во победата со 2-1, исто така во пријателски натпревар.[5] Во јуни 2000 година, бил повикан да учествува на Европското првенство 2000, каде одиграл два натпревари а Шведска била елиминирана уште во групната фаза.

Вкупно за шведската сениорска репрезентација одиграл 15 натпревари и постигнал два гола.[6]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-1-1998 Орландо САД   1 – 0   Шведска Пријателска -
29-1-1998 Кингстон Јамајка   0 – 0   Шведска Пријателска -   68'
25-3-1998 Виго Шпанија   4 – 0   Шведска Пријателска -   82'
27-5-1999 Солна Шведска   2 – 1   Јамајка Пријателска 2
18-8-1999 Малме Шведска   0 – 0   Австрија Пријателска -   45'
3-6-2000 Гетеборг Шведска   1 – 1   Шпанија Пријателска -   66'
10-6-2000 Брисел Белгија   2 – 1   Шведска Евро 2000 - Прва фаза -   70'
19-6-2000 Ајндховен Италија   2 – 1   Шведска Евро 2000 - Прва фаза -
7-10-2000 Гетеборг Шведска   1 – 1   Турција Квал. за СП 2002 -   90'
11-10-2000 Братислава Словачка   0 – 0   Шведска Квал. за СП 2002 -   70'
28-2-2001 Та Кали Малта   0 – 3   Шведска Пријателска -
24-3-2001 Гетеборг Шведска   1 – 0   Македонија Квал. за СП 2002 -
25-4-2001 Женева Швајцарија   0 – 2   Шведска Пријателска -   77'
10-11-2001 Манчестер Англија   1 – 1   Шведска Пријателска -   75'
18-1-2006 Ријад Саудиска Арабија   1 – 1   Шведска Пријателска -   79'
Вкупно Настапи 15 Голови 2

Наводи

уреди
  1. Фудбалери од дијаспората кои имале право, но никогаш не настапиле за Македонија
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 "Chi l'ha visto…in campo?". C'era una volta il "galletto" svedese Osmanovski“ (италијански). sportcampania.it. 30 јануари 2019. Посетено на 14 мај 2020.
  3. „ACCADDE OGGI - 21/03/1999: Milan-Bari 2-2: Osmanovski gela San Siro“ (италијански). I am Calcio. 21 март 2020. Посетено на 14 мај 2020.
  4. „Svezia, si ritira Yksel Osmanovski“ (италијански). TMW.com. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2008. Посетено на 14 мај 2020.
  5. „Yksel Osmanovski profil“ (англиски). Transfermarkt.co.uk. Архивирано од изворникот на 30 јули 2009. Посетено на 1 јули 2009.
  6. "Tjejernas samtal har fått mig att byta telefonnummer". Aftonbladet (шведски). 20 May 2000. Посетено на 21 November 2018.

Надворешни врски

уреди