Избори во Македонија
По воведувањето на политичкиот плурализам во тогашната Социјалистичка Република Македонија во 1989, било дозволено формирањето политички партии и во 1990 биле одржани првите слободни и повеќепартиски избори. Во Република Македонија се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, за Претседател на Републиката и локални избори за советници и градоначалници.

Парламентарни избори уреди
По воведувањето на политичкиот плурализам, во Република Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата била во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.
- Македонски парламентарни избори (1990)
- Македонски парламентарни избори (1994)
- Македонски парламентарни избори (1998)
- Македонски парламентарни избори (2002)
- Македонски парламентарни избори (2006)
- Македонски парламентарни избори (2008)
- Македонски парламентарни избори (2011)
- Македонски парламентарни избори (2014)
- Македонски парламентарни избори (2016)
- Македонски парламентарни избори (2020)
Претседателски избори уреди
Досега се одржани пет избори за Претседател на Републиката. Првиот мандат на Киро Глигоров бил даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија.
Локални избори уреди
Досега се одржани пет локални избори во Република Македонија. Одлика за локалните избори во Република Македонија се честите промени на границите на општините.
Референдуми уреди
Досега трипати е распишан референдум на државно ниво и седум пати на локално ниво. Првиот референдум во 1991 е по барање на Собранието, а во 2004 по барање на најмалку 100.000 гласачи.
На локално ниво уреди
- Референдум во Општина Центар (2015)
- Референдум во Општина Гевгелија (2017)
- Референдум во Општина Богданци (2017)
- Референдум во Општина Дојран (2017)
- Референдум во Општина Валандово (2017)
- Референдум во Општина Босилово (2017)
- Референдум во Општина Ново Село (2017)
- Референдум во Општина Дојран (2020)
Галерија уреди
-
Карта на општините во изборната единица 3.
-
Карта на општините во изборната единица 4.
-
Карта на општините во изборната единица 5.
-
Карта на општините во изборната единица 6.