Референдум во Општина Центар (2015)

Референдум во Општина Центар, 2015референдум на територијата на Општина Центар на 26 април 2015 година.

Референдум во Општина Центар
26 април 2015 (2015-04-26)

Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?
МестоположбаОпштина Центар
Исход
Исход
Гласови %
За 16.836 &1000000000000962300000096,23%
Против 659 &100000000000003770000003,77%
Важечки гласови 17.495 &1000000000000990900000099,09%
Неважечки или празни гласови 160 &100000000000000910000000,91%
Вкупно гласови 17.655 100.00%
Гласачко тело/излезност 43.560 &1000000000000405300000040,53%

Референдумот бил неуспешен поради тоа што не била остварена потребната излезност од 51 процент или околу 22.000 граѓани од вкупно запишаните 43.560 во Општина Центар.

На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснувале по прашањето:

Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?

Одлуката за распишување на референдум била донесена на 30 март 2015 година од Советот на Општина Центар.[1] Кампањата за референдумот стартувала на 6 април и била во организација на граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.[2] Поддршка за референдумот дале и 17 граѓански организации.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди