Македонски претседателски избори (2014)
Македонски претседателски избори (2014) — редовни, петти, претседателски избори кои се одржале на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. За првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.[1]
| |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
|
За избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Кандидати
уредиСледуваат кандидатите за претседател на Македонија по азбучен ред:[2]
слика | кандидат | лични податоци | партија | начин на кандидатура | резултати | |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | Иванов, Ѓорге | 2 мај 1960, Валандово | ВМРО-ДПМНЕ | потписи од граѓани | 534.910 гласови | |
2. | Пендаровски, Стево | 3 април 1963, Скопје | СДСМ | пратенички потписи | 398.077 гласови | |
3. | Поповски, Зоран | 8 септември 1962, Скопје | ГРОМ | потписи од граѓани | 31.368 гласови | |
4. | Халими, Илјаз | 1954, Сушиќе, Косово | ДПА | потписи од граѓани | 38.966 гласови |
Кандидирање
уредиАктуелниот претседател на Македонија до 2014 година, Ѓорге Иванов успешно собрал 10.000 потписи на 1 март 2014 година. Свои 10.000 потписи поднеле и кандидатите Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, добил потписи од пратениците на опозицијата. ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за избор на „консензуален кандидат“.[3]
Покрај овие кандидати, 10.000 потписи собираа и Стојанче Ангелов од Достоинство, како и професорката Билјана Ванковска. И двајцата не успеаја да ги соберат потребните потписи за поднесување своја кандидатура на изборите.[4]
Резултати
уредиПрв круг
уредиПрвиот круг се одржал на 13 април 2014.[5] Водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале.[6]
Втор круг
уредиВториот круг се одржа на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.
Кандидат | Партија | Прв круг | Втор круг | ||
---|---|---|---|---|---|
Бр. на гласови | % | Бр. на гласови | % | ||
Ѓорге Иванов | ВМРО-ДПМНЕ | 449.442 | 51.69 | 534.910 | 55.28 |
Стево Пендаровски | Социјалдемократски сојуз на Македонија | 326.164 | 37.51 | 398.077 | 41.14 |
Илијаз Халими | Демократска партија на Албанците | 38,966 | 4.48 | ||
Зоран Поповски | Граѓанска опција за Македонија | 31.368 | 3.61 | ||
Неважечки ливчиња | 23.677 | 2.71 | 34.707 | 3.58 | |
Вкупно | 869.547 | 100 | 967.676 | 100 | |
Право на глас/излезност | 1.779.572 | 48.86 | 1.779.572 | 54.36 | |
Извор: прв круг, ДИК[мртва врска], втор круг, ДИК[мртва врска] |
Наводи
уреди- ↑ „Дијаспората за првпат ќе гласа на претседателски избори во Македонија“
- ↑ „Четворица кандидати во претседателската трка“
- ↑ „ДПА: Повикот на ДУИ за бојкот пропадна“. Архивирано од изворникот на 2014-03-05. Посетено на 2014-03-02.
- ↑ Ангелов и Ванковска испаднаа – четворица кандидати во трка за претседател?
- ↑ Решение за распишување претседателски избори
- ↑ Десницата слави триумф, за опозицијата борбата не е завршена
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Прирачник за претседателски избори 2014 Архивирано на 22 септември 2015 г.
- [мртва врска] Претседателски избори во Македонија, 2014, ДИК