Петреќија Стефаноски
Петреќија Постолов Стефаноски ( 1923 во Иванчишта, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Петреќија Стефаноски | ||
Роден | 1923 година Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1 октомври, 1943 година Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од земјоделско семејство. Како младинец имал чести контакти со позадински работници, а посебно со Мирко Милески од Попоец. Бил член на воспитната група во селото и летото 1943 година заминал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во почетокот вршел курирска работа. Во септември 1943 година, од слободно Кичево доброволно заминал со Мирко Милески да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во нерамна борба со многубројниот фашистички непријател и балистите, на 1 октомври 1943 година.[1]