Билбил Секулоски
Билбил Стојанов Секулоски ( 1918 во Иванчишта, Кичевско — 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Билбил Секулоски | ||
Роден | 1918 година Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Србија | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, некое време се занимавал со земјоделие, а потоа работел во жандармеријата. По окупацијата работел како карабинер во италијанската карабинерија. Членовите на КПМ од селото и теренот постојано ја следеле неговата работа и се обидувале да му ги предочат целите на окупаторската власт. По капитулацијата на фашистичка Италија, се определил за борба против окупаторот. Еден период работел во Скопје, а од пролетта 1944 година, стапил во Народноослободителната војска на Македонија. Учествувал во завршннте борби во Западна Македонија, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус, заминал на Сремскиот Фронт каде загинал при пробојот кај Врпоље во април 1945 година. Во борбите на Сремскиот фронт се истакнал како храбар борец и загинал во улога на командир на чета.[1]