Ило Лазарески
Ило Тејков Лазарески ( 1920 во Иванчишта, Кичевско — 2 октомври 1943 во близина на Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ило Лазарески | ||
Роден | 1920 година Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2 октомври, 1943 година Сеферов Бунар, во близина на Кичево, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиСе занимавал со земјоделство и сточарство. Бил мобилизиран во италијанската војска во пролетта 1943 година и бил однесен во Албанија од каде побегнал. Се вратил во своето родно село и по кусо време заминал партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал низ повеќе борби на кичевскиот терен. Загинал во борбите за одбрана на слободната територија ѝ слободно Кичево, на 2 октомври кај месноста Сеферов Бунар во близината на Кичево.[1]