Отвори го главното мени
XV Зимски олимписки игри - Калгари 1988
XV Зимски олимписки игри - Калгари 1988
Град домаќин Калгари, Канада
Број на држави 57
Број на спортисти 1423 (1122 мажи и 301 жена)
Број на спортови 6
Број на натпревари 46
Отворање 13 февруари 1988
Затворање 28 февруари 1988
Стадион

XV Зимски олимписки игри се одржале од 13 до 28 февруари 1988 година во Калгари, Канада. Претходно, градот не успеал да ја добие организацијата на игрите во 1964 и 1968 година. Третиот обид се покажал како успешен, а кандидатурата на калгари г победила оние на Фалун и Кортина д'Ампецо.

По финансиските потешкотии при организирањето на Летните лимписки игри во Монтреал во 1976 година, Канаѓаните морале да смислат нови начини на финансирање, за да не се повтори истиот неуспех. Тоа, доста добро било направено и игрите завршили со значаен профит, а градот доживеал брз стопански развој.

Спортистите од Канада имале многу лош настап, оставајќи ја својата репрезентација без златен медал на игрите, што било послаедователно на успехот на спортистите од СФР Југославија, кои исто така не успеале да освојат златен медал на игрите одржани во нивната земја.

Избор на град-домаќинУреди

По двата неуспешни обиди за организација на Зимските олимписки игри во 1964 и 1968 година, градот Калгари ја добил организацијата на игрите во 1988 година. Одлуката од страна на МОК била донесена на 84. седница на комитет, која се одржала во Баден Баден, Западна Германија. Градот победил во конкуренција на градовите Фалун и Кортина д'Ампецо.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1988[1]
Град Земја Прв круг Втор круг
Калгари   Канада 35 48
Фалун   Шведска 25 31
Кортина д'Ампецо   Италија 18 -

Краток прегледУреди

  • Во алпско скијање била воведена дисциплината супервелеслалом во обете конкуренции.
  • Харизматичниот италијански алпски скијач Алберто Томба, на своето прво учество на Зимските олимписки игри, доминирал во спортот, освојувајќи златни медали во слалом и велеслалом.
  • Финецот Мати Никенен бил недопирлив во натпреварите во скијачки скокови, освојувајќи три златни медали.
  • Во брзо лизгање се истакнала Ивоне ван Генип од Холандија, која освоила три злата.
  • Криста Ротенбургер од Источна Германија станала првиот спортист досега, со медали и од Летните и од Зимските олимписки игри. Таа победила во трката на 1000 m во брзо лизгање, а на Летните олимписки игри во Сеул истата година, освоила сребрен медал во велосипедизам.
  • Во уметничко лизгање, Катерина Вит го одбранила златото освоено во женска конкуренција од игрите во Сараево.
  • Британецот Еди Едвардс во скијачки скокови и натпреварувачите од Јамајка во боб четирисед биле далеку од квалитетот на останатите натпреварувачи. Со својот настап, тие успеале да го привлечат вниманието кај некои од публиката. Во чест на натпреварувачите во боб од Јамајка бил снимен филмот „Ледена патека“. Сепак, по овие случувања биле утврдени построги правила за учество на натпреварувачите на Зимските олимписки игри. Така, Едвардс се обидел уште неколкупати да обезбеди учество на игрите, но не успеал.
  • За прв пат церемонијата на затворање била одржана на истото место, каде што била одржана и церемонијата на отворање.

СпортовиУреди

Натпреварите за медали се одвивале во 46 дисциплини во 6 спортови. Демонстративни спортови на игрите биле карлинг, брзо лизгање на кратки патеки и слободно скијање. Скијањето за лицата со посебни потреби претставувало егзибициски спорт.

Земји-учесничкиУреди

На игрите учествувале 1423 спортисти од 57 земји. Ова биле првите Зимски олимписки игри за спортистите од Гватемала, Гуам, Јамајка и Холандски Антили.

Освојувачи на медалиУреди

 
Медали од игрите во Калгари
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР 11 9 9 29
2   Источна Германија 9 10 6 25
3   Швајцарија 5 5 5 15
4   Финска 4 1 2 7
5   Шведска 4 0 2 6
6   Австрија 3 5 2 10
7   Холандија 3 2 2 7
8   Западна Германија 2 4 2 8
9   САД 2 1 3 6
10   Италија 2 1 2 5

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворшни врскиУреди