Петар Димитров
Петар Димитров — македонски просветен деец.
Петар Димитров | ||
Роден | 1841 Зарово, Солунски Пашалак, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 2 декември 1895 Софија, Кнежевство Бугарија |
Петар Димитров е роден во село Зарово, Солунско. Тој е познат и како Петар Солунски. Во околу 1864 година станал грчки свештеник во Сер, но набрзо се определил за борба против грцизмот. Соработувал со Стефан Верковиќ. Благодарение на неговата лична ангажираност, Солунската општина развила широка духовна и културно-просветна активност. По негова заслуга во Солун на 11 мај 1873 за првпат го празнувале Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Негова главна преокупација била да создаде независна македонска црковна установа, заради што во еден период бил приврзаник на унијатското движење во Македонија. Под притисок на големобугарската пропаганда се откажал од унијатството и станал свештеник на Егзархијата. Одреден краток период во време на Руско-турската војна 1877-1878 година, бил уапсен од османлиските власти и затворен во Мала Азија. По ослободувањето на Бугарија, тој се преселил во Бугарија и бил свештеник во Софија, каде и починал на 2 декември 1895 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ Литовски, Александар; Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2011 година, Битола, 2011, стр. 2.