Женско
Женско или Аврет Хисар (грчки: Παλαιό Γυναικόκαστρο, Палео Гинекокастро, до 1927 Αβρέτ Ισσάρ, Аврет Исар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Женско Παλαιό Γυναικόκαστρο | |
---|---|
Тврдината Женско над селото | |
Координати: 40°56′N 22°44′E / 40.933° СГШ; 22.733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 126 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 280 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 14 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 126 метри.
Женско опфаќа површина од 16 квадратни километри[3].
Историја
уредиЖенско е населба со античка историја. Во селото биле откриени археолошки остатоци од антиката и средниот век. Во 1355-1371 претставувало главна тврдина во кнежевството на Југ Богдан во Егејска Македонија[4][5], чии бедеми денес можат да се видат и се познати како тврдина Женско.
Во XV век-XVII век Аврет Хисар бил центар на вилает. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од 1619-1620 година било забележано дека селото има 79 семејства.
Во XIX и почетокот на XX век, Женско е мала населба со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Женско се состоело од 55 семејства и броело 27 Турци и 239 Македонци[3][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Женско имало 245 жители, од кои 200 Македонци и 45 Турци[3][7].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци и работело егзархиско училиште[3][8].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија или Македонија[9].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година бројот на жители се намалил, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 394 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Палео Гинекокастро.[10]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 352 жители бегалци.[11], додека во 1940 година селото броело 312 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 456 жители, на пописот од 1971 година, во селото живееле 384 жители, во 1981 година имало 384 жители, додека во 1991 година имало 421 жител[12]. Во поново време, мс пописот од 2001 г. се заведени 382 жители, за да опадне на 280 во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 568 | 456 | — | 384 | 398 | 421 | 382 | 280 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Женско
- Атанас Христов Грков (1874 - ?)[13]
- Божин Атанасов (1884 - ?)[14]
- Божин Крстев Делев (1884 - ?)[15]
- Георги Христов Зефиров (1879/1882 - ?)[16]
- Дино Јанов (1882 - ?)[17]
- Иван Данаилов (1886 - ?)[18]
- Никола Христов (1874 - ?)[19]
- Крсто Митов (1892 - ?)[20]
- Лазар Стоилов (? - 1912)[21]
- Мито Танчев Ќосев (1884 - ?)[22]
- П. Индов[23]
- Тоше Танчов (1892 - ?)[24]
- Трајко Димов (1880 - ?)[25]
- Христо Атанасов[26]
- Христо Јанкулов Патриков (1884 - ?)[27]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Падане на българските държави под осмaнска власт, Атлас по История, МНП 1983г. стр. 8
- ↑ The Bulgarian lands in the middle of the 14th century - names, scales and states since Codex Parisinus latinus and genovese maritime maps and descriptions in: Ph. Lauer, Catalogue des manuscrits latins, pp.95-6, d'après la Bibliothèque Nationale Lat. 1623, IX-X, Paris, 1940.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 85.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-07.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 191.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 60.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 202.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 269.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 824.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 198.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 770.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 450.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 652.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 398.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 692.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 238.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 541.