Неврокоп (Егејска Македонија)
- За градот во Пиринска Македонија, погл. Неврокоп. За неговата општина, погл. Општина Неврокоп.
Општина Неврокоп Δήμος Νευροκοπίου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Источна Македонија и Тракија |
Округ: | Драма |
Гео. област: | |
Население: | 8.466 (2021) |
Седиште: | Зрново |
Нас. места: | 18 |
Пошт. бр.: | 661 33 |
Пов. бр.: | 25230-2 |
Портал: | nevrokopi.gr |
Неврокоп (грчки: Δήμος Νευροκοπίου) — општина во Драмскиот округ, во северозападниот дел на областа Источна Македонија и Тракија во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Зрново.[1]
Географија Уреди
Општината зафаќа површина од вкупно 3 528,86 км2 и се граничи со Пиринска Македонија, во која се преоѓа преку преминот Вазме (Ексохи). Подрачјето е познато по многу ниските температури во зимата и важи за најстуденото место во Егејска Македонија и цела Грција. Познато е по производството на најквалитетен компир и грав.
Крајот привлекува посетители со скијачкиот центар „Фалакро“ на планината Боздаг (Фалакро) и традиционалното посетителско село Ѓуреџик (Гранитис), големите вештачки езера кај селата Белотинци (Левкогија) и Борово (Потами), живописните планинарски патеки и старите цркви.
Оддели и населени места Уреди
Општината опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Зрново
- град Зрново (Κάτω Νευροκόπι, Като Неврокопи)
- Општински оддел Белотинци
- село Белотинци (Λευκόγεια, Левкогија)
- Општински оддел Блачен
- село Блачен (или Блатчен; Αχλαδέα, Ахладеја)
- Општински оддел Борово
- село Борово (Ποταμοί, Потами)
- Општински оддел Волак
- село Волак (Βώλακας, Волакас)
- Општински оддел Вазме
- село Вазме (Εξοχή, Ексохи)
- Општински оддел Волково
- село Волково (или В’лково; Χρυσοκέφαλος, Хрисокефалос)
- Општински оддел Горна Лакавица
- село Горна Лакавица (Μικροκλεισούρα, Микроклисура)
- село Странен (Πέρασμα, Перасма)
- Општински оддел Долно Броди
- село Долно Броди (Κάτω Βροντού, Като Вронду)
- Општински оддел Ѓуреџик
- село Ѓуреџик (или Руждене; Γρανίτης, Гранитис)
- Општински оддел Лисе
- село Лисе (или Елеш; Οχυρό, Охиро)
- Општински оддел Караќој
- село Караќој (Κατάφυτο, Катафито)
- Општински оддел Куманич
- село Куманич (Δασωτό, Дасото)
- Општински оддел Оштица
- село Оштица (или Воштица; Μικρομηλία, Микромилија)
- Општински оддел Старчишта
- село Старчишта (Περιθώρι, Перитори)
- Општински оддел Трлис
- село Трлис (Βαθύτοπος, Ватитопос)
- Општински оддел Черешово
- село Черешово (Παγονέρι, Пагонери)
Поранешни села Уреди
На територијата на Општина Неврокоп се наоѓаат и следниве иселени или веќе непостоечки села:
Поврзано Уреди
- Боздаг — важна планина во подрачјето
- Неврокоп — град Пиринска Македонија, денес наречен Гоце Делчев
- Општина Гоце Делчев — општината на градот Гоце Делчев (Неврокоп)
- Список на села во Драма
Наводи Уреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.