Дробитишта

поранешно село во Преспа, Егејска Македонија
(Пренасочено од Дробитишча)

Дробитишта (дијалектно: Дробитишча; грчки: Δασερή, Дасери; до 1927 г. Δρομπίτσιστα, Дробициста[1]) — поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање во Грчката граѓанска војна било населено исклучиво со Македонци.[2]

Дробитишта
Δασερή
Дробитишта is located in Грција
Дробитишта
Дробитишта
Местоположба во областа
Дробитишта во рамките на Преспа (општина)
Дробитишта
Местоположба на Дробитишта во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°45.20′N 21°4.29′E / 40.75333° СГШ; 21.07150° ИГД / 40.75333; 21.07150
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Надм. вис.&10000000000000860000000860 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Остатоците од селото се сместени на западниот брег на Малото Преспанско Езеро, во југоисточното подножје на Сува Гора. Атарот зафаќал околу 10 км2, од кои повеќето биле на карстно ридско-планинско земјиште без вода, обраснато со листопадна и зимзелена шума. Обработливите површини биле со скромна големина, и се наоѓале во тесната рамница кај езерото.[3] Во месностите Корои и Перчето се протега убава песочна плажа.

Селото се граничело на север со Винени и Виненскиот Залив, на исток со езерото, на југ со Трново и Дреновскиот Залив, а на запад со Граждано.[3]

Топонимија

уреди

Ова е список на позначајните топоними во атарот на некогашно Дробитишта:[3]

Бачилиштата, Бела Земја, Благата Горница, Влашка Падина, Голомешица, Гроздоа Нива, Дивјачките, Димо Присојски, Диновци, Драгумица, Дренои, Дробитишта, Еленска Глаа, Изворите, Каламарка, Капината, Катео Лозје, Коријата, Короите, Лапите, Лендина, Љумиќ, Мали Рот, Мали Уши, Моми, Ниса, Осоо, Падините, Перчето, Петро Трло, Рблако, Рендешките, Света Богоројца, Света Петка, Свети Ѓорѓија,Свети Марко, Скаранци, Србинов Гроб, Тесно Дол, Тополо, Тумбе, Урида, Цуцуљ, Чало, Чезмата, Шајко Дол.

Историја

уреди

Средновековие

уреди

На 1 км северозападно од селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште Драгумица од средниот век, каде се пронајдени грнчарија и бакарни предмети. Ова било старото место на селото, кое е напуштено дури во првата половина на XIX век поради честите поплавувања од езерото.[3] Таму денес е само црквата „Св. Ѓорѓија“.

Во Отоманското Царство

уреди

Селото е спомеато во османлиски документ од 1481 г. како Добродишта.[4] Подоцна се споменува во дефтер за Горичката каза од 1568/69 г. како село со 17 семејства.[3]

Во XIX век Дробитишта било чисто македонско село во Битолската каза. Познато е дека ова село заедно со Трново биле насила претворени во чифлици од Албанци муслимани кои се наметнувале како „бегови“.[5] Родот Дробицки (2 куќи) во Орово биле од Дробитишта; таткото на родот таму бил селанец на чифлик, но околу 1883 г. се преселил во Орово, каде купил земја од бегот.[6]

Стефан Верковиќ во 1889 г. го завел селото со 25 семејства со 134 жители.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Дроботишта живееле 50 жители, сите Македонци христијани.[7][8] Л. Огненов во 1902 г. во Дробитишта забележал 6 куќи со 50 жители. Во овој период во Дробитишта работело народно училиште, но поради политичките немири наставата била на повеќепати прекинувана и заменувана со пропагандистичка и асимилаторска настава на бугарски и грчки јазик.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дработишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[9]

За време на Илинденското востание дробитиштани зеле активно учество во борбите, на чело со селскиот војвода Стојан Настовски. Во 1907 г. во близина на селото паднал војводата Петре Дамовски - Германчето, кој се самоубил за да не падне во рацете на турската војска која го обиколила.[3] Во овој период селото било тероризирано од грчки андартски чети, заканувајќи му се на населението дека треба да се погрчи и да не потпаѓа на други влијанија.

Во селото интензивно работела грчката пропаганда и целото население потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Дробитаце (Drobitatzé) имало 120 Македонци под патријаршијата.[7][10] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Дробитишта имало 6 куќи со 48 жители.[11] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканскиет војни селото се состоело од 5 македонски куќи.[12] Во Првата балканска војна селото потпаднало под српско владение, а во Втората е окупирано од грчките војски.

Припојување кон Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 50 жители. Во 1920 г. населението се намалило на 43 лица.[2] Во 1926/7 г. властите го преименувале во Дасери, што во превод значи „шумско“. На пописот од 1928 г. е забележано дека бројот на населението се накачил на 67 жители.[2]

Во овој период грчките власти воделе жестока политика на денационализација и асимилација на населението, придружена со забрани и казни.[3] Сепак, населението се држело, така што во 1940 г. броело 75 жители.[2]

Во Втората светска и Грчката граѓанска војна

уреди

За време на Втората светска војна Дробитишта влегло во окупациската зона на Италија по капитулацијата на Грција во Грчко-италијанската војна. Во таа војна, на фронтот во Албанија биле мобилизирани повеќе дробитиштани, од кои еден загинал. Во тоа време цивилното население било евакуирано во селата Герман и Р’мби.[3] По капиулацијата на Италија во 1943 г. Дробитишта станало слободна територија на НОАВМ и ЕЛАС, каде на неколку наврати престојувале нивните партизански одреди.

Во 1947 г. е отворено училиште на македонски јазик, чија настава се одвивала по приватни куќи бидејќи населението не успеало да изгради училишна зграда.[3]

Селото повторно се активирало во Грчката граѓанска војна, во кои загинале тројца жители. Дробитишта наполно настрадало во војната и сосема се растурило; дел жителите се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји, а помал број отишле да живеат во блиското село Л’нки. Селото потоа не е обновено поради забраната од грчките власти.[2] Подоцна, во 1961 г. Дробитишта е официјално отпишано како населено место.

Родови

уреди

Во селото живееле следниве семејства: Анастасовци, Василевци, Димовци, Диневци, Карловци, Петревци, Питуљковци, Стерјовци и Стојановци.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 75
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Цркви

уреди

Во атарот на Дробитишта имало една црква и две ваковчиња:[3]

  • „Св. Ѓорѓија“ — црква во дабова корија, во месноста Драгумица; староста не ѝ е позната, но се претпоставува дека е подигната кон крајот на XIX век
  • „Св. Богородица“ — ваковче веднаш над селото, каде била и селската камбанарија
  • „Св. Марко“ — ваковче на меѓата со с. Винени, крај езерскиот брег

Традиционална слава на селото била Света Петка - Зимска (Петковден) на 14 октомври (27 октомври по стар стил).

Стопанство

уреди

Селото се занимавало со полјоделство, сточарство и риболов за сопствени потреби. Се садело жито, градинарски култури и лозја, а се одгледувал и разновиден добиток, како и пчели. Риболовот се одвивал на повеќе начини — со мрежи, пезуљ, потисок, влак, коров и гранки. Се одело и на печалба.[3]

Личности

уреди
Починати во Дробитишта

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρομπίτσιστα - Δασερή
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 152.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 385–390. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  4. Станковска, Љубица. „Топонимски варијации во Костурско-Леринската област“. во: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Скопје, 1994, стр. 239-246.
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 45.
  6. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 57.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  11. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр.212.
  12. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 16.