Плажа е земјиштето непосредно по должината на некоја водена површина, како: река, езеро или море. Плажата се состои од песок, ситни камења, карпи, корални гребени и други природни елементи, но може да имаат и човечка инфраструктура (лежалки, чадори за сонце, барови, тушеви, шанкови, места за пресоблекување, итн.).

Златната плажа во Австралија

Плажата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Плажа“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[1]
  • „Заробениците на плажата“ (српски: Заточеници плаже) — кус расказ на Митко Маџунков од 1984 година.[2]
  • „На плажата во Остија“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[3]
  • Момчиња од плажата“ (англиски: The Beach Boys) — американска рок-група, основана во 1961 година.[4]
  • „Пластична плажа“ (англиски: Plastic Beach) — песна на британската музичка група Горилаз (Gorillaz) од 2010 година.[5]
  • „Место за забава на плажата“ (англиски: Funland At The Beach) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1980 година.[6]
  • „На плажа“ (англиски: On the Beach) — песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1974 година.[7]
  • „Одење на плажа“ (англиски: Going To The Beach) — песна на американската рок-група Килдоузер (Killdozer) од 1985 година.[8]
  • „Плажа на паниката“ (англиски: Panic Beach) — песна на американската рок-музичарка Марија Меки (Maria McKee) од 1989 година.[9]
  • „Плажа“ (англиски: The Beach) — песна на британската поп-рок група Њу Ордер (New Order) од 1983 година.[10]
  • „Плажата Рокавеј“ (англиски: Rockaway Beach) — песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1977 година.[11]
  • „На плажа“ (англиски: On the Beach) — песна на британскиот поп-рок-музичар Крис Риа (Chris Rea) од 1986 година.[12]
  • „Плажата Редондо“ (англиски: Redondo Beach) — песна на американската рок-музичарка Пати Смит (Patti Smith) од 1975 година.[13]
  • „Низ плажата“ (англиски: Up The Beach) —песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[14]

Наводи

уреди