Петар Христов - Германчето
Петар Христов - Германчето[1] (1867, Герман - 28 февруари 1907, Дробитишта) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација [2].
Петар Христов | ||
Роден | 1867 година Герман, Битолски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 28 февруари 1907 близу Дробитишта, Битолски Вилает, Османлиска Империја | (возр. 39–40)
Животопис
уредиПетар Дамов Христов, познат и како Петре Дамовски, е роден во 1867 година, во селото Герман, Леринско. Во 1899 година, тој влегол во ТМОРО и станал селски војвода. Во 1901 година, османлиските власти го уапсиле и осудиле на 6 години робија, но во 1903 година бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието, заминал за Соединетите Држави и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно основал чета и како нејзин војвода дејствувал против Османлиите и андартите во Преспанско, особено Наколец. На 28 февруари 1907 година, тој бил опколен од османлиската војска кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил. Неговиот син Герман Дамовски ја продолжил традицијата во борбата за ослободување на Македонија, како раководител на НОФ.
Галерија
уреди-
Четата на Патар Христов.