Драгумица
Драгумица — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.
Драгумица | |
---|---|
Координати: 40°45.32′N 21°03.39′E / 40.75533° СГШ; 21.05650° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото било мала македонска населба на западниот брег на Малото Преспанско Езеро. Лежело на 2 км југоисточно од Винени, и на околу 1 км северозападно од Дробитишта. Низ селото течел поток кој пресушувал во преку летото.[1]
Историја
уредиСелото било населено барем од средниот век, за што сведочат наодите од керамички и бакарни предмети најдени од селаните.[1] Драгумица настрадала од надојдената вода на езерото и неговото население конечно го напуштило во првата половина од XIX век. На ова подрачје стои само црквата „Св. Ѓорѓија“ во корија на стари дабови, чија старист е непозната, но се претпоставува дека е од крајот на XIX век. Во нејзина близина биле и селските гробишта.[1]
Се смета дека жителите на Драгумица го основале селото Дробитишта.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 385–388. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 151. ISBN 9989-9819-6-5.