Дреново (Драмско)
Дреново или Драново (грчки: Μοναστηράκι, Монастираки[2][3][4]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Дреново Μοναστηράκι | |
---|---|
Координати: 41°11′N 24°10′E / 41.183° СГШ; 24.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Драма |
Општ. единица | Драма |
Надм. вис. | 330 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 785 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 38 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 330 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 Турци и 330 жители Македонци[5][6]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 688 македонски гркомани. Освен тоа, во селото работело и грчко училиште[5][7].
Грција
уредиПо започнувањето на Балканските војни, од селото како доброволци учествувале две лица во Македонско-одринските доброволни чети[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 612 лица.[9]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Монастираки[10].
Име | Име | Ново име | Ново име[11] | Опис[12] |
---|---|---|---|---|
Курилово[12] | Κορίλοβον | Ипсома Аделфон Захаропулу | 'Υψωμα Αδελφών Ζαχαροπούλου | врв на Боздаг на Ј од Дреново (623,8 м)[12] |
Даблаџик[12] | Νταμπλατζιόκ | Игрон Рема | 'Υγρὸν Ρέμα | реката на Дреново, притока на Драматица[12] |
Калут[12] | Καλούτ | Ливадија | Λιβάδια | реката на ЈЗ од Дреново, притока на Драматица[12] |
Куси[12] | Κούσι | Спургитис | Σπουργίτης | врв на Боздаг на ЈЗ од Дреново (730,8 м)[12] |
Кемери[12] | Κεμέρι | Крипсонес | Κρυψώνες | месност на Боздаг на С од Дреново[12] |
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле населени 24 грчки бегалски семејства со вкупно 109 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 676 лица, додека во 1940 година селото броело 707 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 718 жител, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 670 жители, додека во 1991 година имало 710 жители[13]. Денеска, населението на селото е 785 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 707 | 676 | 718 | 647 | 670 | 710 | 781 | 785 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1842 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Μοναστηράκι
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ 4,0 4,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 204-205.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.835.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 20. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.