Делогожди

село во Општина Струга
(Пренасочено од Делогожда)

Делогожди (или Делогожда) — село во Општина Струга, во околината на градот Струга. До 2002 година Делогожди била самостојна општина и опфаќала неколку села, но со новиот Закон за локална самоуправa се припојува кон Општина Струга.

Делогожди
Делогожди во рамките на Македонија
Делогожди
Местоположба на Делогожди во Македонија
Делогожди на интерактивна карта

Координати 41°15′26″N 20°43′25″E / 41.25722° СГШ; 20.72361° ИГД / 41.25722; 20.72361Координати: 41°15′26″N 20°43′25″E / 41.25722° СГШ; 20.72361° ИГД / 41.25722; 20.72361
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Население 1.714 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6338
Шифра на КО 26014
Надм. вис. 787 м
Делогожди на општинската карта
Делогожди во Општина Струга.svg

Атарот на Делогожди во рамките на општината
Commons-logo.svg Делогожди на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Делогожди лежи на јужниот дел на Планината Караорман во една надморска височина од 800 метри и на исток граничи со селaтa Џепин (1,6 км) и Корошишта (2,3 км), на југ со селaтa Ливада (2,8 км) и Биџево (3,7 км), на југозапад со селото Ново Село (3,1 км), на запад со селото Долно Татеши (2,9 км), и на север со селото Поум (2,9 км). Селото се наoѓa северозападно од градот Струга, на оддалеченост од 11 килoметри.

ИсторијаУреди

На крајот на XIX век, Делогожди било албанско село, дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.[2]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 65 муслимани.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.140—    
19531.280+12.3%
19611.453+13.5%
19711.717+18.2%
19812.082+21.3%
ГодинаНас.±%
19919−99.6%
19942.229+24666.7%
20022.920+31.0%
20211.714−41.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Делогожди живееле 730 жители, сите Албанци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.920 жители, од кои 2.906 Албанци, 2 Турци, 1 Србин и 11 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.714 жители, од кои 1.668 Албанци и 46 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 730 1.140 1.280 1.453 1.717 2.082 9 2.229 2.920 1.714
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Делогожда е албанско село.

Родови во селото се: Положан (100 к.) родовското име го добиле по селото во северна Албанија од каде се доселиле. Родот се намножил од браќата Цан и Суљо кои се доселиле на почетокот од XIX век. Го знаат следното родословие: Рустем (жив на 77 г. во 1980 година) Первиз-Даут-?-Цан, кој се доселил; Жаку (35 к.) доселени се од Дебарско, од каде се иселиле поради крвна одмазда, го знаат следното родословие: Ибни (жив на 58 г. во 1980 година) Сали-Дестан-Мамут-Џафер, основачот на родот кој се доселил, кој имал 4 синови Мамут, Селман, Емин и Рустем; Села (15 к.) доселени се од соседното планинско село Поум, подалечно потекло од Дебарско; Кица (10 к.) и Мазари (10 к.) исто така се доселени од Дебарско; Шабанлар (20 к.) доселени се од областа Голо Брдо, тие се албанизиран торбешки род, кога дошле зборувале на македонски; Коџаџику (30 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско. Тие се албанизирани Турци, кога дошле во селото зборувале турски; Аљасани (15 к.) и Цапри (7 к.) доселени се од охридското село Ливоишта, можда се албанизирани Македонци; Домазет (4 к.) потекнуваат од домазет. И овдешните Албанци го употребуваат зборот домазет.[10]

Култура и спортУреди

  • КУД „Беса“ — основано во 1974 година, како резултат на големата желба на младинатa на Делогожди за да ги афирмира вредностите и културно-уметничкaтa традиција на Делогожди и на струшката околија. Како први иницијатори за да се формира КУД „БЕСА“ беа некои млади и интелектуалци од Делогожди.
  • ФК Делогожди — Фудбалски клуб основан во 1977/78 година со името „Влазними“. Првата управа на ФК Делогожда беше составена од: Зејадин Ислами (претседател), Алит Алити (благајник), Мустафа Усеини и Ресул Бектеши (трeнери). Како прв иницијатор за да се основа клубoт бил Алит Алити, во чија чест е наречен Спортскиот центар на Делогожди.

ЗнаменитостиУреди

 
Мозаик од базиликата „Св. Илија“ во Делогожди.

Археолошки наоѓалиштаУреди

ЛичностиУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
  11. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.

Надворешни врскиУреди