Палата Рубен
Палатата Рубен е станбена зграда на семејството на познатиот скопски заболекар Емил Рубен. Објектот е изведен во 1927г. и е проектиран од архитектот Иван Артемушкин. Се наоѓа во населбата Дебар Маало, спроти фонтанта на Градскиот парк во Скопје, со влез од ул. Илинденска.
Палата Рубен | |
---|---|
Палата Рубен - денес | |
Општи податоци | |
Место | Дебар Маало, Скопје, Македонија |
Завршена | 1927 |
Нарачател | Емил Рубен |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Иван Артемушкин |
Преживувајќи го скопскиот земјотрес од 1963, палатата станува еден од најпознатите локални примери за архитектурата во периодот меѓу дветте светски војни. Во 2015г. Конзерваторскиот центар Скопје прави реставрација на фасадата следејќи ја оригиналната документација од архитектот Артемушкин.
Архитектонски одлики
уредиГрадбата е изведена на рамна површина во форма на приземје, три ката и поткровје, како слободностоечки објект со двор и два главни влеза. Првиот пристап е од тогашната ул. Престолонаследник Александар (денес ул. Илиденска) кон првиот кат, каде сè уште е сместена главната резиденција на семејството. Вториот влез е од ул. Јеврејска (денешна ул. Наум Наумовски Борче) и овозможува пристап кон сите катови преку скалишниот простор сместен во задниот дел на објектот.
Објектот е изведен од ѕидови од тула дебели 45 cm, армиранобетонски меѓукатни конструкции и скали. Тој се одликува со специфична катна височина од 3.50m. а во приземјето таа изнесува дури 3.80m. Зградата е изведена со систем за греење, пумпа за вода, како и резервар за вода сместен на мансардниот дел од скалишниот простор.[1]
Посебна монументалност на објектот е постигната преку обработката на фасадите, а бидејќи оригиналниот контекст е со ниска изграденост, архитетот си дозволува декоративно развивање на три од четирите фасади. Денешната ситуација ја затвора источната фасада и нејзината визуелна комуникација со улицата
Обвивката на објектот се сотои од фасадни геометриски сегменти акцентирани со пиластри и венци. Нејзината површина е перфорирана со ритам од прозорски отвори, кои во погорните партии имаат и лачни завршетоци. Објектот е посебно украсен преку рустичност, релјефни орнаменти, ниши и столбови.[2]
Наводи
уреди- ↑ Преземено од техничката документација на Архивот на Град Скопје. Сиг.: 6.1.348.49
- ↑ Kokan., Grčev (2003). Arhitektonskite stilovi vo makedonskata arhitektura od krajot na 19 vek i periodot meǵu dvete svetski vojni. Skopje: Institut za folklor "Marko Cepenkov"--Skopje. ISBN 9989642516. OCLC 62409149.