Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или скратено МЗШВ, е едно од министерствата во Владата на Македонија.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 992[1] (2017)
Годишен буџет 1,172 милијарди MKD[2] (2018)
Надлежен министер Цветан Трипуновски
Мрежно место
mzsv.gov.mk

Надлежности

уреди

Надлежностите на министерството се[3]:

- земјоделството, шумарството и водостопанството;
- користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
- ловот и риболовот;
- заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
- следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
- хидромелиоративните системи;
- хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
- проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Организациска структура

уреди

Министерството е составено од 18 сектори, кои се поделени на неколку оддели. Секторите на министерството се[4]:

  • Сектор за внатрешна ревизија - независна единица
  • Сектор за финансиски прашања
  • Сектор за прекршоци
  • Сектор за нормативно правни работи
  • Сектор за човечки ресурси
  • Сектор за анализа на земјоделска политика
  • Сектор за координација и техничка помош на кабинет на министер
  • Сектор за меѓународна соработка
  • Сектор за ЕУ
  • Сектор за лозарство, винарство и овоштарство
  • Сектор за земјоделство
  • Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи
  • Сектор за шумарство и ловство
  • Сектор за рурален развој
  • Сектор за информатичка технологија
  • Сектор за координација на подрачни единици
  • Сектор за регистрирање и управување со земјоделско земјиште
  • Сектор за шумска полиција без статус на државен службеник

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2019-06-09.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.
  3. Општи информации за министерството
  4. Организациони единици на министерството

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди