Давид Бисбал Фере (шпански: David Bisbal Ferre; роден на 5 јуни 1979 година, во Алмерија[1]) e шпански пејач, добитник на Греми.

Давид Бисбал
Давид Бисбал во 2008 година
Животописни податоци
Роден(а)5 јуни 1979(1979-06-05)(45 г.) во Алмерија, Андалусија  Шпанија
ПотеклоАлмерија  Шпанија
ЖанровиЛатинo поп, Поп
ЗанимањаПејач
ИнструментиВокал
Период на активност2001–сега
ИздавачиVale Music (2002-2006)
Universal/Vale Music (2007-presente)
Мреж. местоhttp://www.davidbisbal.com/

Почетоци

уреди

Давид уште како дете покажува талент за пеење. Со музика активно се занимава од својата 18 година кога почнува да пее во групата Експерсионес. Со нив останува 4 години. Во октомври 2001 година, Давид отишол на аудиција за шоуто Операција Триумф во Барселона и бил прифатен како еден од 16-та финалисти. Неговата популарност растела од ден на ден, а Операција Триумф станала најгледаното шоу во историјата на Шпанија. Сепак, на крајот победата и припаднала на Роса Лопес, додека Бисбал завршил на второто место. Наградата за победникот била учество на Евровизија, но Бисбал како второпласиран добил можност да оди како придружба.

Професионална кариера

уреди

По завршувањето на Операција Триумф, Бисбал потпишал договор со издавачката куќа Vale Music и го издал својот прв албум „Corazón Latino” ("Латинско срце"). Албумот кој бил снимен во Мајами излегол во продажба летото 2002 година и постигнал огромен успех надминувајќи 1.500.000 продадени копии. Во септември истата година, ја добил наградата 'Grammy Latino' како најдобар артист-откритие на годината. По тоа ја започнал својата турнеја низ Шпанија и Латинска Америка.

Во февруари 2004г. го издава вториот албум „Bulería” ("Булерија") кој исто така постигнува огромен успех како и првиот и станува најпродаваниот албум во Шпанија за 2004 година. Во склоп на неговата турнеја Bulería Tour 2004 одржува 80 концерти со продадени над 600.000 влезници.

Во март 2005 година, издава ДВД наречено Todo Por Ustedes ("Сè за вас") посветено на обожавателите и содржи настапи во живо од концертите во САД, Латинска Америка и Шпанија.

Во октомври 2006 година, излегува третиот албум наречен „Premonicion” ("Претчувство"). Во него покрај темите за љубовта, Бисбал се занимава и со светските проблеми како што се сиромаштијата и војната. Песната „Soldado De Papel” ("Војник од хартија") е посветена на децата кои се приморани да одат во војна, односно на оние кои гинат како војници во војните. За да привлече внимание за овој проблем, тој во спотот за истата песна ја сече својата препознатлива коса заедно со другите учесници во спотот. Успева во својата цел и веќе првиот месец тоа е главна вест во сите весници и телевизиски програми. Албумот доживува огромен успех со 950.000 продадени копии.

Турнејата Premonición Tour ја започнал на 10 март 2007 година во Богота и истата продолжила низ Латинска Америка и Шпанија. Патувал и во Германија, Јапонија, Белгија и Романија за да го промовира својот албум. Турнејата ја завршил на 8 август 2009 година со концертот на плажата Викторија во Кадис, Шпанија каде присуствувале повеќе од 100 000 обожаватели.

На 20 октомври 2009 година, излегол неговиот четврт студиски албум „Sin Mirar Atrás” ("Не гледајќи назад"). Првиот сингл од албумот била песната „Esclavo de sus besos” ("Роб на нејзините бакнежи") која станала една од најуспешните во целата негова кариера. Вториот сингл е „Mi princesa” ("Мојата принцеза"), балада која ги соборила сите рекорди и исто како и првиот сингл го достигнала првото место на продажба во Шпанија и Мексико. Уште на денот на објавувањето албумот добива сертификат за двоен платинест диск во Шпанија. Трет сингл од овој албум била песната „24 horas” компонирана од мексиканецот Еспиноса Пас и која била претставена на гала вечерта на доделувањето на наградите Billboard 2010, додека во Шпанија бил издаден синглот „Sin mirar atrás”.

Соработка со интернационални ѕвезди

уреди

На доделувањето на наградите Греми во септември 2003 година во Мајами заедно со Џесика Симпсон ја пеат „Angels” на Роби Вилијамс.

Со германската пејачка Џоана Зимер го снима дуетот „Let's Make History” наменет за филмот "Die Lufbrucke" ("Воздушниот мост").

Со Ријана го снима дуетот „Odio Amarte Tanto” кој претставува шпанско-англиска верзија на нејзиниот хит „Hate That I Love You”.

Со британската пејачка Пикси Лот го снима шпанско-англискиот дует „Sufrirás” кој е вклучен како бонус песна во неговиот албум ”Sin Mirar Atrás”.

Во 2010 г. со сомалиско-канадскиот пејач K'naan ја снима шпанско-англиската верзија на „Wavin' Flag”" - официјалната песна на Кока-Кола за Светското првенство во фудбал 2010.

Во 2010 г. соработува со Мајли Сајрус и го снимаат дуетот „When I Look at You” / „Te Miro a Ti”.

Приватен живот

уреди

Тој има ќерка со кубанската дизајнерка со американско-шпанско потекло Елена Таблада, родена на 15 февруари 2010 година.

Тој, исто така, има и син Матео со венецуелската актерка и модел Росана Санети, со која се оженил на 2 јули 2018.[2]

Занимливости

уреди

Во 2006г. Давид го лансира својот парфем 'Pura Esencia' кој добива и награда во Мадрид во 2007г.

Неговата песна "Dígale" се појавува во сцени од мексиканската теленовела "Cuidado Con El Ángel"

Песната "Esta Аusencia" е главна музичка тема во теленовелата "Piel de Оtoño" од 2005г.

Во 2008г. го лансира својот втор парфем "DB Black" за мажи и "DB Rose" за жени со чие купување се добиваше учество во наградната игра A Solas Con David (Насамо со Давид), а главната награда беше запознавање со Давид

Песната "Juro Que te Amo" е главна музичка тема во истоимената мексиканска теленовела од 2008г.

Авио-компанијата "European Airlines" на еден од своите авиони му го даде името Давид Бисбал испишувајќи го на самиот авион.

Давид Бисбал се појавува во една епизода од теленовелата "Hasta Que el Dinero Nos Separe"

Во 2011 снима песна за аргентинската ТВ серија "Herederos" („Наследници”). Песната се вика "Herederos" а во Аргентина Давид успева да продаде над 300 000 копии од цедето "Sin Mirar Atrás Tour".

Дискографија

уреди
Омот на албумот Информација за албумот
Corazón Latino
  • Датум на издавање:   24 јуни 2002   20 август 2002[3]
  • Формат: ЦД
  • Издавачка куќа: Vale Music Spain, Universal Latino
  • Место на листите:   #1   #13
  • Синглови: "Corazón Latino", "Ave María", "Lloraré Las Penas", "Dígale", "Quiero Perderme En Tu Cuerpo", "Cómo Será"
Bulería
  • Датум на издавање:   14 јануари 2004   10 февруари 2004[4]
  • Формат: ЦД
  • Издавачка куќа: Vale Music Spain, Universal Latino
  • Место на листите:   #1   #5   #73
  • Синглови: "Bulería", "Oye El Boom", "Desnúdate Mujer", "Camina Y Ven", "Me Derrumbo", "Cómo Olvidar", "Esta Ausencia"
Todo Por Ustedes
  • Датум на издавање:   23 март 2005.
  • Формат: ЦД, DVD
  • Издавачка куќа: Vale Music Spain
  • Место на листите:   #1   #64
  • Синглови: "Todo Por Ustedes"
David Bisbal
Premonición
  • Датум на издавање:   3 октомври 2006.[5]
  • Формат: ЦД, DVD
  • Издавачка куќа: Vale Music Spain, Universal Latino
  • Место на листите:   #1   #6   #41   #26   #27
  • Синглови: -{"Quien Me Iba A Decir", "Silencio", "Soldado De Papel", "Amar Es Lo Que Quiero", "Torre De Babel", "Premonición"}-
Premonición Live
  • Датум на издавање:   27 ноември 2007
  • Формат: ЦД, DVD
  • Издавачка куќа: Vale Music Spain
  • Место на листите:   #5   #75
  • Синглови: "Hate That I Love You/Odio Amarte Tanto"
Sin Mirar Atrás

Наводи

уреди
  1. „Давидовата биографија на неговото официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2010-09-09.
  2. „David Bisbal y Elena Tablada se separan“ (англиски). People En Español. 15 Jun 2011. Посетено на 16 Nov 2022.
  3. „www.amazon.com“. Посетено на 14. 6. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „www.amazon.com“. Посетено на 14. 6. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „www.amazon.com“. Посетено на 14. 6. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди