Графити
Графити (еднина: graffito; множината е користена како небројна именка) — име за слики или букви изгребани, исчкртани, насликани или означени на кој било начин на некој имот. Тоа е уметничка форма во која што спаѓаат сите графички дела на нечија сопственост. Графитите потекнуваат уште од времето на Стара Грција и Римското Царство. Во денешно време, најчесто се користи боја како што се лименките со боја (спреј) и маркери. Во повеќето држави цртањето на графити на нечива сопственост, без дозвола од сопственикот, се смета за вандализам. Понекогаш графитите се користат за објавување на политички пораки. Сегашните графити, најчесто букви во три-димензионален облик со разни бои и потписи т.н тагови, потекнуваат од хип-хоп културата.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Потекло на поимот
уредиГрафити и графито потекнуваат од италијанскиот збор graffiato („исчкртано“). „Графити“ се применуваат во историја на уметноста, за уметнички дела создадени со гребење на надворешна површина. Поврзан термин со овој е „graffito,“ кој вклучува гребење врз еден слој од пигменти за да се открие друг под него. Оваа техника најпрво била користена од грнчарите кои ги полирале своите предмети а потоа гребеле дизајн на нив. Во антички времиња графитите биле врежувани на ѕидовите со остар предмет, иако понекогаш биле користени и креда или јаглен. Грчкото γράφειν – graphein – со значење „пишува“ е од истиот корен.
Историја
уредиПоимот графити се однесува на натписи, слики, цртежи, итн. пронајдени на ѕидовите на древните гробници или руини, како на пример во Катакомбите во Рим или во Помпеја. Употребата на зборот се проширила и опфаќа какви било графики применети на површини на начин кој претставува вандализам. Единствениот познат извор на Сафаити јазикот, форма на праарапски, е од графитите; натписи изгребани на површината на камења и карпи главно во басалтската пустина во јужна Сирија, источен Јордан и северна Саудиска Арабија. Сафаити јазикот постоел од првиот век п.н.е. па сè до четвртиот век од новата ера. Првиот познат пример на модерен стил на графити е зачуван во древниот грчки град Ефесус (во денешна Турција). Локалните водичи велат дека тоа е лоша реклама за евтино продавање на талентот. Сместени во близина на мозаик и камена патека, графитите покажуваат ракопис кој бледо наликува на срце заедно со отпечаток од стапало и број. За ова се верувало дека означува дека во близина има јавна куќа, а рачно напишаното симболизирало плаќање. Римјаните ги врежувале графитите на ѕидови и споменици, примери од нив се зачувани исто така во Египет. Ерупцијата на Везув ги заштити графитите во Помпеја, кои вклучуваат латински клетви, магии, љубовни изјави, азбуки, политички слогани и познати литературни цитати кои овозможуваат да се продре во уличниот живот на античките Римјани. Еден натпис ја дава адресата на жена со име Новелија Примигенија од Нуцерија, проститутка, очигледно многу убава чии услуги биле многу барани. Друг покажува модел на машки полов орган придружен со текст „mansueta tene“ – „Ракувај внимателно“. Разочараната љубов исто така го нашла својот пат до ѕидовите во прастарите времиња: Quisquis amat. veniat. Veneri volo frangere costas fustibus et lumbos debilitare deae. Si potest illa mihi tenerum pertundere pectus quit ego non possim caput illae frangere fuste? Кој љуби, оди во пеколот. Сакам да и ги скршам ребрата на Венера со стап и да ги деформирам нејзините облини. Ако таа може да го скрши моето нежно срце, зошто јас да не можам да ја удрам по главата. -CIL IV, 1284 За сатиричниот Алексаменос графит се верува дека е најраниот познат приказ на Исус. Грешките во пишувањето и граматиката на овие графити овозможуваат продирање во степенот на писменост во римско време и нудат докази за изговорот на разговорниот латински јазик. Примери се CIL IV, 7838: Vettium Firmum / aed [ilem] quactiliar [ii] [sic] rog [ant]. Овде „qu“ се изговара како „co“. 83−те парчиња графити најдени во CILIV, 4706-85 се доказ за способноста за читање и пишување на нивоа во општеството каде што писменоста не била очекувана. Графитите се појавиле на перистил кој бил ремоделиран за време на ерупцијата на Везув, од страна на архитектот Кресенс. Графитите беа оставени и од надзорникот и од неговите работници. Борделот од CIL VII, 12, 18-20 содржи повеќе од 120 парчиња графити, некои од нив се дела на проститутките и нивните клиенти. Гладијаторската академија од CIL IV, 4397 била исчкртана со графити од гладијаторот Целадус Кресенс (Suspirium puellarum Celadus thraex: „Тракиецот Целадус прави девојките да воздивнуваат“. Друго дело од Помпеја, напишано на ѕид од крчма за сопственикот на објектот и за неговото сомнително вино: Господару, можат ли твоите злобни лаги да придонесат за твое уништување. Ти пиеш чисто вино а наместо тоа на своите гости им продаваш вода. Графитите не биле пишувани само од Грците и Римјаните: локацијата на Маите во Тикал, Гватемала исто така содржи антички примероци. Викингшки графити се зачувани во Рим и во Њугранџ Маунд во Ирска, а Варангијанец го врежал неговото име (Халвдан) со рунско писмо на ограда од скали во Света Софија, Цариград. Графити, познати како Тачеронс, често биле врежувани на ѕидовите на црквите од романски стил. Кога ренесансните уметници како Пинтуричио, Рафаел, Микеланџело, Џирладаио или Филипино Липи влегле во урнатините на Nero's Domus Aurea тие ги врежале или насликале своите имиња и се вратиле со гротески стил на декорација. Исто така има примери на графити најдени во американската историја, како што е Карпата со потписи, национална знаменитост долж патеката Орегон. Подоцна, француски војници ги врежале своите имиња на споменици за време на наполеоновата воена акција во Египет во 1790-тите. Името на лорд Бајрон е зачувано на еден од столбовите на Храмот на Посејдон на ’ртот Сунион во Атика, Грција. Видовите уметност како фрески и мурали (ѕидни слики) значат напуштање на сликите и пишување на површината на ѕидовите. Праисториските слики создадени од пештерските луѓе, не содржат графити, бидејќи уметниците најчесто ги правеле со јасна дозвола (и обично поддршка) од сопственикот или корисник на ѕидовите.
Модерни графити
уредиГрафитите често се доживуваат како да се поврзани со хип-хоп културата а безбројните меѓународни стилови поттекнуваат од графитите во подземната железница во Њујорк(види долу). Меѓутоа, постојат многу други примери на значајни графити од овој век. Графитите одамна се појавиле на железнички товарни вагони. Оној со најдолга историја, кој датира дури од 1920-тите а постои и денес е Бозо Тексино. За време на Втората светска војна и неколку децении подоцна, фразата „Килрој беше овде“ (анг. Kilroy was here) заедно со илустрација беше распространета ширум светот, поради нејзината употреба од страна на американските војници и нејзината прочуеност во американската народна култура. Кратко по смртта на Чарли Паркер (наречен „гуштер“ или „птица“) околу Њујорк почнаа да се појавуваат графити со зборовите „Птицата живее“ (анг. Bird Lives). Во шеесеттите американскиот графит кој тврдеше дека „Јосариан живее!“ (анг. Yossarian lives!) кратко време беше популарен, референца на главната личност во романот на Џозеф Хелер „Безизлезна ситуација“ (анг. Catch−22). Студентските протести и генералниот штрајк од мај 1968 го украсија Париз со револуционерни, анархистички и ситуационистички слогани како L'ennui est contre-révolutionnaire („досадата е контрареволуционерна“) претставени во насликани графити, постери и шаблони. Во САД во тоа време други политички изрази (како што се „слобода за Хјуи“ (анг. Free Huey) за Црниот Пантер/Леопард Хјуи Њутн) за момент станаа популарни како графити во ограничени области, само за да бидат заборавени. Популарен графит од 1970-тите беше легендарниот „Dick Nixon Before He Dicks You,“ со кој се покажуваше непријателството на младите спрема тој американски претседател. Графитите за рокенрол се значаен подвид. Познат графит од 20 век беше натписот во подземната железница во Лондон „Клептон е Господ“ (анг. Clapton is God). Изразот беше насликан со прскање од страна на еден обожавател на ѕид на една станица во подземната железница во Ислингтон, есента 1967 година. Графитот беше овековечен во фотографија, на која едно куче мокри на ѕидот. Графитите исто така беа поврзувани со движењето против основањето на панк рокот кое започна во 1970-тите. Бендовите како Црно знаме и Крас (анг. Black Flag and Crass) (и нивните следбеници) ги испишаа нивните имиња и логоа, додека пак многу панк ноќни клубови, станови и врталишта се познати по нивните графити. Во доцните 1980-ти превртената чаша за мартини што беше ознака за панк бендот Мисинг Фаундејшн (анг. Missing Foundation) беше најраспространетиот графит во долен Менхетен и копиран од хардкор панк обожавателите ширум САД и Западна Германија.
Графитите како дел од хип-хопот
уредиЛименка со боја, честа алатка за модерните графити Во Америка во доцните 1960-ти графитите служеле како начин за изразување на политичките активисти, а исто така и на бандите како на пример Севиџ Скалс (Savage Skulls),Ла Фамилија (La Familia) и Севиџ Номадс (Savage Nomads) за да ја означуваат територијата. Кон крајот на 1960-тите потписите -ознаките- на пишувачите на графити од Филаделфија, Корнбред, Кул Ерл и Топкет 126 почнале да се појавуваат. Корнбред често е споменуван како еден од најраните пишувачи на модерни графити. Околу 1970-71 година, центарот на иновацијата на графитите беше преместен во Њујорк каде што пишувачите на графити одејќи по стапките на ТАКИ 183 и Трејси 168 го додаваа бројот од нивната улица на нивниот прекар, „бомбардираа“ некој воз со нивната работа, и и дозволуваа на подземната железница да го однесе-а нивната слава, ако е импресивна, или едноставно продорна, е доволна. Врежувањето на меурите на почетокот влијаеше на пишувачите од Бронкс, иако разработеното пишување на Трејси 168 наречено „див стил“ ја дефинираше уметноста. Во 70-тите на раните зачетници на новиот тренд им се придружиле уметници како Донди, Зефир и Лејди Пинк. Графитите се еден од четирите главни елементи на хип-хоп културата (заедно со рапувањето, диџејството и брејденсот). Врската меѓу графитите и хип-хоп културата произлегува од раните графитисти кои применувале други аспекти на хип-хоп, а ги применувале во области каде што други елементи од хип-хопот се развивале како видови уметност. До средината на 80-тите, овој вид ќе се премести од улицата во светот на уметноста. Жан-Мишел Баскије ќе ја напушти неговата САМО идентификација за уметничките галерии, а ќе се разнишаат дури и врските на уличната уметност со хип-хопот. Одвреме на време победничките хип-хоп песни за графитите сѐ уште можеле да бидат слушнати во 90-тите, меѓутоа, во песни како што се „Wrong Side of Da Tracks“ од Артифактс (анг. Artifacts) и „Lune TNS“ од Компани Флоу(анг. Company Flow).
Потекло
уредиВо периодот од 1969 до 1974 година се случи „пионерската епоха“. За ова време графитите претрпеа промена во стиловите и популарноста. Брзо по преселувањето од Филаделфија во Њујорк, градот го даде еден од првите графитисти кој го привлекуваше вниманието на медиумите во Њујорк, ТАКИ 183. Тој беше момче од Вашингтон Хајтс, Менхетен кој работеше како курир. Неговата ознака претставува мешавина од неговото име Деметриус (Деметраки), ТАКИ, и бројот на неговата улица, 183-та. Работејќи како курир, тој постојано бил во подземната железница и почнал да ги остава своите ознаки кај што се движел. Ова создаде напис во Њујорк Тајмс во 1971 насловен „ТАКИ 183 создаде другари допишувачи“. Хулио 204 исто така е признаен како ран пишувач, иако тогаш не бил признат надвор од графити супкултурата. Други значајни имиња од тоа време се: Стеј Хај 149, ФАЗА 2, Стич 1, Џо 182, Џуниор 161 и Cay 161. Барбара 62 и Ева 62 беа исто така важни рани графитистки во Њујорк, а се и првите жени кои станале познати по пишувањето на графити. Исто така за време на оваа епоха се случувало движењето од надворешноста на градските улици до подземните железници. Графитите ги видоа исто така и своите први почетоци на натпреварување во тоа време. Целта на повеќето уметници во тој момент била „засилувањето“: да се има колку што е можно повеќе ознаки и бомби на колку што е можно повеќе места. Уметниците почнале насилно да влегуваат во дворовите на подземните железници со цел да удрат колку што можат повеќе возови со помал ризик, често создавајќи повеќе разработени уметнички дела покрај страните за автомобилите во подземните железници. Тогаш официјално беше воспоставен самиот чин на бомбардирање. До 1971 година потписити почнале да се појавуваат во вид на калиграфи бидејќи, со оглед на огромниот број уметници што постоеле, секој графитист имал потреба од тоа да се разликува самиот. Со исклучок на растечката сложеност и креативност, ознаките исто така почнале да растат во големина и обем-на пример, многу уметници почнале да ја зголемуваат големината на буквите и дебелината на линиите, како и потцртувањето на нивните ознаки. Ова овозможи да се појави таканареченото „ремек-дело“ или „парче“ во 1972. Супер Кул 223 е признаен како првиот кој ги правел тие дела. Употребата на дизајни како што се точките, шаблоните и дамите станала сè попопуларна. Примената на спрејовите со боја драстично се зголемила во тоа време како што уметниците почнале да ја прошируваат својата работа. „Top-to-bottoms“, делата кои ја опфаќаат целокупната висина на еден вагон од подземната железница, исто така се појавиле во тоа време. Целокупната креативност и уметничкото созревање од овој временски период не останале незабележани од трендот-Хуго Мартинес ја основал групата Обединети графитисти (UGA) во 1972 година. ОГУ била составена од многу врвни графитисти од тоа време, чија цел била графитите да се претстават во уметничка галерија. До 1974 година, графитистите почнале да ја вклучуваат и употребата на сценски декор и цртани ликови во нивната работа. Волшебната петорка, била банда позната по нивните совршено дизајнирани цели автомобили.
Средина на 1970-тите
уредиДо средината на 1970-тите, повеќето стандарди во пишувањето графити и графити културата биле поставени. Најголемото „бомбардирање“ во историјата на САД се случило во овој период, делумно поради економските ограничувања на Њујорк, кои ја ограничиле неговата способност за борба против овој вид уметност со програми за отстранување на графитите или транзитно одржување. Исто така во ова време, „top-to-bottoms“ почнале да заземаат цели вагони од подземната железница. Најважно од оваа епоха се покажало дека е создавањето на „исфрлањето“, кое е посложено од едноставното „тагирање“, но не толку комплексно како некое „ремек дело“. Брзо по нивното воведување, исфрлањата довеле до натпреварувања за да видат кој може да направи најголем број исфрлања за најкратко време. Пишувањето графити станувало многу конкурентно и уметниците се стремеле за целиот град или да ги видат нивните имиња во сите пет административни единици во Њујорк. Конечно, стандардите кои биле поставени во раните 70-ти почнале да стагнираат. Овие промени воделе многу уметници во 1980-тите со желба за развој и промени. Доцните 1970-ти и раните 1980-ти донеле нов бран на креативност на сцената. Како што влијанието на графитите растело на другата страна од Бронкс, така започнало движење за графитите охрабрено од Френдли Фреди. Фаб 5 Фреди (Фред Бретвејт) е уште еден популарен графити лик од ова време, кој започнал во една група за пишување на ѕидови во Бруклин. Тој забележал како разликите во техниката на прскањето со спреј и буквите меѓу Горен Менхетен и Бруклин почнале да се губат во доцните 1970-ти: „од што произлегол ‘дивиот стил’.“ На Фаб 5 Фреди често му се припишува дека тој помогнал во ширењето на влијанието на графитите и рап музиката и покрај нивното рано основање во Бронкс, и воспоставувањето на врски со главно белата уметност во центарот на градот и музичките сцени. Во тој момент, утврдениот свет на уметноста почнал да станува восприемлив за графити културата за првпат, со појавата на галеријата RAZOR на Хуго Мартинес во раните 1970-ти. Меѓутоа, исто така било, последниот бран на вистинско бомбардирање пред Власта за преминување уништувањето на графитите да го направи приоритет. ВПМ (Власт за преминување на метро) почна да ги поправа оградите на дворовите, и доследно да ги отстранува графитите, борејќи се со зголемениот број графитисти. Тоа што ВПМ се борела со уметниците отстранувајќи ја нивната работа често водело кон тоа многу уметници да се откажат разочарани, бидејќи нивната работа постојано била отстранувана.
Ширење на графити културата
уредиВо 1979 година, на графитистот Квинонс Ли и Фаб 5 Фреди им било дозволено да отворат галерија во Рим од страна на застапникот Клаудио Бруни. За некои надвор од Њујорк, тоа била нивната прва средба со овој вид уметност. Пријателството на Фаб 5 Фреди со Деби Хари влијаело на синглот на Блонди „Rapture“ (Chrysalis, 1981) , видеото во кое се појавува Жан Мишел Баскије од SAMO© Graffiti, а на многумина им понуди за првпат да го видат описот на елементи од графитите во хип-хоп културата. Поважен овде е независниот фиктивен филм на Чарли Ахерн „Див стил“ (анг. Wild Style) и раниот документарец на PBS „Војна на стиловите“ (Style Wars) (1983). Хит песните како „The message“ и „Planet Rock“ и нивните музички спотови (и двата од 1982 година) придонеле за зголемен интерес надвор од Њујорк во сите аспекти на хип-хопот. Во „Војна на стиловите“ не се опишани само славни графитисти како што се Ским, Донди, Минуан и Зефир, но исто така тоа ја зајакнало улогата на графитите во хип-хоп културата која се појавила во Њујорк со вклучување на раните познати брејкденс групи како што се Рок Стеди Кру (анг. Rock Steady Crew) во филмот кој исто така промовира исклучиво рап музика. „Војна на стиловите“ сѐ уште е признат како најпродуктивно филмско претставување на она што се случувало во младата хип-хоп култура во раните 1980-ти. Фаб 5 Фреди и Футура 2000 ги имаат хип-хоп графитите во Париз и Лондон како дел од Њујоршката рап турнеја во 1983. Холивуд исто така обрна внимание, консултирајќи се со пишувачи како ФЕЈЗ 2 и им даде меѓународна изложеност во филмови како „Beat Street“ (Orion, 1984). Во тој период исто така се појавил новиот жанр шаблони во графитите. Некои од првите примероци биле создадени во 1981 година во Париз од страна на графитистот Блек Ле Рат; до 1981 година шаблоните се појавиле и во други градови вклучувајќи ги и Њујорк, Сиднеј и Мелбурн, каде што тие биле документирани од страна на американскиот фотограф Чарлс Гејтвуд и австралискиот фотограф Рени Елис.
Пропаѓање на Њујорк
уредиКако што културата се ширела надвор од Њујорк и во странство, културниот аспект на графитите во Њујорк попуштил дури до точка на истребување. Брзиот пад во пишувањето бил поради неколку фактори. Улиците станале поопасни поради растечката епидемична слабост, законодавството било подготвено казните за графитистите да ги направи построги, а ограничувањата на продажбата на сликите и изложбите го отежнала крадењето на материјали. Пред сè, ВПМ многу го зголемила својот анти‐графити буџет. Многу фаворизирани локации за сликарство станале добро чувани, дворовите биле проверувани, биле подигнати нови и подобри огради, а делата биле гланцани силно, тешко и доследно. Како резултат на тоа што подземните железници станувале потешки за сликање, повеќе уметници отишле на улиците, кој сега е, заедно со приградските возови и затворените товарни вагони, најраспростанет вид на пишување графити. Меѓутоа, многу графитисти одбираат да ги гледаат новите проблеми повеќе како предизвик отколку како причина за да се откажат. Негативна страна на овие предизвици била тоа што овие уметници станале многу територијални на добро напишани спотови, а силата и единството во бројките станувала се поважна. Ова веројатно е најнасилната епоха во историјата на графитите‐уметниците кои одлучиле сами да излезат често биле тепани и им биле крадени приборите. Некои од графитистите од оваа епоха биле Блејд, Донди, Минуан, Куик, Сиин и Ским. Беше наведено дека ова е крајот на сезонските њујоршки графитисти во подземната железница, а годините што следеле железницата била населена само од некои што се сметаат за најконзервативни уметници. Луѓето често мислеле дека пишувањето графити околу нивните локални области е лесен начин за тие да бидат фатени па затоа патувале во разни области.
Њујорк (1985‐1989)
уредиГодините помеѓу 1985 и 1989 станале познати како „конзервативна“ епоха. Последен обид за графитистите од ова време бил во видот на затворените товарни вагони во подземната железница наменети за старите дворови. Со зголемената безбедност, културата се вратила чекор назад. Претходните разработени спалувања на надворешната страна од затворените товарни вагони сега беа расипани со едноставни ознаки за обележување кои често се впиваат во бојата. До средината на 1986, МТА и ЦТА ја освојуваа нивната „војна на графити“, а населението на активни графитисти беше намалено. Како што популацијата на уметници се намалуваше така се намалуваше и насилството поврзано со графити бандите и „бомбардирањето“. Врвовите на некои покриви исто така беа новите билборди за некои пишувачи од 80‐тите. Некои значајни графитисти од оваа епоха беа Коуп 2, Џа, Кло Мани, Зефир, Сејн Смит и Тикит.
Епоха на чистење на возовите во Њујорк
уредиСегашната епоха во графитите се одликува со тоа што повеќето графитисти се преселиле од подземната железница или вагоните на возовите во „уличните галерии“. Ова движење започнало во мај 1989, кога градот Њујорк се обидел да ги отстрани сите вагони во подземната железница кои на себе имале графити. Поради тоа, многу графитисти прибегнале кон нови начини на изрзување. Била предизвикана голема полемика на улиците расправајќи за тоа дали графитите треба да бидат сметани за конкретен вид на уметност. Пред ова движење, улиците во голема мера биле недопрени не само во Њујорк, туку и во другите поголеми американски градови. Откако превозната компанија почнала трудољубиво да ги чисти нивните возови, графитите наишле на неочекуваната незадоволна јавност на улиците на Америка. Градските власти секаде во земјата самобендисано претпоставиле дека графитите на бандите биле воглавно ограничени на уништување само во Големото Јаболко. Стилизираните поткажувачи од Јужен Бронкс биле раширени ширум целата земја, покривајќи згради, мостови и улици во секој урбан центар. Од Филаделфија до Санта Барбара, Калифорнија, годишните трошоци за чистење по уметниците од подземната железница скокнале до милијарди. За време на овој период многу графитисти почнале да ги покажуваат своите дела во галерии и да поседуваат нивни сопствени студија. Ова започнало во раните 1980‐ти со уметници како што се Жан Мишел Баскије, кој почнал со обележување на локации со неговиот потпис SAMO (Same Old Shit), и Кит Харинг кој исто така имал можност своите дела да ги прави во студио. Во некои случаи, графитисти направиле многу раскошни графити (особено оние направени во чест на некоја почината личност) на предните излози на некои продавници а дуќанџиите се двоумеле дали да ги покријат. Во Бронкс после смртта на раперот Биг Пан, неколку мурали (ѕидни слики) посветени на неговиот живот а направени од страна на ТАЦ КРУ се појавиле речиси преку ноќ; слични изливи се случиле по смртта на Де Ноториус БИГ, Тупак Шакур, Биг Ел и Џем Мастер Џеј.
Комерцијализација и влез во главната поп култура
уредиСо популарноста и легитимизирањето на графитите се дошло до некое ниво на комерцијализација. Во 2001 година, компјутерскиот гигант IBM започнал рекламна кампања во Чикаго и Сан Франциско во која биле вклучени луѓе кои на тротоарите со спреј го насликале симболот на мирот, срце и пингвин (симболот на Linux) и значат „Мир, Љубов и Linux.“ Меѓутоа поради неправилностите некои улични уметници биле уапсени и обвинети за вандализам, а IBM биле казнети со повеќе од 120,000 долари за оштета и трошоци за чистење. Во 2005 година, слична кампања започнале Sony а била извршувана од страна на ТАЦ КРУ во Њујорк, Чикаго, Атланта, Филаделфија, Лос Анџелес и Мајами со цел да се промовира нивниот пренослив PSP систем за играње. Во оваа кампања, земајќи ги предвид правните проблеми што ги имаше IBM поради својата кампања, Sony им плати на сопствениците на зградите за правата да сликаат на нивните згради „неколку замаени урбани деца како си играат со PSP исто како да е скејтборд, весла или коњче за нишање.“ Паралелно со комерцијалниот пораст дошло и до развој на видеоигрите кои исто така прикажуваат графити, обично во позитивен аспект‐на пример, Џет Сет Радио (анг. Jet Set Radio) сериите (2000‐2003) зборуваат за група тинејџери кои се борат против угнетувањето од страна на тоталитарните полициски сили што се обидуваат да ја ограничат слобода на изразување на графитистите. Во отсликувањето на негативната реакција на некомерцијалните уметници за комерцијализацијата на овој вид уметност од страна на компании како што се IBM (а подоцна и Sony) серијата Ракугаки Ококу (анг. Rakugaki Ōkoku) ( 2003‐2005 ) за Sony PlayStation 2 е за еден анонимен херој и неговите чудесни исполнети со живот графити творби како се бори против злобниот крал кој дозволува уметност само ако тој има корист од неа. Следејќи ги оригиналните корени на модерните графити како политичка сила се појавила уште една игра, „Mark Eckō’s Getting Up : Contents Under Pressure“ (2006), во која се зборува за борба против еден корумпиран град и неговото обесправување на слободниот говор, како во серијата Jet Set Radio. Други игри кои обработуваат графити се „Бомбардирај го светот“ (анг. Bomb The World) (2004), онлајн графити симулација создадена од графитистот Кларк Кент каде што корисниците можат виртуелно да бојадисуваат возови на 20 локации ширум светот, и „Супер Марио Саншајн “ (анг. Super Mario Sunshine) (2002), во која херојот, Марио мора да го исчисти градот од графитите оставени од негативецот, Баусер Џуниор што предизвикува успеси кај специјалната анти‐графити единица на Њујоршкиот градоначалник Рудолф Џулиани (искажување на „теоријата скршен прозорец“) или кај „уништувачите на графити“ на градоначалникот на Чикаго Ричард М.Дели. Многу други видеоигри кои не се насочени против графитите му дозволуваат на играчот да создава графити (како во сериите Half Life, Tom Hawk, The Urbz:Sims in the City, и Rolling). Многу други наслови содржат описи на графити (како што се The Darkness, Double Dragon 3: The Rosetta Stone, Nethack, Samurai Champloo: Sidetracked, The World Ends With You, The Warriors, Just Cause, Portal, разни примери на виртуелни графити, итн.). Исто така постојат мноштво игри каде што терминот графити е искористен како синоним за цртање (како на пример Yahoo!Graffiti, Graffiti, итн.). Марк Еко, урбан дизајнер на облека, е застапник на графитите како вид уметност за време на овој период, тврдејќи дека „графитите без сомнение се најмоќното движење во уметноста во новата историја и е водечка инспирација во целата моја кариера.“ Кит Харинг е уште еден добро познат графитист кој ги донел поп артот и графитите до комерцијален тренд. Во 1980‐тите, Харинг ја отворил првата негова продавница: која на сите им нудела пристап до неговите дела‐кои дотогаш можеле да бидат најдени насликани само на градските ѕидови. Поп Шоп понуди артикли како торби и маици. Харинг објасни, „Поп Шоп ми ја прави работата достапна. Се работи за учество на високо ниво, целта беше да не произведуваме работи што би ја поевтиниле уметноста. Со други зборови, тоа сè уште е како исказ на уметноста.“ Графитите станале заедничка одлична можност за многу членови на заедницата за уметност и дизајн во Северна Америка и во странство. Во САД графитистите како што се Мајк Џајант, Пурсју, Рајм, Ноа и безброј други направиле кариери во скејтборд, дизајн на облека и чевли за компании како што се DC Shoes, Adidas, Rebel8 Osiris или Circa. Во меѓувреме има многу други како што се ЏИН, Дејз, Блејд, Де Мек кои станале сликари и дури и не го користеле нивното почетно средство, спрејот. Но можеби најдобриот пример за инфилтрирање на графитисти во главната поп култура е тој за француската банда, 123 Клан. 123 Клан формиран како банда на графитисти во 1989 од страна на Син и Клор бавно се свртел кон илустрирање и дизајнирање но продолжил да ги одржува своите графити практика и стил. Правејќи го тоа, тие дизајнирале и произведувале, логоа и илустрации, чевли, и облека за Nike, Adidas, Lamborghini, Coca Cola, Stussy, Sony, Nasdaq и други.
Развој на глобално ниво
уредиЈужна Америка
уредиИма значајна графити традиција во Јужна Америка, а посебно во Бразил. Во Бразил, за центар на инспирацијата за многу графитисти од светот, се смета Саун Пауло. Бразил „поседува единствена и особено богата графити сцена...[здобивајќи се со] меѓународна репутација како место за инспирација.“ Графитите „цветаат во секој можен простор во бразилските градови.“ Уметнички паралели „често се повлекувани помеѓу енергијата на денешен Саун Пауло и Нујорк од 1970−тите.“ „Урбанизираната метропола“ Саун Пауло „стана новото свето место за графитите;“ Манцо алудира на тоа дека „сиромаштијата и невработеноста...[и] големите напори и услови на маргинализираниот народ,“ а и „Бразилската хронична сиромаштија“ се главните двигатели „што ја одржуваат оваа жива графити култура.“ На светско ниво, Бразил има „едни од најпроменливите дистрибуции на приход. Законите и даноците често се менуваат.“ Манцо тврди дека овие фактори придонесуваат за многу нестабилно општество, поделено со оние економски поделби и општествени тензии што го поддржуваат и го хранат „традиционалниот вандализам и урбан спорт за обесправените“ како што е графитизмот во Јужна Америка.
Среден Исток
уредиГрафитите во Средниот Исток бавно се појавувале, имало неколку луѓе кои сликале со спреј во боја во различни ‘Емирати’ од Обединетите Арапски Емирати, Израел, и Иран. Најголемиот ирански весник Хамшахри (анг. Hamshahri) издал две статии за нелегалните пишувачи на графити во градот со слика од дело на ѕидовите на Техеран на иранскиот уметник Алоун. Токискиот магазин за дизајн Пинг Маг (анг. PingMag) го интервјуирал Алоун и објавил слики од неговата работа. Израелската West Bank barrier стана место за графити, слично на Берлинскиот ѕид. Многу графитисти во Израел доаѓаат од други места од светот, како на пример ЏУИФ, од Лос Анџелес, и ДЕВИОН од Лондон. Религиската референца „נ נח נחמ נחמן מאומן“ („Na Nach Nachma Nachman Meuman“) често е напишана како графит во Израел.
Современи експерименти
уредиСовремените графити често вклучуваат дополнителни уметности и технологии. На пример, Лабораторијата за истражување на графитите ја охрабри употребата на проектирани слики и магнетни диоди кои емитираат светлина како ново средство за пишувачите на графити. Италијанскиот уметник Казо ги практикува регенаративните графити преку експериментирање со апстрактни облици и внимателни измени на претходните графити.
Одлики на општите графити
уредиНекои од најчестите стилови на графити ги имаат нивните сопствени имиња. Ознаката е најосновниот начин на пишување на името на уметникот дали со спреј или маркер. Ознаката на графитистот е негов или нејзин личен потпис. Тагирањето често е пример даден кога противниците на графити се поврзуваат со вандализам, како што тие практикуваат да ги брендираат сите видови на пишувањето графити (до сега е најчеста форма на графити). Ознаките може да содржат скриени и понекогаш тајни пораки, а може да ги содржат и иницијалите на уметникот или други букви. Освен името на графитот, некои уметници ја вклучуваат исто така и годината кога го завршиле графитот веднаш до името, на пример „Токс“ уметник од Лондон, станува Токс03, Токс04, итн. Џон Цомбикос подоцна тврдеше дека прекинатата кампања за ознаки „Borf“, која беше признаена за нејзината практикуваност во Вашингтон, е во чест на негов починат другар. Друга форма е исфрлањето, исто така познато како пополнување, со која се слика многу брзо со две или три бои, притоа губејќи ја естетиката поради брзината. Исфрлањата исто така можат да бидат исцртани на површина со една боја. Уметничко дело е посложено претставување на името на уметникот, вклучувајќи постилизирани големи или надувани букви, користејќи три или повеќе бои. Блокбастер е големо уметничко дело направено само да покрие голема област солидно со две контрастни бои, понекогаш со намера да ги спречи другите пишувачи да пишуваат на истиот ѕид. Посложен стил е „дивиот стил“, форма на графити која вклучува збиени букви, стрели и поврзувачки точки. Овие дела често тешко можат да ги прочитаат оние уметници кои не пишуваат графити бидејќи буквите се спојуваат на често нејасен начин. Некои уметници користат исто така и хартија. Критичарите на графити културата овој начин го сметаат за бавен и форма на мамење, но хартијата може да биде доста комплицирана на свој начин, а често се користи и во комбинација со други материјали. Ознаките со хартија често се направени на бела основа, или на било што што се лепи. Моделите се направени со сликање на слика на парче картон или некоја поцврста хартија, а потоа исечена со скалпел. Тоа што останува се прска со спреј, и ако е точно направено, излегува совршена слика. Многу графитисти мислат дека ако прават блокбастери или графити со посложен див стил бара многу време. Дивиот стил може да одземе (зависи од искуството и големината) од три часа до неколку денови. Друг графитист може да го направи тоа дело за неколку минути со bubble fill in. Ова беше дадено како пример од пишувачот на графити “CAP” во документарецот „Војна на стилови“, кој, како што велат другите пишувачи на графити, ги уништува делата со неговите брзи исфрлања.
Употреби
уредиТеориите за употребата на графити од страна на авангардистите датираат уште од 1961 година во Скандинавскиот институт за компаративен вандализам. Многу современи аналитичари и дури критичари на уметноста почнале да ја забележуваат уметничката вредност на некои графити и да ја признаваат како форма на јавна уметност. Според многу истражувачи на уметноста, особено во Холандија и Лос Анџелес, овој вид на уметност е, всушност делотворен за социјалната еманципација или за постигнувањето на политичката цел. Ѕидовите на Белфаст и Лос Анџелес нудат друг пример на официјално признавање. Во време на конфликти, таквите ѕидови значеле средство за комуникација и самоизразување на членовите на тие општествени, етнички и/или расно поделени заедници, и се покажале како ефективни во воспоставувањето дијалог и така се однесувале на поделбите во периодот на транзиција. Берлинскиот ѕид исто така бил покриен со графити кои ги одразувале општествените притисоци поврзани со суровото советско владеење во GDR. Во Велика Британија, Бански е најпризнаената икона за ова културно уметничко движење и во тајност го држи својот идентитет за да не го уапсат. Многу од уметничката работа на Бански може да се види на улиците во Лондон и околните предградија, иако тој има насликано и слики на Израелската контроверзна West Bank barrier со сатирични елементи за животот на другата страна. Еден нацртал дупка на ѕидот со идилична плажа, додека друг покажува планински пејзаж на другата страна. Во 2000 година исто така имало многу изложби, а скорашните уметнички работи достигнале голема сума пари.
Радикални и политички
уредиГрафитите обично имаат репутација на дел од подкултура што бунтува против власта, иако многу мислења на практиционерите често се менуваат и можат да се повзрат со многу ставови. Можат да ја изразат политичката практика и можат да формираат само еден алат во збирот од техники за отпор. Еден претходен пример го вклучува анархо-панк бендот Крас, кој водел кампања со анти-воени, анархистички, феминистички и анти-консумирачки пораки насликани како шаблони во лондонскиот подземен систем во периодот од доцните 1970-ти до раните 1980-ти. Во Амстердам графитите биле главниот дел од панк сцената. Градот бил покриен со имиња како ‘De Zoot’, ‘Vendex’ и ‘Dr Rat’. За да се документираат графитите започнал да се издава панк магазин наречен Gallery Anus. Значи кога хип-хопот дошол во Европа во раните 1980-ти тука веќе имало непостојана графити култура. Студентските протести и генералниот штрајк од мај 1968 година го украсиле Париз со револуционерни, анархистички, и ситуационистички слогани како L’ennui est contre−révolutionnaire („Досадата е контрареволуционерна“) и Lissez moins, vivez plus („Читајте помалку, живејте повеќе“). Додека да заврши протестот, графитите му дале смисла на милениумскиот и бунтовен дух, комбиниран со добар дел на хумор, од штрајкувачите. Развојот на графитизмот која се развивала во уметничките галерии и во училиштата како и „на улицата“ или „подземјето“, придонел за повторното појавување во 1990-тите на многу пополитизирана форма на уметноста. Овие движења или стилови имаат за цел да ги класифицираат уметниците според нивниот однос со нивните економски и општествени контексти, откако, во повеќето земји графитизмот остана нелегална во многу форми освен кога се користи непостојана боја. Уште од 1990-тите голем број уметници почнале да го практикуваат сликањето со непостојана боја поради многу причини—но првенствено поради тоа што е тешко за полицијата да уапсат и за судовите да казнат или осудат личност за протест што е како поблед и помалку нападен од марширањето по улиците. Во некои заедници, таквите непостојани работи преживуваат подолго од оние дела насликани со постојана боја бидејќи заедницата ја гледа работата на ист начин како општествениот протестант кој маршира на улицата—таквиот протест е непостојан но како и да е делотворен. Уметниците чиј приоритет е да имаат право на контрола врз сопственоста-а не да создадат експресивно уметничко дело, политичко или какво и да било-се откажаа од тоа да сликаат со непостојани бои. Современите практиционери, според тоа, варирале и често се спротивставувале на обичаите. Некои индивидуалци, како на пример Александар Бренер, ги користеа медиумите за да расправаат за другите форми на уметност, а ги користеа и затворските казни врз нив како средство за понатамошни протести. Обичаите на анонимните групи и поединци исто така варирале, а практиционерите често се согласувале со обичаите на другите. Анти−капиталистичката уметничка група The Space Hijackers, на пример, направи дело во 2004 година за спротивставувањето помеѓу капиталистичките елементи на Бански и неговата употреба на политички слики. На врвот од политичкиот аспект за графитите како движење, политичките групи и поединци исто така можат да ги користат графитите како средство за ширење на нивните гледишта. Оваа практика, благодарение на нејзината нелегалност, општо беше фаворизирана од групи исклучени од политичките главни струи (на пр., леви и десни групи) кои ја оправдуваат нивната активност укажувајќи на тоа дека тие ги немаат парите-или понекогаш и желбата-за да направат реклами за ширење на нивната порака, и дека владејачката класа или постава го контролира главниот медиум, систематски исклучувајќи ја радикалната/алтернативната точка на гледање. Овој вид на графити може да изгледа вулгарен; на пример фашистичките поддржувачи често чкртаат нацистички симболи и други нацистички слики. Една иновативна форма на графити што се појави во Велика Британија во 1970−тите беше поделена од страна на Money Liberation Front (MLF), посебно слаба врска со репортери од подземјето како на пример поетот и сценарист Хиткот Вилијамс и издавач на магазинот и сценарист Џеј Џеф Џонс. Тие ја започнаа употребата на хартија како средство за пропагандата на културата која е спротивна на општеството, додатното печатење на банкноти, обично со Џон Бул сетот за печатење. Иако кратко постоеше MLF беше претставителна за лондонската Ладброук Грув фокусирана на алтернативната и литературна заедница во тој период. Областа исто така беше сцена на значајна анти-постава и хумористични улични графити многу од кои создадени од Вилијамс. И двете страни од конфликтот во Северна Ирска придонесоа за создавање на политички графити. Освен слогани, Северно ирските политички графити вклучуваа голем број слики, опишани како ѕидови/мурали. Заедно со развеаните знамиња и исфарбаните камења на улиците, муралите означуваат територијално ограничување. Уметниците најчесто ги сликаат на врвовите на куќите или на мировните линии, високи ѕидови што делат различни заедници. Муралите често се развиваат во издолжен период и целат кон стилизација, со силна симболичка или иконографска содржина. Лојалистичките мурали често се однесуваат на историските настани кои датираат од војната меѓу Џејмс II и Вилијам III во доцниот 17 век, додека пак републиканските мурали често се однесуваат на поскорашните проблеми.
Како средство за легално или нелегално рекламирање
уредиГрафитите се користеле како средство за рекламирање и легално и нелегално. Во Њујорк, Бронкс, ТАЦ КРУ се здоби со репутација правејќи легални рекламни кампањи за компании како Cola, McDonalds, Toyota, и MTV. Во Велика Британија Covent Garden’s Boxfresh користел слики од револуционерот Запатиста со надеж дека вкрстените препораки ќе ја промовираат нивната продавница. Смирноф најми уметници за да користат различни графити (употребата на туби со голем притисок за чистење на гадните површини со цел да остават слика во гадната околина) како би го зголемиле познавањето на нивниот производ. Шепард Фереј, уметникот кој стои зад иконскиот постер „НАДЕЖ“ на Барак Обама, постигна популарност со неговата кампања “Андре џинот има posse” , со која уметноста на Фереј беше излепена во градови низ Америка. Обожавателите на новелата на Чарли Кипер користеле графити во вид на шаблони од слики од змејови и стилизирани наслови на книгата како средство за промовирање и поддржување на продажбата на книгата. Многу графитисти го сметаат легалното рекламирање како ‘платен и легализиран графит’ и се спротивставиле на главните рекламери. Бандата за истражување на графитите се фокусирала на неколку еминентни рекламери во Њујорк со цел да направи извештај против овој критериум.
Декоративна и висока уметност
уредиЕдна изложба од 2006 година во Бруклинскиот музеј ги покажа графитите како вид на уметност што започнала во надворешните предградија на Њујорк и достигнала голем успех во раните 80-ти со работата на Креш, Ли, Дејз, Кит Харинг и Жан Мишел Баскије. Беа изложени 22 уметнички дела од њујоршки графитисти, вклучувајќи ги Креш, Дејз и Лејди Пинк. Во напис за изложбата во Time Out Magazine, кураторот на изложбата Шарлота Котик изјави дека се надева изложбата да предизвика оние што ја виделе да размислат за нивните ставови за графитите. Теренс Линдал, уметник и извршен директор на центарот Williamsburg Art and Historic, што се однесува до графитите и изложбата рече: „Графитите се револуционерни, според мене“, рече тој, „а секоја револуција треба да се смета за криминал. Луѓето кои доминираат или кои се потчинети имаат потреба од начин за изразување на своите емоции, така што пишуваат на ѕидови−бесплатно е.“ Во Австралија, историчарите на уметност критикувале некои локални графити дека имаат доволна креативна вредност и да ги рангираат во визуелната уметност. Текстот за историјата на уметноста во весникот од Оксфорд Универзитетот Australian Painting 1788-2000 завршува со долга дискусија за клучното место на графитите во современата визуелна култура, вклучувајќи ја и работата на неколку австралиски практиционери.
Реакции на владата
уредиСеверна Америка
уредиПретставниците на графити ги сметаат графитите како метод за барање на јавен простор или да покажат некоја уметничка форма, нивните противници ги сметаат за несакана иритација, или како скап вандализам барајќи поправка на уништената сопственост. Графитите можат да бидат гледани како проблем за „ квалитетот на животот“, а нивните критичари предлагаат дека присуството на графити придонесува за општата смисла на нечистотијата и зголемен страв од злосторство. Во 1984 година, беше формирана Philadelphia Anti-graffiti Network. Таа водеше до создавањето на програмата за муралната уметност, која заменуваше успешни спотови со разработени мурали што биле заштитени со градските закони, растечките добра и казни за било кој фатен како уништува мурал. Претставниците на „теоријатата на скршениот прозорец“ веруваат дека оваа смисла на падот го охрабрува понатамошниот вандализам и го промовира водењето на средината кон напади што се многу посериозни. Поранешниот градоначалник на Њујорк, Ед Кох ја оправдува оваа теорија и со тоа ја поттикна агресивната кампања против графитите во Њујорк во раните осумдесетти, што резултираше со хемиско миење на возовите што ја избледе бојата. Оттогаш Њујорк ја усвои насилната политика без толеранција. Како и да е, во светот, властите често, иако не секогаш, ги третираат графитите како помало злодело, иако со многу различни казни. Покривите станаа главната локација откако изумреа возовите. Во 1995 година, градоначалникот на Њујорк Рудолф Џулијани ја формираше привремената антиграфити група, со многу иницијативи за дејствување за да се борат со проблемот кој го претставуваат графити-вандалите во Њујорк. Ова започна строги мерки против квалитетот на животните злодела, а и една од најголемите кампањи против графитите во историјата на САД. Истата година документот 10-117 од Њујоршкиот административен правилник ја забрани продажбата на лименки со спреј на деца под 18 години. Законот исто така бара трговците кои продаваат спреј во боја да го заклучуваат во кутија или да ги ставаат лименките на скриено место, вон дофат на крадците. Кршењето на законот против графитите на градот изнесува 350 долари по казна. Познатиот њујоршки графитистот Зефир напишал спротивставен став на овој закон. На 1 јануари, 2006, во Њујорк, со законите создадени од член на советот Питер Валон Помладиот, поседувањето на спреј за сликање или постојани маркери стана забрането за лица под 21 година. Законот предизвика бес кај модниот и медиски моќниот Марк Еко кој го тужеше градоначалникот Мајкл Блумберг и членот на советот Валон во име на студентите на уметност и легитимните графитисти. На 1 мај 2006, судијата Џорџ Б. Дениелс го одобри барањето на тужителите за прелиминарниот налог против скорашните амандмани на законот против графитите, во основа забранувајќи и (на 4 мај) на Њујоршката полиција да наметнува рестрикции. Слична мерка беше предложена во судот во Њукасл, Делавер во април 2006 и беше изгласана како судски закон во мај 2006 година. Градоначалникот на Чикаго, Ричард М. Делеј создаде група за да ги елиминира графитите и другите вандализми. Бирото нудеше бесплатно чистење во рок од 24 часа од телефонскиот повик. Бирото користи бои (слично на градската шема) и сода за да ги отстрани различните видови графити. Во 1992, беше изгласан закон во Чикаго со кој се забранува продажбата и поседувањето на спреј за сликање, и одредена опрема и маркери. Законот е вклучен во Глава 8−4: Јавен мир&благосостојба, дел 100: Нелегалност. Според законот (8−4−130) графитите се навреда и казната изнесува 500$ за инцидент, надминувајќи ја казната за јавно пијанство, илегална продажба, или прекин на религиозната служба. Во 2005 година, во Питсбург беа имплементирани системи за влегување во трага на графитистите. Еден од првите што беше идентификуван беше Даниел Џозеф Монтано. Тој беше наречен „Кралот на графитите“ поради тоа што имал тагирано околу 200 згради во градот.
Европа
уредиВо Европа, тимовите за чистење на заедницата реагираа на графитите, како кога во Франција во 1992 година локална група уништи две праисториски слики од бизони во пештерата Mayrière supérieure во близина на француското село Бруникел во Tarn−et−Garonne, притоа добивајќи ја Нобеловата награда за археологија во 1992 година. Во септември 2006 година, Европскиот парламент ја натера Европската комисија да создаде политика за урбаната средина со цел да се избегне и елиминира нечистотијата, ѓубрето, графитите, изметот од животните и преголемата бучава од домашните музички системи и оние од возилата во европските градови, заедно со другите грижи за урбан живот. The Anti-Social Behaviour Act од 2003 година стана најновиот британски закон против графитите. Во август 2004 година, кампањата Чувајте ја Британија чиста објави напис во весниците за строго применување на законите за графитите и за поддржување на предлозите за казнување на графити кршачите на законите и за забранување на продажбата на аеросолна боја на секој под 16 години. Написот исто така ја осуди употребата на графити во реклами и во музички спотови. За да ја поддржат кампањата, 123 парламентарци (вклучувајќи го и премиерот Тони Блер) потпишаа повелба која гласеше: Графитите не се уметност, тоа е злосторство. Во име на моите граѓани, ќе сторам сè што можам за да го отргнам овој проблем од нашата заедница. Како и да е, последните неколку години британската графити сцена беше stuck од самонаречениот ‘уметнички терорист’ Бански, кој радикално го смени стилот на британските графити (ставајќи ја употребата на шаблони на прво место за побрзо сликање) како и содржината; правејќи ја неговата работа повеќе сатирична за социолошката состојба на градовите, или политичката клима за војна, често користејќи мајмуни и стаорци како мотиви. Во Велика Британија, градските совети имаат моќ да започнат акција против сопственикот на било која сопственост што била уништена за време на Anti−Social Behaviour Act од 2003 година (како што беше додадено во Clean Neighbourhoods and Environment Act 2005) или во некои случаи, the Highways Act. Ова често се користи против сопствениците на имоти кои дозволуваат на заштитните табли да биде цртано сè додека имотот не е оштетен. Во јули 2008 година, со заговор за првпат беа осудени графитисти. После тримесечно набљудување од страна на полицијата, девет членови на бандата DPM беа осудени со заговор за вршење на криминална штета што чини 1 милион фунти, пет од нив добиле затворски казни, од 18 месеци до две години. Недоволната истрага и строгите казни ја обнови јавната дебата за тоа дали графитите треба да бидат сметани за уметност или злосторство. Некои совети, како тој во Страуд, Глостершир дозволуваат на одредени области околу градот графитистите слободно да го покажуваат својот талент, вклучувајќи и тунели, паркинзи и ѕидови што би можеле да бидат мета за спрејовите.
Австралија
уредиСо намера да се намали вандализмот, многу градови во Австралија одбрале ѕидови и области само за употреба од страна на графитистите. Таков пример е Графити тунелот сместен во Кампредаун Кампусот на Универзитетот во Сиднеј, кој е достапен за било кој студент од Универзитетот да пишува на него, рекламира, и создава уметност. Претставниците на оваа идеја сугерираат дека ова го обесхрабрува незначајниот вандализам но ги охрабрува уметниците да произведуваат одлична уметност, без да се грижат да бидат фатени или уапсени за вандализам или нелегално влегување на туѓа територија. Други не се согласуваат со овој пристап, расправајќи дека присуството на легални графити ѕидови не ги намалува нелегалните графити секаде. Некои локални владини области околу Австралија формираа екипи за борба против графитите кои ги чистат графитите во областа, а таквите групи како BCW (Buffers can’t win) презеле чекори за да бидат еден чекор пред локалните графити чистачи. Многу државни влади ја забраниле продажбата или поседувањето на спреј за сликање за оние под 18 години (возраст на полнолетство). Како и да е, одредени владини претставници во Викторија презеле чекори за да го признаат културното наследство на некои примери на графити, како ценети политички графити. Иако во Австралија биле воведени нови закони за графитите со казни до 26,000 австралиски долари и две години затвор. Казната за носење спреј за кој не можеш да дадеш легална причина за носење е 550 австралиски долари. Мелбурн е добро познат графити град во Австралија со многу од неговите улици кои се туристички атракции, како на пример Hosier Lane, која е популарно одредиште за фотографи, за сликање на младоженци . Според водичот Lonely Planet travel улиците на Мелбурн се најголемата атракција. На многу места во градот можат да бидат најдени примери од сите видови графити. Добро познати улици во кои го има овој вид уметност се: Fitzroy, Collingwood, Northcote, Brunswick, St. Kilda и the CBD. Како што се движиш подалеку од градот, главно покрај шините во предградијата, графитите стануваат се позабележливи. Многу светски уметници како Бански ја оставија својата работа во Мелбурн а во 2008 година беше ставена заштитна пластика на едно уметничко дело на Бански за да не биде уништено, преживеало од 2003 година со почит од локалните улични уметници кои избегнувале да пишуваат на него. Но неодамна беше покриено со боја.
Нов Зеланд
уредиВо февруари 2008 година премиерот на Нов Зеланд Хелен Кларк најави владини мерки против тагирањето и другите форми на графити вандализмот, опишувајќи го како уништувачко злосторство кое претставува инвазија на јавната и приватна сопственост. Новиот усвоен закон вклучуваше забрана на продажбата на лименки со спреј за сликање на лица под 18 години и максимално ги зголеми казните од 200 до 2000 новозеландски долари или зголемена работа во општествена корист. Доста се расправаше за означувањето и имаше еден инцидент во Окленд во јануари 2008 каде што средовечен сопственик на имот до смрт избоде едне од двајца тинејџери тагери и потоа беше осуден за убиство без предумисла.
Азија
уредиВо Кина, графитите почнаа со Мао Зедонг во 1920−тите кој користеше бунтовнички слогани и слики на јавни места за да ја поттикне комунистичката револуција во градот. Мао го има рекордот за најдолго парче графити, кое содржин 4000 симболи со кои ги критикува своите учители и состојбата на кинеското општество. Графитите сè уште во својот зародиш во земјите во развој како Непал, Бутан, Пакистан. Во 1993 година во Сингапур, неколку скапи коли беа најдени испрскани со спреј. Полицијата уапси еден студент од сингапурското американско училиште, Мајкл П. Феј, го испраша и го казни за вандализам. Феј се изјасни за виновен за уништување на колата а исто така и за крадење на патни знаци. Според The Singapore Vandalism Act од 1966 година, кој го ограничуваше ширењето на комунистичките графити во Сингапур, судот го казни со четири месеци затворска казна, казна од 3,500 сингапурски долари (2,233 американски долари или 1,450 британски фунти), и тепање со дрво. Њујорк Тајмс во неколу изданија го осуди казнувањето и ја повика американската јавност да излезат на протести пред сингапурската амбасада. Иако сингапурската влада доби многу молби за милост, тепањето на Феј се случи на 5 мај, 1994 година во Сингапур. Официјално Феј доби шест удари со дрво, но тогашниот претседател на Сингапур Ong Teng Cheong одлучи да ја намали неговата казна на четири удари.
Документарци и филмови
уреди- 80 Bloks from Tiffany’s (1979), Одличен поглед на Њујорк од ‘70−тите непосредно пред крајот на неславните групи од Јужен Бронкс. Документарецот покажува многу страни на главно порториканската заедница во Јужен Бронкс вклучувајќи, подобри членови на бандите, сегашните членови на бандите, полицијата, и водачите на заедницата.
- Stations at the Elevated (1980), првиот документарец за графитите во подземната железница во Њујорк, со музика од Чарлс Мингус
- Wild Style (1983), драма за хип-хоп и графити културата во Њујорк
- Style Wars (1983), документарец за хип-хоп културата, направен во Њујорк
- Quality of life (2004) драма за графитите во Mission District Сан Франциско, со главна улога на/косценарист еден пензиониран графити пишувач
- Piece by piece (2005), долгометражен документарец за историјата на графитите во Сан Франциско од раните 1980−ти па до денешен ден.
- Infamy (2005) , долгометражен документарец за графити културата според искуствата на шест добро познати графити пишувачи и еден графити buffer.
- NEXT: A Primer on Urban Painting (2005), документарец за глобалната графити култура.
- RASH (film) (2005), документарец за Мелбурн, Австралија и за уметниците кои го прават атракција со нелегалната уметност наречена улична уметност.
- Bomb the system (2006), драма за банда графитисти во современ Њујорк
- BOMB IT (2007), документарец за графити и уличната уметност снимен на пет континенти.
- Jisoe (2007), поглед на животот на графити пишувач од Мелбурн (Австралија). На публиката и покажува пример од графити во областите на Мелбурн.