Градови-херои во СССР

(Пренасочено од Градови херои во СССР)

Град-херој (руски Город-герой) бил почесен назив кој им се доделувал на градовите во Советскиот Сојуз, за извонредно херојство на неговите жители за време на Големата патриотска војна, од 1941 до 1945 година.[1]

Дванаесет градови во Советскиот Сојуз го добиле оваа име. Според статутот, президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз му го доделувал на градот Орденот на Ленин, медалот Златна Ѕвезда и потврда за херојско дело (Писмо). Во согласност со сето тоа, соодветен обелиск бил поставен во градот.

Медалот Златна Ѕвезда

Историја

уреди

Употребата на името „град-херој“ датира од написите во „Правдa“ од 1942 година, а првата официјална употреба на името датира од 1 јануари 1945 година, кога Јосиф Сталин издал Заповед на врховниот командант бр. 20, наредувајќи испукување на почесна стрелба во чест на херојските градови Ленинград, Сталинград, Севастопол и Одеса“.

По повод дваесетгодишнината од почетокот на Големата патриотска војна, 22 јуни, 1961 година, името „град-херој“ беше користено и за Киев во декретите со кои на Киев му беше доделен Орден на Ленин и кој го воведе медалот „За одбрана на Киев“.

Името „град-херој“ беше официјално воведено со декрет на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, на 8 мај 1965 година, по повод дваесетгодишнината од победата во Големата патриотска војна. Истиот ден беа издадени декрети со кои се беа наградени градовите: Москва, Ленинград, Волгоград (поранешен Сталинград), Киев, Севастопол, Одеса и тврдината Брест. Во 1988 година службено било укинато доделување на оваа име.

Градови-херои

уреди

Москва

уреди

Пред портите на советската престолнина, германските агресори го претрпеле својот прв значаен пораз во 1941 година. Пробивањето на германската армиска група „Центар“ запре во втората половина на ноември во 1941 година, во пооддалечените предградија на Москва. Советската влада била евакуирана во Куибишев, но Јосиф Сталин одлучил да остане во градот.

Во борбата помеѓу одлучноста и очајот, московјаните помогнале во изградбата на одбранбени позиции на улиците на Москва. Метро-станиците служеле како засолништа за време на воздушните напади на Германија. Генералот Георгиј Жуков, кој ја презел командата за одбраната на градот, ја напуштил тактиката на блиски борби и се фокусирал на свежите сили од Сибир за противнапад.

Следела советската контра-офанзива на 5 и 6 декември 1941. По невообичаено тешката зима и силниот студ, советските единици, вклучувајќи ги и добро опремените ски-баталјони, ги избркале силите на Третиот рајх од Москва и ги консолидирале своите позиции на 7 јануари 1942 година. Победата во Битката кај Москва му дала голем поттик на сериозно деморализираниот советски народ.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз бил награден со титула „град-херој“, на 8 мај 1965 година.

Ленинград

уреди
 
Обелиск за град-херој во Санкт Петербург

Ленинград бил место на една од најголемите човечки трагедии во времето на Втората светска војна. Пред војната, градот имал три милиони жители. До август 1941 година, Германците дошле во јужните предградија. Во меѓувреме, Финците ја вратиле изгубената Карелија (северозападно од градот), изгубена за време на војната со СССР во 1940 година. Градот бил целосно отсечен од остатокот од светот на 8 септември 1941 година. Останале без никаква копнена врска. Финскиот Залив бил блокиран. Единствената врска била водниот пат преку езерото Ладога, меѓу другото, и затоа што финската команда не се согласувала со германските барања за понатамошно напредување преку реката Свира и заземање на остатокот од езерскиот брег (Финците биле заинтересирани само за враќање на изгубените области во Зимската војна). Бидејќи заземањето на градот било прескапо во војска и опрема за германците, а соочени со жесток советски отпор, германците започнале опсада, со цел да го исцрпат и изгладнат целиот град до смрт. Наскоро населението останало без струја, вода и греење. Целиот јавен сообраќај запрел во текот на зимата 1941/42 година. Во 1942 година трамваите биле повторно во употреба (тролејбусите и автобусите биле нефункционални до крајот на војната). Илјадници ленинградци починале или умреле од глад во првата зима на опсадата, умирале дома или паѓале од истоштеност на улиците. Во меѓувреме, германската артилерија продолжила со нападите врз градот. Иако опсадата траела 900 дена, градот не се предал. Кога површината на езерото Ладога замрзнало, се отворил „патот кон животот“, кој водел кон јужните брегови на езерото, кои ги држела советската армија. Така, тргнала долга колона камиони, носејќи храна и залихи во опколениот град и евакуирајќи ги граѓаните при нивното враќање. И храната и цивилниот транспорт биле редовно напаѓани од германската артилерија и воздухопловните сили.

Кога советските трупи ја пробиле опсадата во јануари 1944 година, над еден милион жители на Ленинград починале од глад, смрзнување и гранатирање. Околу 300.000 војници биле изгубени во одбраната и кршењето на обрачот на Ленинград.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, тој бил награден со титулата „град-херој“, на 8 мај 1965 година.

Сталинград

уреди

Одбраната на Сталинград од јуни до ноември 1942 година, потоа противофанзивата од 19 ноември 1942 која ги опкужила силите на Оската во и околу градот, како и предавањето на германската војска на 2 февруари 1943 година ја обележила пресвртната точка на Втората светска војна.

Упорноста и острината на битката за Сталинград ја отсликуваат жилавата борба во Големата патриотска војна. Силното бомбардирање од силите на Третиот рајх и нивните сојузници и убиството на илјадници цивили го претворило градот во урнатини. Работниците на фабриките за оружје во градот прво доставувале оружје и муниција на бранителите на градот, и како што германците се приближувале кон градот, тие морале да се борат и самите.

Голем број советски сили биле донесени во градот преку реката Волга, и покрај непријателскиот оган. Германската супериорност во оклопните единици станала бескорисна во уличните борби над урнатините на зградите и руинираните улици. Жестоката борба гради во гради на улиците, зградите и фабричките сали продолжиле со месеци. Црвената армија ги насочила сите своите неангажирани единици од Москва кон долната Волга, пренесувајќи ги сите достапни авиони од целата земја во областа на Сталинград. Германците и нивните сојузници изгубиле една четвртина од своите сили на Источниот фронт и никогаш не се опоравиле од овој пораз. Вкупните жртви на двете страни се проценуваат на меѓу милион и два милиони.

Со името град-херој тој се здобил со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, на 8 мај 1965 година.

Киев

уреди
 
Обелиск на град-херој во Киев

Киев, главниот град на Украина, станал место на најголемата битка, опколен од окупаторот, во летото 1941 година. Кога германците ја започнале офанзивата на 7 јули, советските единици концентрирани околу областа Киев добиле наредба да останат на своите позиции, а секој обид за пробивање бил забранет.

Опсадените сили тешко се бранеле. Илјадници цивили се пријавиле доброволно да помогнат во одбраната на градот. Киев бил окупиран на 19 септември, и биле заробени над 600.000 припадници на советските единици, а целиот обрач бил расчистен. Сепак, продолжениот отпор го забавил и нарушил нацистичкиот план за брз продор. Од друга страна, битката била величествена победа за силите од Третиот рајх и катастрофален пораз за советските сили. Таа имала големо влијание врз моралот и Адолф Хитлер ја издигнал победата до најголемата победа во историјата.

За време на германската окупација на Киев, стотици илјади цивили биле убиени или депортирани на принудна работа. Киев станал повторно бојно поле, кога инвазивните советски сили ги турнале германците на запад, ослободувајќи го градот на 6 ноември 1943 година.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, тој бил награден со титулата „град-херој“, на 8 мај 1965 година.

Одеса

уреди

На почетокот на август 1941 година, пристаништето на Црно Море во Одеса во Украина било нападнато од единиците на Романија, кои се бореле заедно со германците. Жестоката битка за одбрана на градот траела до 16 октомври, кога преостанатите советски сили, како и 15.000 цивили биле евакуирани по море. Партизанската борба продолжила во окупираниот град.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, Одеса била наградена со титулата „град-херој“, на 8 мај 1965 година.

Севастопол

уреди
 
Споменик за град-херој на Севастопол

Црноморското пристаниште Севастопол била силно бранета тврдина на полуостровот Крим. Германските и романските сили навлегле во понатамошното предградие на Севастопол од север. Нападот врз градот започнал на 30 октомври 1941 година. Бидејќи не успеале да го заземат градот, силите на Оската започнале опсада, со силно бомбардирање на градот.

Втората офанзива започнала во декември 1941 година и завршила со неуспех, бидејќи советските копнени и поморски сили жестоко се бранеле. Градот паднал во рацете на непријателот дури во јуни 1942 година. Тој бил ослободен по жестоките борби во јануари 1944 година.

Со одлука на Врховениот совет на Советскиот Сојуз Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз, на Севастопол му била доделена титулата „град-херој“ на 8 мај 1965 година.

Брестовска тврдина

уреди
 
Влез во Брестовската тврдина

Тврдината во Брест, во Белорусија, се наоѓала источно од тогашната граница помеѓу Советскиот Сојуз и Третиот рајх. Оваа граница била извлечена во тајност, како таен додаток на договорот Рибентроп-Молотов, и наскоро била утврдена де факто, откако двете договорни страни ги нападнале и ја поделиле Полска, во септември 1939 година.

Тврдината имала малку предупредувања кога силите на Оската го нападнале СССР на 22 јуни 1941 година. Веднаш станала место на првите големи битки меѓу советските и нацистичките единици. Бидејќи, поради силната одбрана на советските гранични единици, првиот напад не успеал. Единиците на Третиот рајх започнале втора опсада.

Гарнизонот Брест од четири илјади војници стационирани во тврдината жестоко се спротивставил на германските напади. Иако првично биле изненадени од нападот и фактот дека се помали, со сооднос на моќност од 10:1 во корист на непријателот, и иако биле отсечени од остатокот од светот и останале без храна, вода и муниција, дефанзивците се бореле и контрирале до последен момент.

Германците ги користеле тенкови, солзавци и пламено-фрлачи, но тие не можеле да го скршат отпорот на Советскиот Сојуз. Откако германците конечно успеале да го заземат поголемиот дел од урнатото утврдување, со големи загуби на одбраната, крвавата битка продолжила под земја. Борбите завршиле само во втората половина на јуни. Дотогаш, на другите фронтови, германските сили напредувале стотици километри понатаму источно.

Дури и кога тврдината била официјално целосно окупирана, неколкуте преживеани борци продолжиле да се кријат во темелите и да прават диверзии кон германскиот окупатор уште неколку месеци.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз била наградена со титулата „тврдина-херој“, на 8 мај 1965 година, по повод дваесетгодишнината од победата над фашизмот.

Керч

уреди

Керч е пристаниште на исток од полуостровот Крим. Создала мостобран во близина на теснеците, што го одделувало Крим од копното, од Советскиот Сојуз.

По жестоките борби, германците го зазеле во ноември 1941 година. Советите го вратиле под своја контрола во операција за десант на 30 декември 1941 година. Во јануари 1942 година, германците повторно го окупирале, но сепак, советските партизански сили останале на карпите во близина на градот до октомври 1942 година.

 
Кованица од 2 рубљи од 2000 година

На 31 октомври 1943 година Советите започнаа уште еден поморски напад. Уништениот град конечно бил ослободен на 11 март 1944 година.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, тој бил награден со титула град-херој, на 14 септември 1973 година.

Новоросијск

уреди

Градот Новоросијск на источниот брег на Црното Море било одбранбено упориште од германската летна офанзива во 1942 година. Неизвесните борби во и околу градот траеле од август до септември 1942 година. Советите успеале да ја задржат контролата врз источниот дел на заливот, со што ги спречиле германците да го користат пристаништето за помош на единиците со бродови.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз, тој бил награден со титула град-херој, на 14 септември 1973 година.

Минск

уреди

Минск, град во Белорусија, бил опкружен од напредувачките германски сили во втората половина на јуни 1941 година. Заробени во голем џеб, советските сили се бореле со очајна жестокост. Отпорот бил скршен на 9 јули, заробувајќи 300 000 советски војници. За време на тригодишната окупација, Германците убиле околу 400 000 цивили во и околу градот. Областа во Минск станала центар на советската партизанска активност зад непријателските линии.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз на 26 јуни 1974 година му била доделена титула град-херој.

Тула

уреди

Тула е руски град со важна воена индустрија. Се наоѓа јужно од Москва, што го ставил на патот на германските агресори, како стратешка цел. Против него била спроведена офанзива со цел да се пробие советскиот отпор во областа Москва помеѓу 24 октомври и 5 декември 1941 година. Цврсто утврдениот град издржал, со што го обезбедил јужното крило за време на одбраната на Москва, создавајќи услови за контраофанзива.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз на 7 декември 1976 година му била доделена титула град-херој.

Мурманск

уреди
 
Кованица од 2 рубљи од 2000 година

Градот Мурманск на полуостровот Коли, во близина на границите на Норвешка и Финска, бил стратешки важно пристаниште и индустриски град. Тоа било единствено советско пристаниште кое не било замрзнато во зима и било од витално значење за транспорт на стока на југ.

Силите на Третиот рајх, вклучувајќи 800 финци под германска команда, започнале офанзива кон Мурманск на 29 јуни 1941 година. Повеќе од 180 000 гранати биле испукани кон градот. Упорниот советски отпор во тундрата и неколку советски противнапади го оневозможило продирањето на силите на Оската.

Силите на Оската ги запреле нападите во втората половина на октомври 1941 година, не успевајќи да го заземат Мурманск или да ја пресечат карелиската железница.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз на 6 мај 1985 година, тој бил одликуван со титула град-херој.

Смоленск

уреди
 
Кованица од 2 рубљи од 2000 година

Смоленск е град на патот кон Москва. Како таков, тој се нашол на патот на германските агресори. Советите таму подготвиле организирана одбранбена линија, а летото 1941 година таму се случила Битката кај Смоленск.

Германските оклопни дивизии од армијата „Центар“ го започнале нападот на 10 јули, со цел да ги опколат советските трупи во Смоленск и неговата околина. Советскиот отпор бил жилав и жесток и биле покренати неколку противнапади. Советите дури успеале привремено да го пробијат германскиот обрач, при што успеале да ги евакуираат единиците од областа.

Битката завршила во првата половина на септември. Жестоките борби значително ја забавиле општиот германски продор кон Москва, за да можат да се зајакнат одбранбените линии на исток.

Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз на 6 мај 1985 година, тој бил одликуван со титула град-херој.

Галерија

уреди

Поштенски марки на Советскиот Сојуз од 1965 година со слики од првите 7 градови-херои.

Извори

уреди
  1. „Градови-хероја СССР-а: историја задатка наслова“. Плаи-Азлаб. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 16 јануари 2020.

Надворешни врски

уреди