Г’зим Острени
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Г’зим Острени (албански: Gёzim Ostreni; Дебар, 1 ноември 1942) — македонски политичар, главен командант на ОНА (генерал-мајор) и висок офицер на КЗК суспендиран од Агим Чеку поради поврзаноста со ОНА.[1] Тој е десна рака на Али Ахмети[2]
Г’зим Острени Gёzim Ostreni | |
---|---|
Држава | ОВК ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Пратеник во Собранието на Република Македонија (2002-2006) | |
---|---|
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 ноември 1942 Дебар, Кралство Албанија |
Националност | Македонец |
Народност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Вероисповед | Муслиман |
Животопис
уредиОстрени е роден во Дебар на 1 ноември 1942 година. Има завршено високо образование и живее во Дебар[3]. Тој бил поранешен командант на штабот на ТО во Дебар до 1990 кога отишол во пензија. Во 1998 бил раководител на Штабот за безбедност на паравоената формација во Македонија, формирана заедно со неколку Албанци од Дебар и околијата. Во 1998 заминува за Косово и се приклучува на ОВК во реонот на Дукаѓини и Ѓаковица како инструктори набрзо станува член на највисокото раководство на ОВК и деделен му е чин генерал-мајор. Често престојувал во Пеќ, каде добил куќа во сопственост, блиндирано возило и телохранители. По трансвормирањето на ОВК во КЗК бил назначен за командант на 3 заштитна зона (Дукаѓин). По завршувањето на војната во Косово, заминува во Прешевската Долина и учествува во формирање на формации на ОВПМБ. На 13 мај 2001 е назначен за главен командант на ОНА. На 27 септември 2001 се појавил во Шипковица на прес конференцијата на Али Ахмети за расформирање на ОНА и потоа на 5 јуни 2002 станал член на Централното претседателство на партијата на Али Ахмети, Демократска унија за интеграција (ДУИ), каде биле и Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика, Хисни Шакири, Теута Арифи, Муса Џафери, Назми Бекири и Рафис Халити.
На 3 февруари 2001 во телевизиско интервју изјавувил дека го организирал нападот во селото Вејце, за кое вели дека не постоел масакр. Вејце е во месноста Бреза, тетовско каде на 28 април 2001 во 17.45, беа убиени, а потоа масакрирани осум припадниците на безбедносните сили (масакрот кај Вејце). Ставен е на црната список на преседателот Џорџ В. Буш од 27 јуни 2001 година како лице непожелно за САД[4]. Потоа е додаден како терорист во листите на ЕУ од 16 јули 2001[5] и листите на Македонија од 27 јули 2001[6]. Бил пратеник во Македонското Собрание во мандат од 2002 до 2006 година[3].
Наводи
уреди- ↑ Phillips, John (2004). Macedonia: warlords and rebels in the Balkans (англиски). I.B.Tauris. ISBN 9781860648410.
- ↑ Крамарска, Соња (25 декември 2010). „Приштина, а не Тирана, е хоризонтот за Албанците од Македонија“. Утрински Весник. Посетено на 2010-12-25.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 „Пратенички состав на ДУИ“. Собрание на Македонија. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ „Црна список на САД“ (англиски). June 27, 2001. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ „Европска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-02-17. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.