Прешевска Долина (српски: Прешевска долина; албански: Lugina e Preshevës) — албанска политичка фраза[1] користена да се опишат двете јужни српски општини Бујановац и Прешево, кои имаат мнозинско етничко албанско население. општината Медвеѓа е понекогаш исто така вклучена под овој термин, иако има мнозинско српско население[2] Официјално, тие се наречени како "општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа".[3] Геополитички, регионот е центар на Албанците во Централна Србија каде Албанците сочинуваат 54,6% од населението во Бујановац, 89% во Прешево (2002) и 7% во Медвеѓа (2011).

Бујановац и Прешево, двете општини кои ја сочинуваат Прешевската Долина
Косово, Северно Косово и Албанците во пограничниот регион во Србија (Прешево, Бујановац и Медвеѓа)

Географија

уреди

Географски, Прешевската Долина се наоѓа на речниот басен на реката Прешевска Моравица, која извира во близина на градот Прешево сè до соединувањето со Јужна Морава кај Бујановац. Овој регион е дел од Моравско/Вардарскиот северно-јужен патен правец низ Балканот, кој го следи текот на Голема Морава и Јужна Морава низ Србија. Овој регион го има паневропскиот коридор и Европскиот автопат Е75. Важноста на овој правец за Србија се зголеми од 1999, кога другиот алтернативен патен правец, низ Приштина, стана некорисен поради Косовската војна.

Некои аналитичари проценуваат дека Белград од стратешки причини не смее да се откаже од овие три општини на југот на Централна Србија. Низ територијата на Општина Прешево поминува Коридорот 10, кој е стратешки важен автопат и во случај Прешево да се припои кон Косово тоа драстично би го смалило излезот и граничната линија на Србија кон Македонија. На некој начин тоа го потврди и Вук Јеремиќ, кога пред некое време во улога на српски Министер за Надворешни Работи одговараше на прашања од англиските студенти. Во таа пригода тој рече: "Признавањето на Косово би бил опасен преседан, токму поради фактот што има и некои кои го нарекуваат самиот југ на Централна Србија - Источно Косово."

Терминологија

уреди

Албанците го нарекуваат овој регион "Прешевска Долина" (Lugina e Preshevës) или едноставно "долината", и обично ги асоцираат северниот дел од општината Медвеѓа со оваа област. Меѓу Албанците, чест назив кој е употребуван е "источно Косово" (албански: "Kosova Lindore"), кој посочува за отцепувањето на областа од Косово и припојувањето кон Србија по Втората светска војна.[4] Поради албанските територијални барања, паралелниот српски термин "Прешевска Долина" е политички конотиран. Во српските официјални соопштенија, областа е обично наречена како "територија на општините Прешево и Бујановац [и Медвеѓа но само во политички контекст за регионот]".

Демографија

уреди

Двете општини во Долината имаат мнозинско албанско население, додека општината Бујановац има и големо српско население. Најголемите населени места се градовите Прешево (со мнозинско албанско население), Бујановац (со српска множина) и Медвеѓа (со српско мнозинство).

Прешевската долина (со Медвеѓа) опфаќа 1.249 км2 и има околу 89.000 жители, со густина од 71 на километар квадратен и 64% Албанци. Општина Прешево опфаќа 264 км2 и има околу 35.000 жители и густина на население 129 км2 со 89% Албанци.

Година Жители
1948 5102
1953 5051
1961 5680
1971 7657
1981 11637
1991 15107
2003 17899

Општина Бујановац опфаќа 461 километар квадратен и има околу 44.000 жители, и густина на население од 95 на километар квадратен и 55% Албанци.

Историја

уреди

Прешевската долина (поточно општините Прешево и Бујановац) беше административно одделена од Косово во 1945 од југословенските комунисти во замена на двете општини во Косово, Лепосавиќ и Зубин Поток, кои во тоа време и денес имаат српско мнозинство.[се бара извор] Лепосавиќ и Зубин Поток административно припаѓаат во Северно Косово. Причината на припојувањето на Лепосавиќ и Зубин Поток кон Косово, беше поради тоа што токму во тие општини српскиот етнички елемент беше најјак, додека во остатокот од Косово слабееше. Според албанските историчари, припојувањето на општините Прешево и Бујановац кон Србија, претставува "дефрагментирање на етнички албанската територија", додека Србите ова го коментираат како стремеж за да се создаде Голема Албанија за сметка на териториите на Србија.

Мислења

уреди

Според албанските водачи од Прешево, Медвеѓа и Бујановац припојувањето на овие општини кон Косово би одговарало на границите кои ги имаше Косово до 1956 година. За тоа не се повикуваат само како критериум на бројната надмоќ на Албанците во овие општини кон Косово, туку и поради блиската историја. Ова исто така го тврди и пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово во приштинскиот парламент, Љутви Хазири кој до албанско-американскиот совет побарал да усвои нацрт резолуција за Источно Косово, како што ги нарекува општините населени со Албанци на југот на Централна Србија. Според него, целта на таа резолуција е дека општините Прешево и Бујановац во целина и руралниот дел од општината Медвеѓа треба да му припаднат на Косово, додека општина Лепосавиќ во Северно Косово треба да му припадне на Србија, освен селата во таа општина кои се населени со Албанци.

Според српска гледна точка, која ја претставува историчарот Миомир Гаталовиќ, Бујановац, Прешево и Медвеѓа никогаш не припаѓале на Косово, ниту кога Косово имаше статус на автономна област, ниту пак кога го доби статусот на покраина. Сè до 1960, Косово имало статус на автономна област која се состоела од пет срезови: приштински, призренски, ѓаковски, пеќски и косовскомитровски. Власта се одлучила да ги укине и да направи 28 општини и тогаш дошло до заокружување на одредени општини на северот кон Копаоник како што се општините Лепосавиќ и Лешак на Северно Косово. Тие де проширени на сметка на тогашната Централна Србија. Но, тоа е направено од практични причини, затоа што народот, главно Србите, кои тука живееле, поради работата гравитирале кон Косовска Митровица.

Според српска гледна точка, овие општини се потврдени и во уставот од 1963. кога АКМО (Автономната Косовско-Метохиска Област) доби статус на автономна покраина. Према тоа, многу Срби сметаат дека тиа е лошо направено поради на тој начин дел од Копаоник е припоен кон Косово. Тука се сведува и фактот што постои и една историски непотврдена теза дека на проширувањето на Косовските општини на сметка на Централна Србија инсистирал Петар Стамболиќ, кој бил комунистички функционер во тоа време. Како делегат од тие подрчја тој, наводно верувал дека за себе ќе добие поголем број гласови од тамошните Срби.

Конфликтот во Прешевската Долина

уреди

Во 2001, по Косовската војна, имаше борби меѓу југословенските безбедносни сили и албанските герилци поврзани со ОВК. Целта на герилците беше да воспостават тотална контрола во Прешево, Бујановац и Медвеѓа и да ги држат сè додека соседните области населени со Албанци, Косово и западна Македонија, не дојдат под албанска контрола. Ова би требало да биде постигнато со постепено отворање на границите. Поради недостатокот на меѓународниот прес, инцидентите стопираа и активностите продолжиле на југ на границата во Република Македонија, од каде што разгранокот на ОВК наречен ОНА, презеде воени дејствија против македонските безбедносни сили.

Конфликтот заврши со договорот за демилитаризација кој беше потпишан од страна на ОВПМБ, кога српската влада им понуди амнестија и вети дека локалното албанско население ќе го вклучи во полицијата и другите сфери од социјалниот и институцискиот живот на Република Србија.

Во септември 2007, Борис Тадиќ, рече дека поранешните и сегашните терористи, кои од неодамна избегале од затвор во Косово, беа сместени во северните региони на Република Македонија. Според Тадиќ, терористите планираат нови напади врз општините во јужна Србија за да започнат нов конфликт во Прешевската Долина.[5] Но сепак, голем број на терористи беа фатени или убиени во Македонската полициска операција, Планинска бура.

Политика

уреди

Албанците од областа политички се претставени од Албанската Коалиција од Прешевската Долина, којашто доби едно седиште во српските парламентарни избори во 2007 година.

Претставниците на општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа усвоија декларација за формирање на "регион Прешевска Долина" во август 2009.[6] Милан Марковиќ, претседателот на Координаивното тело за Прешево, Медвеѓа и Бујановац, рече дека таквите барања нема да решат какви било проблеми.[7]

Регионот е ресто споменуван во врска со политичките преговори за статусот на Косово. Албанските водачи од Прешевската Долина сакаа да учествуваат, но не им беше дозволено. Територијална размена меѓу Србија и Косово вклучувајќи ка Прешевската Долина со Северно Косово е често спомнувана тема во медиумите, но сите страни во официјалниот процес одбиваат каква било промена на границите.[8]

Наводи

уреди
  1. http://www.balkaninsight.com/en/article/serbia-ethnic-albanians-seek-presevo-valley-region
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-15. Посетено на 2013-01-13.
  3. http://www.kt.gov.rs/en/
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Judah2008.
  5. „Tadic says terrorists undergo training in northern Macedonia“. Архивирано од изворникот на 2008-03-24. Посетено на 2013-01-13.
  6. Preševska dolina kao region B92, August 2, 2009, Source: FoNet
  7. Marković o zahtevima s juga Srbije B92, August 3, 2009, Source: B92, Tanjug
  8. Belgzim Kamberi, Faruk Daliu (2005-11-16), Presevo Valley Albanians Demand Place at Kosovo Talks, BIRN