Азис Положани
Политичар од Македонија
Азис Положани (роден на 15 февруари 1957 година во Ливада, Струшко) — македонски професор, доктор и политичар.
Азис Положани | |
---|---|
Министер за образование и наука | |
На должноста 1 ноември 2002 – 6 јули 2006 | |
Премиер | Бранко Црвенковски Хари Костов Владо Бучковски |
Претходник | Ненад Новковски |
Наследник | Сулејман Рушити |
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 февруари 1957 Ливада, Струшко, СФРЈ, Македонија |
Националност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Установа | Медицински факултет - Приштина |
Животопис
уредиПоложани дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина во 1980 година. Постдипломски студии и специјализација завршил во Загреб во 1988 година, а субспецијалистички студии во Швајцарија во 1991 година.
Од 1983 до 1990 година работел на Медицинскиот факултет во Приштина. Од 1998 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Автор е и соавтор на повеќе од двесте научни и професионални студии од областа на медицината[1].
Функцијата Министер за образование и наука ја извршувал од 1 ноември 2002 до 6 јули 2006 година[2].
Наводи
уреди- ↑ Биографија на www.sobranie.mk
- ↑ „Азис Положани, министер за образование. Нема тенденции за поделби меѓу учениците Македонци и Албанци“. Макденес. 6 март 2003. Посетено на 2010-12-25.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Ненад Новковски |
Министер за образование и наука 1 ноември 2002 - 6 јули 2006 |
Наследник Сулејман Рушити |