Википедија:Без свои истражувања

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ОИ
ВП:БОИ
ВП:БЕЗ
Најважното од страницава:
  • Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинални мисли: сиот материјал во енциклопедијата мора да биде препишан на веродостојни објавени извори.
  • Статиите не смеат да содржат нови анализи или синтези на издаден материјал кој служи за да се напредне ставот кој не е јасно поддржан од изворите.
Начела на Википедија
Глобални начела
Пет столба
Што не е Википедија
Занемарете ги сите правила
Начела за содржина
Неутрална гледна точка
Проверливост
Без оригинално истражување
Биографии на живи личности
Именување на статии
Работење со други
Учтивост
Без лични напади
Без правни закани
Консензус
Разрешување на спорови
Повеќе
Список на начела
Список на напатствија

Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинална мисла. Ова вклучува необјавени факти, аргументи, шпекулации и идеи, и сите необјавени анализи или синтеза на објавени материјали која служи за да се дојде до некоја позиција. Тоа подразбира дека Википедија не е место каде што се објавуваат свои мислења, искуства, аргументи, или заклучоци.

Цитирањето извори и избегнување на оригинални истражувања се неразделно поврзани. За да покажете дека не сте презентирале оригинални истражувања, мора да цитирате сигурни извори кои директно се поврзани со темата на статијата, а кои директно ги поддржуваат информациите како што се претставени.

„Без свои истражувања“ е еден од трите основни начела за содржината, заедно со неутрална гледна точка и проверливост. Заеднички, овие начела го одредуваат типот и квалитетот на материјалот кој е прифатлив во статии. Тие не треба да се толкуваат во изолација од еден на друг и уредниците треба да се запознаат со сите три.

Извори уреди

Истражување што се состои од собирање и организирање на материјалот од постоечките извори во рамките на одредбите на овој и други содржински начела се охрабрува: ова е „истражување засновано врз извори“ и тоа е клучно за пишување на една енциклопедија. Сепак, внимавајте да не одите подалеку од она што е изразено во изворите или да ги користите на начини во спротивност со намерата на изворот како што е користиње на материјал надвор од контекст. Накратко: држете се до изворите.

Ако не можат да се најдат веродостојни независни извори за темата на една статија, Википедија не треба да има една статија за таа тема.

Веродостојни извори уреди

Кратенки:
ВП:ВИ
ВП:ВЕР
Информациите во статиите на Википедија треба да бидат основани на веродостојни, издадени, неутрални извори со репутација за проверка на фактите и прецизност

Секој материјал кој е оспорен или за кој постои веројатност да биде оспорен мора да биде поддржан од сигурен извор. Материјал за кој не може да се најде веродостоен извор се смета за оригинално истражување. Единствениот начин на кој може да се покаже дека Вашите уредувања не доаѓаат под оваа категорија е да се произведе веродостоен објавен извор кој го содржи истиот материјал. Дури и со добро покриен материјал со извори, сепак, ако се користи надвор од контекст или за да се напредне позиција која не е директно и експлицитно поддржана од изворот кој се користи, Вие како уредувач се ангажирате во оригинално истражување; видете подолу.

Општо, најсигурни извори се:

  • Весници и списанија од почитувани и утврдени новински агенции;
  • Рецензирани научни списанија и книги објавени во универзитетските печатници;
  • Книги објавени од почитувани и утврдени издавачки куќи;
  • Учебници на универзитетско ниво;

По правило: колку повеќе луѓе се ангажирани во проверка на фактите, анализа на правни прашања, како и преглед на пишувањето — толку подоверливо е изданието. Материјал објавен од себе, дали на хартија или на интернет, обично не се смета за доверлив.

Од друга страна, извори БЕЗ контрола од уредници се општо неверодостојни. Овде се вклучуваат (но не се ограничени само на): блогови, мрежни форуми, обожавателски мрежни места, книги издадени од непроверени издаваштва и други слични извори. Општо, ако секој може да објави информација без никој друг да ја проверува и рецензира таа информација, тогаш тој извор е најверојатно неверодостоен.

Ако сте во можност да откриете нешто ново, Википедија не е место за премиера на такво откритие. Откако Вашето откритие е презентирано во сигурен извор, тогаш може да се цитира како извор.

Користење на извори уреди

Информациите во една статија мора да се проверливи од цитираните наводи. Изјавите во статиите општо не треба да се потпрат на нејасни и непостојани пасуси, ниту пак на попатни коментари. Пасусите отворени за многу толкувања треба прецизно да се наведат или избегнат. Краткиот преглед на интензивна расправа треба да биде одраз на заклучоците на авторот на изворот. Создавањето заклучоци кои не се очигледни во наводите е оригинално истражување, без оглед на типот на изворот. Важно е наводите да се цитирани во контекст и на тема.