Воренос

село во Лагадинско, Егејска Македонија

Воренос (Веренос) или Никомидино (грчки: Νικομηδινό; до 1927 г. Βορένος[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Воренос било дел од општина Аполонија[3].

Воренос
Νικομηδινό
Воренос is located in Грција
Воренос
Воренос
Местоположба во областа
Воренос во рамките на Бешик
Воренос
Местоположба на Воренос во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°38′N 23°16′E / 40.633° СГШ; 23.267° ИГД / 40.633; 23.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно440
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 39 километри западно од Ставрос и 45 километри источно од Солун, во централниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 150 метри.

Атарот на селото опфаќа површина од 12 квадратни километри.[4].

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Во XIX век Клисели било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Во Грчката војна за независност од селото учествувал Панајотис Кирјакос.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 Грци[5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 180 Грци [6].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година селото имало 140 жители.[7]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во „Никомидино“ по градот Никомедија (Измит) од кој дошле бегалците.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било мешано со 308 жители бегалци и 72 семејства.[8], додека во 1940 година селото броело 730 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 817 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 824 жители, во 1971 година имало 621 жител, во 1981 година имало 564 жители, додека во 1991 година имало 643 жители[9]. Денеска, населението на селото е 519 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 730 817 824 621 564 643 561 519 440
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βορένος -- Νικομηδηνόν
  3. 3,0 3,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јули 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  7. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди