Црква „Св. Димитриј“ - Воренос
Свети Димитриј (грчки: Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Воренос, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Димитриј | |
---|---|
Αγίου Δημητρίου | |
40°37′52.7″N 23°16′37.1″E / 40.631306° СГШ; 23.276972° ИГД | |
Место | Воренос, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполна трикорабна базилика |
Завршена | XX век |
Управа | |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Храмот е изграден на почетокот на XIX век на рид јужно од селото, каде се наоѓало средновековното село. Подигнат е врз апсидата на постара црква, откриена при археолошките ископувања од 2003-2005 г. Постарата црква веројатно датира од XV век, кога за селото се одвивал спор помеѓу Ардамерската и Ајватовско-рендинската епископија. Околу црквата имало камен ѕид.[1]
На местото на црквата имало гробишта во времето на династијата Палеолози. Зафаќа површина од 1 декар, и тука преостанале две повеќевекови дрва. Во 1960 г. е решено местото да се зарамни и да се користи за земјоделски цели. Ископани се стотици кубици земја заедно со остатоците од византиската населба и фрлени во соседниот поток. Спасени се единствено темелните на градба од VI век.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXXΙ. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.
- ↑ Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXXΙΙ. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.