Википедија:Селска чешма (Идеи)/Архива 6

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 6


Една “мала“ идеја

уреди

Вака... гледам Википедија на Англиски јазик има преку 3.000.000 статии, додека на Македонски некаде над 30.000 и ме боли фактот што имаме многу малку статии напишани во нашата Википедија (за разлика од Англиски и останатите), па така случајно ми текна - нема ли да може да се преведат сите (добро де ако не повеќето) статии од Англиски јазик користејќи го новиот (релативно земено новиот) сервис на Гугл - Google Translate http://translate.google.com/# ??
Чисто онака ми искрсна оваа фикс идеја... без лутење :)
Поздрав

89.185.212.174 (разговор) 03:59, 7 ноември 2009 (UTC)

Секако дека може, но некој после мора да ги средува. Имаме некои статии направени со Гугл Транслејт, но средувањето е исцрпувачко. Но секако дека може и тоа да го практикуваме, воопшто не е лоша идејата. Поз--Никола Стоіаноски 10:33, 7 ноември 2009 (UTC)

ZAR E MOZNO GEVGELIJA PRVA DA IZGRADI SPLAV NA VARDAR , A DA NE GO SPOMENETE NIKADE ?????????

МОЖНО Е !!!!--brest (разговор) 09:35, 25 ноември 2009 (UTC)

Надградување на порталите за природни науки

уреди

Gledam deka vo tek e diskusija za voeniot konflikt,za Isus Hristos,no ne ja gledame potrebnosta za nadgraduvanje na portalite za prirodni nauki. Kako na primer portalot za hemija nema dodadeno nova statia na nedelata,nova slika na nedelata se e edno isto veke ne znam kolku.Ve molam da storite ova bidejki na ova enciklopedija poveke prebaruvaat deca otkolku vozrasni luge.--79.126.201.192 (разговор) 16:17, 1 декември 2009 (UTC)Dejan

Море мене некој ме слушали јас што зборувам а?

На страните за разговор на порталите можеш да напишеш твои предлози, односно на секоја страна за разговор на секој портал предложи нова статија од Википедија за да биде објавена на порталот, нова слика и слично. --Никола Стоіаноски 20:56, 11 февруари 2010 (UTC)

потребна помош на една статија

уреди

моето име е а Илија јас сум нов корисник на македонската википедиа ми треба малце да се уреди и да се ставаат слики од битолското село Слепче милслам дека мојата идеа ке биде прифатена средочен поздрав ilija.milcinoski

Ако се твои сликите можеш да ги подигнеш тука. --Никола Стоіаноски 20:55, 11 февруари 2010 (UTC)

Барања за администраторски статус

уреди

Сакам да предложам да се усвојат неколку критериуми, кои ќе направат ограничување при номинирањето на корисник за добивање на администраторски статус. Пред сè, мислам дека е добро да се утврди минимален број на уредувања, што е предуслов за номинирањето и на многу други проекти.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:26, 25 февруари 2010 (UTC)

Ова не сум го видел. Јас е сложувам целосно со Кирил.

Предлог заклучување статии

уреди

Сакам да предложам една новост која би била од голема корист за македонската Википедија, особено за администраторите и корисниците кои се справуваат со вандали. Имено, предлогот е следе: да се заклучат за анонимни корисници сите статии кои се прилично големи, односно мој предлог граница е сите статии над 30k да бидат заштитени. Оваа бројка може и да се намали, но како ќе одлучите за тоа. Ова спречува упади на статии кои се големи и за кои потешко се наоѓа вандализираниот текст. Молам за коментари, за овој и за предлогот на Кирил погоре. --Никола Стоіаноски 23:03, 10 март 2010 (UTC)

Патролирање

уреди

Дискусија

уреди

Патрилирањето е многу корисна работа за заштита од вандали и намерни зли уредувања што би ја олеснила работата на нашата Википедија. Колку што знам јас, само админи ја проверуваат статијата и ако е сè како шти треба статијата се зачувува. Така според таа новина има главна статија и работна статија. Секоја промена после патролирањето се зачувува во работната статија и админ оценува дали новите уредувања ќе одат во главната статија. Многу корисно би ни било ова, барем да го воведеме додека имаме среден број статии. Вашите коментари и предлози се добредојдени.--Никола Стоіаноски 19:16, 9 април 2010 (UTC)

Шо се однесува до мојот став, сметам дека не би пречело ова, но факт е дека ние имаме многу малку активни корисници кои уредуваат, па истите тие уредувачи според тоа ќе треба да се залагаат и за таа работа.Како идеја е супер, и стојам на располагање... Може директно да ми наменете одредена задача, но ако велиш админи, тогаш не сум како таков, или пак ќе треба во иднина да станам--Тиверополник (разговор) 19:27, 9 април 2010 (UTC)
Да, за жал оваа опција е само за админи, а да се кандидираш за админ не би било лошо.--Никола Стоіаноски 19:28, 9 април 2010 (UTC)
Се согласувам дека има многу мала активност на нашата Википедија, но во секој случај сум за воведување на патролирањето, како и воведувањето на Одбор на доверители.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:26, 9 април 2010 (UTC)
Здраво. Оваа идеја ми се допаѓа. Генерално јас сум за што е можно поедноставни правила на мк.Вики затоа што нема многу корисници. Откако Здруѓението ќе привлече повеќе корисници на мк.Вики, потоа би било згодно да се доработуваат правилата. Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:32, 9 април 2010 (UTC)
Значи, според мое мислење и според Вашето, оваа опција многу ќе помогне за квалитетот на Википедија и да се избегнат скандали како таа за Ѓорге Иванов. Многу ми се допаѓа што ако ја воведеме оваа опција, при пребарување ќе се исфрлува главната страница, а не работната. Да почекаме да се изјаснат барем сите администратори и активни корисници и да видиме како се вовоедува оваа новина.--Никола Стоіаноски 22:34, 9 април 2010 (UTC)
Дали некој знае како оди таа техничка процедура за воведување на патролирањето?--Никола Стоіаноски 23:06, 9 април 2010 (UTC)
Процедура за воведување на патролирањето (преземено од минатонеделното искуство на колегите од босанска Википедија):
  1. мора да се променат ситници во медија вики, еве го примерот на босанската Википедија,
  2. потоа мора да се изгласа,
  3. и на крај да се побара барање од багзила, тука.

Дали да почнеме со гласање за воведување на патролирање?--Никола Стоіаноски 09:46, 11 април 2010 (UTC)

Колку што можев да се информирам на бс Вики, тие изгласале и вовеле мошне добри функции кои се и те како корисни на оваа Википедија. Имено тие гласале за овие функции:

  • воведување на можноста „патролирање“
  • автопатролер
  • забрана за подигнување слики од страна на новодојденци.

а ние имаме потреба само од

Сите три се корисни и може да се предложат за гласање. Но сепак, на нашата Википедија само патролирањето може да се воведе бидејќи админите автоматски се стекнуваат со автопатролерски права, а бирократите најверојатно можат да доделат некому и такво право.--Никола Стоіаноски 11:01, 11 април 2010 (UTC)

Мислам дека ова вака ќе заврши: ќе се стави опцијата за патролирање и потоа повеќето статии ќе бидат означени со онаа назнака дека не се проверени. Така е на босанската Википедија. Мислам дека тоа само ќе ја намали довербата во податоците напишани овде. --FlavrSavr (разговор) 19:48, 15 април 2010 (UTC)
Се зависи од тоа колку се следи Википедија. На бс вики можам да си ги гледам уредувањата за три дена, а тука имаме доста активни корисници кои и покрај обврските се залагаат да уредуваат и мислам ќе биде многу корисно, пред се да не нè мешаат на тв станици кои немаат друга попаметна и покорисна работа, како што беше за Иванов. Македонската Википедија треба да напредува, тоа е реалност.--Никола Стоіаноски 19:51, 15 април 2010 (UTC)
Се сложувам, само мислам дека не е добро темпирана одлука. Македонската Википедија сè уште нема критична маса за одржлив развој, треба уште поголем број на нови уредници, кои нема да ги добиеме на овој начин. Убеден сум дека ова негативно ќе се одрази на бројот на уредници на Википедија. Инаку, кога се спомнува Ѓорѓи Иванов, англиската Википедија тоа елегантно го има решено преку политиката за биографии на живи личности, која во пракса значи, статиите кои третираат вакви теми да се во постојан режим на semi-protection. --FlavrSavr (разговор) 07:36, 16 април 2010 (UTC)
Горе долу биографиите за живи луѓе се добри, но едно не ми е јасно. Каква е врската на патролирањето со новите корисници? Корисниците не гледаат никаква разлика при уредувањето, исто е. Ова е техничка работа, поточно, техничка алатка за бирократи, админи и автопатролери. Секоја статија создадена од администратор или бирократ автоматски е патролирана, што значи веќе се применува на Википедија, само што не може лесно да се види. Ние само тоа го воведуваме, видливоста. Зошто луѓето се плашат од промени?--Никола Стоіаноски 09:38, 16 април 2010 (UTC)
Промените решаваат проблеми или подобруваат одредени состојби. Не знам како овој додаток прави било што од тоа, искрено. Една од причините која беше наведена беше статијата со Ѓорѓи Иванов, после испадна дека тие статии се во ред. Гледам дека системот не функционира на bs.wiki - огромен број на статии имаат она црвено известување дека "не се проверени" - што создава конфузијa (проверени од кого и зошто не се проверени, дали има сомнителни податоци). Како и да е, гледам дека практично сте решиле да го имплементирате системот, па се надевам дека ќе функционира. --FlavrSavr (разговор) 09:40, 18 април 2010 (UTC)
Прашање за дискусија е дали со воведувањето на оваа функционалност ќе се зголеми довербата кон википедија или ќе се намали? Со оглед на тоа што имаме мал број на активни уредувачи веројатно нема кој да ги патролира сите страници. Од друга страна бидејќи најактивни уредувачи се администратори и/или бирократи, произлегува дека повеќето статии ќе бидат патролирани, т.е. барем 90%. Но со ова се поставува прашањето дали има потреба за воведување на оваа фукционалност ако и така повеќето од уредувањата се направени од уредувачи од доверба? Друго прашање за размислување е дали на овој начин ќе успееме да привлечеме повеќе уредувачи или и тие малкуте ќе ги одвратиме да уредуваат. Мислам дека оваа функционалност повеќе оди во прилог кон јакнење на довербата на читателите на википедија отколку кон придобивање на нови уредувачи. За одржливост на овој проект потребни се и двете категории иако јас мислам дека во овој момент повеќе ни се потребни уредувачите. Јас секогаш сум за дискусија пред да се пристапи кон гласање, бидејќи со гласање не може да се решат работите ако претходно не се направи издржана дискусија за било кој предлог, па откако ќе се исцрпат сите про и контра предлози да се пристапи кон гласање. Доколку не се развие издржана дискусија, гласањето нема никаква смисла и важност. --brest (разговор) 09:57, 18 април 2010 (UTC)
Значи прво патролирањето не е за прв пат екпериментирано на оваа Википедија, има и други Википедии кои го вовеле, значи функционира. За црвените линкови, како што веќе кажавте голем број статии отворени од админи се веќе означени со сино, е сега останатите ќе се средат, исто како што успеавме само тројца корисници да направиме 40.000 статии без ничија помош. За нови корисници, ако има нови корисници кои се заинтереирани секако ќе почнат да уредуваат без или со патролирање, пример се Далчо и Модернист. Факт е дека нискиот број корисници се должи на тоа што никој не сака да тепа време а за тоа да не биде платен. Е тоа проблемот за намален интерес, но фала на Господ имаме 5-6 корисници кои се ангажирани за подобрување на Википедија. Значи, повторувам, ова е опција која е скоро и не видлива за корисниците, само со еден клик се потврдува статија и корисниците не забележуваат разлика. А за Ѓорѓе Иванов, ништо не е решено, правилото кое ФлаврСавр го наведе е правило за тоа за кои јавни личности да се прави статија, а не е спречување на вандализам. Ако имавме ваква опција тогаш, Канал5 ќе ја видеше проверената статија, а не работната со глупости. Поздрав и мислам не е ова некоја голема промена, само мал додаток--Никола Стоіаноски 11:55, 18 април 2010 (UTC)

Гласање

уреди

(6/1/0); Закажано да заврши во 13:01, 18 април 2010 (UTC)

Бидејќи неколку дена беше отворена првичната дискусија за воведување на патролирањето и не се пријавија голем број на заинтересирани, сметам дека е дојдено време да се гласа за да видиме дали да се воведе патролирањето или не. Така во продолжение ве замолуваме да го додадете вашиот глас, односно ако се сложувате вметнете го шаблонот {{за}}    , ако не се сложувате сметнете го шаблонот {{против}}    или ако сте воздражни вметнете го шаблонот {{воздржан}}    во соодветните потсекции.

  1.   --Никола Стоіаноски 11:01, 11 април 2010 (UTC)
  2.   --Kiril Simeonovski (разговор) 11:13, 11 април 2010
  3.   --Wikimk (разговор) 12:18, 11 април 2010 (UTC)
  4.   --Б. Јанкулоски (разговор) 12:28, 11 април 2010 (UTC)
  5.   --Макс(разговор) 19:09, 11 април 2010 (UTC)
  6.   --Р ашо  19:11, 12 април 2010 (UTC)

Против

уреди
  1.    --FlavrSavr (разговор) 19:46, 15 април 2010 (UTC)

Воздржан

уреди

Гласањето е завршено во предвидениот рок. Со 6 гласови    и само еден глас   , констатирам дека предлогот е усвоен и истиот треба да се спроведе.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:53, 18 април 2010 (UTC)

Промоција

уреди

Не знам каков е интересот, но мислам дека пред околу една година имаше предлог за промоција на Википедија преку Facebook. Знам дека работата беше да ги повикаме нашите пријатели да ни се придружат кога имаат слободно време и да уредваат на Википедија. Не знам колку ова е изводливо, но мислам дека треба посериозно да се размисли на промоцијата на Википедија на македонски јазик на Интернет. Колку можеме да сториме и да не се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:27, 9 април 2010 (UTC)

Кирил знам дека промоцијата ни е потребна во моментот, но едно сакам да кажам. Имам неколку пријатели кои едноставно сакаат да прочитат нешто по википедијата, си отворија корисничко име, напишаа по една статија и ги снема. Колку шо гледам низ форумите (идивиди, кајгана...), голем број на дискусии среќавам каде јас лично нешто сум напишал на вики и тие со copy/paste само префрлуваат... Поентата за тоа ми беше е дека голем број од (ајде да кажам) македонската младина е запознаена за википедија и знае како работи, но едноставно тоа не ги привлекува. Тоа е мое мислење--Тиверополник (разговор) 20:38, 9 април 2010 (UTC)
Искрено да кажам, промоцијата преку FB не е успешна работа. Тогаш ни изгледаше интресно и продуктивно, но луѓето таму по автоматизам стануваат фанови и членови без да се заинтересираат за тоа. За промоцијата најдобро ќе биде ако се активира машинеријата на НВО и пријателите на НВО ВикиМедија Македонија. Едно време имаше иницијатива за соработка со основни училишта низ Македонија што мислам беше екстремно добра идеја. Поздрав--Никола Стоіаноски 22:37, 9 април 2010 (UTC)
Да, точно е дека луѓето на Фејсбук се зачленуваат по автоматизам, но без разлика, тие се на поштенската листа и можеме да им праќаме известувања/пропаганда и знаеме дека ќе ги добијат. Потоа нивна работа дали ќе се заинтересираат. Подобро така отколку да не фигурираме таму и да не испраќаме ништо никому. НВО Викимедија Македонија е посебна работа и тоа не ја игра истата улога што би ја играл Фејсбук. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:33, 11 април 2010 (UTC)
Да, точно така тоа е една предност на ФБ што ќе примаат наши известувања. Исто така има две групи на ФВ за мк Вики што мислам ќе биде до некаде успешно. Поз--Никола Стоіаноски 13:12, 11 април 2010 (UTC)

Почетен курс

уреди

Мислам дека почетниот курс ни е добар, но би можеле да го подобриме, доколку додадеме слики со показатели за тоа која алатка за што служи и за што се однесува текстот во прирачникот.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:27, 9 април 2010 (UTC)

Да, тоа е добро. И посебно да се обрне внимание, или да се посочат корисниците како се работи со сликите и кои слики да ги објавуваат на Википедија. Имаме доста случаи каде луѓето мислат ова е некоја база на слики па преземаат слики од различни страници и ги подигнуваат тука.--Никола Стоіаноски 22:38, 9 април 2010 (UTC)

Има некои алатки од лентата со алатки, кои се наоѓаат во горниот дел од прозорецот за уредување, кои навистина се корисни и го олеснуваат уредувањето (на пр. задебелен текст, закосен текст, внатрешна врска, надворешна врска, додадена слика, додадена категорија и сл.). Мислам дека е добро да ја копираме лентата и да објасниме што е што.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:02, 9 април 2010 (UTC)

За тие мислам има објаснето, но не е лошо со слика да биде поддржано. Ќе се слика тој дел и на сликата ќе се пише кое е за што. --Никола Стоіаноски 23:05, 9 април 2010 (UTC)
Почетниот курс ми тежок за разбирање. Да се поедностави, со повеќе слики и графики за симболите. Благодарам. --Zwatko (разговор) 19:22, 11 април 2010 (UTC)
Да, точно поради тоа ќе правиме нов - подобар.--Никола Стоіаноски 19:24, 11 април 2010 (UTC)

Кирилица

уреди

Како што знам на секоја Википедија на секој посебен јазик, администраторите имаат права да ги изменуваат системските слики, и слично. Тогаш на BETA верзијата, која исто така предлагам да стане основната и новото лого да се применува, може место A и А, кај лентата за изменување, може да се додаде Ж и Ж. Ова го видов на украинската и руската википедија. Зашто не и кај нас? (коментар од Coolzrock 18:52, 29 мај 2010 (CEST))[одговори]

Не знам за што точно зборуваш. :) Те молам малку подобро објасни (патем, те молам оставај потпис на крајот од пораките; само напиши четири тилди, вака: ~~~~). Фала. --iNkubusse A? 19:43, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Хмм... Зборуваш за Жирний текст (Bold/Задебелен текст)? Таму е Ж бидејќи е жирний. Кај нас е B како Bold, ама се мислевме да го смениме во З, како Задебелен текст. На тоа ли мислеше?
Инаку, Бета верзијата е сè уште само бета (тестна, нестабилна). Секој корисник може да ја испроба, ако сака, или да си продолжи со сегашната (стабилна). А новото лого е само на en.вики, сè уште не е општоприфатено. Еве ја македонската верзија: svg/png. --iNkubusse A? 19:51, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Јас пак го сфатив корисникот како да сака и наместо латиничните букви во лентата со алатки да стојат кирилични, односно наместо Ab да стои Аб и сл. Ова мислам дека ќе биде добро да се направи.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:00, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Јас моментално работам со бета верзијата и се обидувам да пронајдам потешкотии што би настанале со нејзиното користење, бидејќи кај и да е, таа ќе стане основната маска на Википедија (за анонимни корисници, регистрираните можат да бираат) исто како на en.wiki. Инаку, моментално бета верзиите на украинската и руската Википедија немаат Ж/Ж во лентата, но со старата, monobook маска ги имаат тие симболи (жирний/курсив). Тие сликички за бета верзијата, сега за сега, не можат да сменат од администратори. Дали овде да ги замениме буквите со Задебелено и Закосено на основната маска? Би сакал да чујам што мислат другите. Јас лично се противам, оти 1) и така и така ќе се смени основната маска и 2) B и i се стандард во најголемиот број од уредувачи на текст (Word, Open Office) и скоро сите ги препознаваат. Попрактично е тие да останат во својата препознатлива форма. Го спомна менувањето на логото. Јас и за тоа се противам, бидејќи новото лого e: 1) Помало (зошто морале да го намалат?! Има ли причина за ова?); 2) Со намален контраст меѓу буквите и позадината (anti-aliasing); 3) Со прејака сенка (на врвот изгледа како да има црно парче од сложувалката, а не длабочина) и 4) Премазна текстура со која не се јасно диференцираат различните делови од сложувалката. Признавам дека е ок што е 3D и што некои букви се поправени, но инаку — за џабе го смениле. Да сумирам:
  1. Бета верзијата наскоро ќе стане основна за сите;
  2. Буквите можеме да ги смениме, но мислам дека нема потреба;
  3. Логото можеме да ги смениме, но мислам дека нема потреба.
За 2) и за 3) би требало да се изјаснат и останатите корисници. --Brainmachinewtf? 20:16, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
П.С. И за новата маска (бета верзија/вектор), ако постои начин да се сменат сликичките (сега тоа е невозможно), мислам дека нема потреба (и лично не сакам) да ги менуваме во Ж или било која друга карактеристична буква. И А е буква од кирилицата, впрочем, првата буква. --Brainmachinewtf? 20:19, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Да, а и В е буква од кирилицата, впрочем, трета буква. В како Волд! :) Инаку се слагам со сè што рече Brainmachine. --iNkubusse A? 20:32, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Добро, тогаш и О е буква од кирилицата. Но тие ги има и во латиницита. Мислев Ж заради препознатливоста. Незнаев дека жирний значи здебелено. А инаку на бета верзијата стои A/A. Затоа мислам дека треба да се стави специфична кирилична буква (Б, Ч), да биде препознатливо. Сепак членовите нека одлучат. Не одлучувам само јас тука. Coolzrock (разговор) 22:10, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Веројатно нема ништо да се одлучи уште некое време (подолго). Всушност, вистината е дека постојат проблеми со Бета на повеќето јазични верзии на проектот (не зборам за en.вики) и сè уште ништо не се знае. Со други зборови, рано е да дискутираме за вакви детали затоа што имаме многу поголеми проблеми. --iNkubusse A? 22:30, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]

Викивести

уреди

Зошто да нема Викивести на македонски јазик? Дали има малку администратори или нешто друго? Видов, србиве имаат најдобри ВикиВести дури подобри од англиските ВикиВести, па си велам, чим србиве можат да имаат ВикиВести зошто и ние да немаме? Поздрав до сите 2z (разговор) 19:35, 8 февруари 2011 (CET)[одговори]

За ова досега имаме разправано, а пред точно една година имавме и разговор со колегите од Викикипедија и Викивести на српски јазик, во кој учествуваа и неколку корисници одовде. Идејата беше токму таа, да се започне проектот и на македнски јазик, а беше решено да се работи со бот, слично како и на српски јазик, но се појави проблем околу отстапувањето на вестите како слободни содржини од страна на новинските агенции кои објавуваат на македонски јазик. Всушност, една од причините зошто Викивести на српски јазик е моментно најдобар проект од овој вид е тоа што имаат соработка со неколку новински агенции, кои им ги отстапуваат своите содржини секој ден.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:00, 8 февруари 2011 (CET)[одговори]
Што треба да да се направи за отстапување? Треба да се плати или нешто друго? Зошто еве на пример да не побараме отстапка од BBC Macedonian? --2z (разговор) 20:14, 8 февруари 2011 (CET)[одговори]
Проблемот е што содржината во вестите кои ги објавуваат новинските агенции на македонски јазик подлежат на авторски права, чиј сопственик е агенцијата којашто ги објавува и само истата може да ги отстапи правата и да дозволи слободна употреба. Доколку не го одобрат тоа, не може ништо да се прави.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:29, 8 февруари 2011 (CET)[одговори]

Мега проект :)

уреди

Ајде да направиме еден мега проект, да се преведат што повеќе статии на македонски јазик? (да ги престигнеме Хрватска/Србија/Бугарија ... итн)?

Повеќе инфо во вашата група на ФБ, пост објавен од мене - Ник Ѓурчиноски :)

http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=146315402095691&id=129953567065208&notif_t=feed_comment

NickGjurcinoski (разговор) 00:31, 12 февруари 2011 (CET)[одговори]

Ова е одлично. Верувам дека конечно еден ваков проект ќе биде извршен и придобивките ќе бидат големи за сите оние кои го зборуваат македонскиот јазик. Како активен корисник Ви стојам на располагање, па слободно обратете ми се доколку има потреба од некаква помош, иако и самиот ќе се вклучам во подготовките за проектот.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:58, 12 февруари 2011 (CET)[одговори]

За мега проектот

уреди

Мислам дека проектот треба да биде барем малку поконкретен сега за сега, како на пример ВикиПроект Хеликоптери. Еве јас ја имам книгата „Светот на хеликоптерите“ во кои ги пишува основните информации за повеќето хеликоптери што постојат. Па затоа решив да ги „препишам“ на македонската википедија затоа што досега имаше 2-3 категории и 5-6 статии за хеликоптери, додека пак српската википедија и другите википедии што беа погоре спомнати имаат МНОООГУ поопшрини информации за хеликоптери, а луѓето што ќе побараат одреден хеликоптер мака ќе мачат да најдат инфромации за истиот на македонски јазик. Затоа јас се обидувам да ги „претркнам“ бугарите, хрватите, србите во статиите за хеликоптери и сакам да направам водич за хеликоптери на македонската википедија. Позз --2z (разговор) 01:27, 7 март 2011 (CET)[одговори]

Викикниги предлог за лого

уреди

  Мојот предлог за логото на Македонските Викикниги. Што мислите? --2z (разговор) 23:12, 8 март 2011 (CET)[одговори]

Добро е. Преводот е неопходен.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:03, 9 март 2011 (CET)[одговори]

За поголема ефикасност

уреди

Здраво на сите Википедијци!:) Сакам само да ви кажам дека статиите за географија, хеликоптери што јас ги направив, ги црпев од следните книги:

  • Светот на хеликоптерите
  • Океан
  • Земја
  • Вселена

Ако некој друг корисник на македонската википедија поседува барем една од овие книги нека ми напише на мојата страница за разговор, за да правиме заедно статии, така би било побрзо и поефикасно надополнувањето на македонската википедија. Поздрав до сите --2z (разговор) 13:37, 16 март 2011 (CET)[одговори]

Битката кај кана

уреди

ве молам ако можите да напишете нешто за Битката кај кана или да ми дадете линк кој ке ми поможи околу ова,не ми треба многу околу 2 страници.Фала од напред

Лого за независноста

уреди

Дискусија

уреди

Незнам дали некој спомнал, но мислам дека по повод 20 години независна Македонија, треба да вметнеме едно празнично лого, кое би стоело цел септември. Мој предлог е ова, со македонските бои во логото, нешто слично како балоните на оваа страна.--Р ашо  11:00, 27 август 2011 (CEST)[одговори]

Ептен добра идеја, пробав да го направам како што предложи Рашо ама некако не ми одеше. Јас направив две верзии:

Дајте коментари да ги модифицираме овие ако не ви се допаѓаат или дајте нови предлози. Позз

ПС: Ги подогнав на Викиизвор, па ќе ги префрлам конечните на Комонс.--Никола Стоіаноски 13:22, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Истата идеја ја имав во 2008, но тогаш беше едногласно одбиена, бидејќи Википедија на македонски не треба да се поистоветува со Македонија. Од таа гледна точка сум против, но бидејќи се 20 години и е јубилеј ќе си останам на страна како воздржан.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:25, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
P.S. Ваквите замени на логото на Википедија за чествување на национални празници не е невообичаена, а мислам дека колегите од Бугарија и Хрватска веќе неколку пати го имаат направено истото. Сепак, не знам колку е добро да се прави ова во ваков момент, кога атмосферата е подгреана со прашањето поврзано со „сопственоста на Википедија на македонски јазик“, што може да им остави негативен впечаток на многумина кои не се запознаени. Најдобро е да чуеме уште некое мислење и да не брзаме околу црлата работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:52, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Јас сум против менување на логото за оваа прилика. Инаку сум за избрана статија тој период да биде некоја статија за македонската државност, Република Македонија, на пример. Ова ќе наиде на добар прием на друштвените мрежи. --FlavrSavr (разговор) 17:47, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Доколку има некакво гласење, јас би гласал ЗА, но сметам дека истото лого би требало да стои само на 8 септември. Што се однесува за избраната статија (Македонија или слично), мислам дека повторно треба да биде само за 8 септември. Ова го мислам бидејќи не треба многу да ја тенчиме википедија на македонски јазик. Сепак, празникот си е наш, и си го славиме само еден ден во годината нели!--Тиверополник (разговор) 17:58, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Празникот си е наш, ама Википедија не е! :) --FlavrSavr (разговор) 18:01, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Па токму и затоа велам дека доколку се реши да се постави некакво лого, за да не го форсираме многу празникот, истото да биде единствено и само еден ден. Како и да е...--Тиверополник (разговор) 18:58, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Да не испаднам расипувач на забави, направив мој предлог, што во најмала рака може да се најде на Фејсбук - [1] :) --FlavrSavr (разговор) 18:42, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Да, википедија не е наша, но уредувачите се наши; Тие што ја кројат политиката за википедија на македонски се наши; И најважно, читателите се наши! Не е тешко една недела да седи празничното лого, наспроти да речеме на пример кај бугарите кога цел месец висеа обесени мартинки по вики-топките. Инаку за пример еве категорија на ризницата каде многу википедии имаат категории со празнични логоа. Инаку за избрана статија најпригодна е ден на независноста, но еднаш ни беше избрана. Евентуелно може да стои истата за еден ден, или да ја освежиме повеќе и да стои една недела.--Р ашо  19:32, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Јас сум за поради тоа што имам видено примери кај други Википедии. Покрај тоа, има википедии каде и на главната страна е потенциран портал/ земјата/ јазикот на народот кој ја пишува таа Википедија (како босанската Википедија). Мислам не е лошо ова. Позз--Никола Стоіаноски 19:48, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Мислам дека треба да правиме онака како што ќе одлучи заедницата. И веќе ако дојде до промена на логото, истото треба да се направи и на Викиизвор, Викикниги и Викиречник на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:54, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Не се согласувам со овој предлог. Уште повеќе ме зачудува тоа што тој доаѓа од администратор на Википедија. Википедија на македонски јазик не е национална енциклопедија на Македонците. -- Бојан имаш за кажување? 21:21, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Ајде Бојан, и ЕУ е поим за демократија. Ние тоа најдобро го знаеме. Сите знаеме колку локалните википедии не се национални. Гледам по некои се ставаат знамиња, се споменуваат богови, висат пагански сумболи и што ти уште не. Незнам зошто немаше против кога за Божиќ стававме грива на логото и китевме лампиончиња на истото. Незнам зошто би сметало тоа логото да биде одреден период празнично--Р ашо  21:40, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Рашо, значи според тебе треба да гледаме што и како правеле на другите Википедии, па и ние да не останеме покуси? Најголемата придобивка за Македонија се квалитетно напишаните статии во ова издание на Википедија. Сметам дека Википедија не е место/вентил за, според мене, национални bits and pieces. -- Бојан имаш за кажување? 21:46, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

Не за покусо, туку сметам дека нашиот карактер на трпење и дозволување на тапкање по рамо не донесе на овој степен денес. Немислам само општо на нас како Македонци, туку и на другите википедии во односот спрема нас. Главата горе Бојан, и гази се пред себе. ;) --Р ашо  22:57, 28 август 2011 (CEST) Р.Ѕ. За инат ако треба[одговори]

Очигледно ги мешаш лончињата (народски кажано), и бидејќи си администратор, банално е да ти објаснувам зошто и на кој начин. Од друга страна, состојбата ("степенот") за кој/а што ти зборуваш нема да се ублажи (намерно не сакам да кажам отстрани) ако се додаде национално лого. Достигнатиот "степен" (што преминува и во карактер како што ти велиш) што македонските ученици, студенти, па дури и професори бараат информации на интернет на српска, хрватска, бугарска и други "соседни" Википедии нема да се елиминира со некакви си логоа, туку напротив, со пишување квалитетни и јасни статии на македонски јазик. И — да те потсетам, или да те информирам доколку не си прочитал, на последната Викиманија во Хаифа бевме пофалени неколкупати за промоцијата на Википедија на друштвените мрежи (што за наши услови е одлично). Се надевам дека од вакви и слични предлози нашата заедница нема да биде предмет на коментари со негативен контекст. Толку од мене. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 23:38, 28 август 2011 (CEST)[одговори]

А каде може да се прочита дека нè пофалиле?--Никола Стоіаноски 23:43, 28 август 2011 (CEST)[одговори]
Овде. Почетен извештај од Викиманија веќе беше објавен од страна на it.com.mk, додека за Вики-заедницата на македонски јазик ќе биде готов наскоро.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:43, 29 август 2011 (CEST)[одговори]

Драги корисници, премногу се дискутира за ситни прашања. За ова време потрошено во дискусија секој од нас ќе напишеше барем по една интересна статија. Доколку сите си го дадовте своето мислење, предлагам да одаме на гласење и да ја затвориме темата.--Тиверополник (разговор) 07:46, 29 август 2011 (CEST)[одговори]

Од фалби не се живее. Треба конкретни чекори. Едно промотивно лого нема никаква врска со фалбите од ветената земја. И додека стои логото, македонска википедија сè уште ќе биде истата. Сè уште истите ќе не читаат. Промотивното лого е само респект кон државата чиј јазик е ист со тој на оваа википедија и ништо повеќе. И јас мислам додека нема други предлози или коментари, да се премине на гласање.--Р ашо  18:34, 29 август 2011 (CEST)[одговори]

Гласање

уреди

(0/0/0); Закажано да заврши во 23:59, 4 септември 2011 (СЕТ)

Бидејќи беше отворена првичната дискусија за ставање на празнично лого на македонската википедија по повод денот на македонската независност и поради развој на поголема дискусија, сметам дека е дојдено време да се гласа за да видиме дали да се вметне логото или не. Така во продолжение ве замолуваме да го додадете вашиот глас, односно ако се сложувате вметнете го шаблонот {{за}}    , ако не се сложувате сметнете го шаблонот {{против}}    или ако сте воздражни вметнете го шаблонот {{воздржан}}    во соодветните потсекции.

  1.   --Р ашо  18:45, 29 август 2011 (CEST)  Јас ја отворив оваа дискусија и сметам дека погоре се изјаснив[одговори]
  2.   --Тиверополник (разговор) 17:26, 30 август 2011 (CEST)    Јас бев логото да се истакне единствено на 8 септември, но бидејќи ја нема таа опција, сепак ќе гласам за(што па да не)[одговори]
  3.     Мене ми е ОК само еден ден да има лого.--Никола Стоіаноски 20:34, 30 август 2011 (CEST)[одговори]

Против

уреди
  1.    На Викиизвор, MacedonianBoy ми кажа дека очигледно нема консензус (што е точно!), за оваа идеја, па затоа ги избришавме сите предлог-логоа. Мислев дека оваа дискусија е завршена? А сега се започнува "гласање"!? (тука не може да има гласање, туку градење консензус!) Инаку, начелно сум против оваа идеја од многу причини. Не сметам дека ќе пропадне светот ако еден ден, во рамките на добриот вкус, суптилно се прослави одреден ден од значење за многу наши читатели (иако не и за сите!). Сепак, да стои видоизменето лого повеќе денови, или како што беше сугерирано, месец дена, не мислам дека е добра идеја. Исто така, строго сум против било каква апликација на сонцето од Вергина на логото на Википедија. Логото на Википедија е заштитен знак и било какви играња со него треба да се сфатат посериозно, особено ако се игра со друг заштитен знак (сонцето од Вергина е заштитено од WIPO). Нема да навлегувам во историските дебати, само сакам да кажам дека Википедија на македонски јазик со еден потег може не само да си навлече контраверза врз себе, туку да ја вовлече и Фондацијата Викимедија во некои неубави работи. Како што реков, подобро е денот да се прослави со пригодна избрана статија, одошто со било какви интервенции во логото. Не би сакал прославата да се загорчи со некои такви моменти, и ве молам размислете двапати за ова. --FlavrSavr (разговор) 19:13, 30 август 2011 (CEST)[одговори]
   ФлаврСавр си ги побркал работиве нешто. Ѕвездата од Кутлеш, иако Грците си ја заштитиле, сепак таа секаде се користи слободно на Википедиите и Комонс. Има многу варијанти на ѕвездата низ статиите за Македонија/ Македонци/ Македонско знаме на сите јазични изданија. Исто така, Ѕвездата од Кутлеш ја имаме искористено на голем број знамиња и грбови на општините кои се подигнати што на комонс, што тука. Тоа воопшто не е проблем. А логото што го подигнав, е целта ми беше да се направи лого што ќе ги опфати сите дваесет години од независноста на Македонија а кој е најдобар симбол на Македонија? Знамето. Е сега ако го имаме на ум фактот дека Македонија имаше две знамиња во изминативе години, тогаш јасно е зошто го ставив тоа знаме таму. Тоа си е наше знаме и никој не смее да се отпише од него, како што не смееме да го заборавиме и знамето на СР Македонија. Нема задни намери со Ѕвездата од Кутлеш и не се замарам со грчки фрустрации. Позз--Никола Стоіаноски 20:34, 30 август 2011 (CEST)[одговори]
  Разбирам, ама сепак, ова за што зборуваме не е дел од содржините на енциклопедијата или опис на некои други грбови. Се работи за комбинација на заштитено лого (читај: најсензитивен дел од брендинг) и заштитен културен знак. Во најмала мера употребата на ѕвездата е контраверзна, а во најлошо сценарио можно е и тужба да се случи (иако не сум сигурен за правните импликации). И мислам дека конкретно во овој случај се повеќе македонски, одошто грчки фрустрации, зошто тоа сонце сепак Република Македонија требаше да го тргне од сопственото знаме (нема да навлегувам во историските дебати). Едноставно, Википедија лого + Ѕвездата од Кутлеш е потенцијално опасна и непотребно контраверзна идеја, и јас се оградувам од неа. Не заборавајте, исто така, дека тука пред се, треба да сме Википедијанци, а не Македонци. --FlavrSavr (разговор) 21:13, 30 август 2011 (CEST)[одговори]
Де бе Цобе, ко ова да е сефте со логоава на википедија. Оваа категорија содржи стотици такви модификации. Ако сметате дека ставање симболи е контроверзно, еве јас сметам дека само поцрвенување (ев. пожолтување) на логото е еден добар чекор кон компромисно решение. BTW, кај се примерите од викиизвор? Ако не подигнете ги тука локално, па да видиме што има на маса за избор.--Р ашо  21:27, 30 август 2011 (CEST)[одговори]
Не е сефте со логоата, но тие логоа што ги споменуваш најчесто се однесуваат на јубилеи на самата Википедија... Како и да е, јас го подигнав логото повторно на Викиизвор - [2] --FlavrSavr (разговор) 16:59, 3 септември 2011 (CEST)[одговори]
А, зошто веќе кога го подигаш, не го подигнеш директно на Ризницата?--Kiril Simeonovski (разговор) 17:18, 3 септември 2011 (CEST)[одговори]
И плус треба да е во svg формат, не png.--Никола Стоіаноски 17:54, 3 септември 2011 (CEST)[одговори]
  1.    Википедија на македонски јазик не е национална енциклопедија на Македонците уште повеќе на Република Македонија. Празникот е државен, дури не е само на Македонците. --Стан (разговор) 13:30, 31 август 2011 (CEST)[одговори]
  А ти Стан, зошто не гласаше против кога вашата Викопедија китеше црвени конци (мартинки) по вики-логото. Тие конци за кои сметате дека се исклучиво бугарски стоеа цел месец на бг вики. Кај беше тогаш да тврдише дека Википедија на бугарски јазик не е национална енциклопедија на Бугарите. --Р ашо  19:22, 31 август 2011 (CEST)[одговори]
  Не знам кога имало такво гласање, како и не знам дали воопшто имало. Од напишаното погоре следува дека дури и да имало такво гласање, не знам каде сум бил, зашто не знам кога е. --Стан (разговор) 20:23, 31 август 2011 (CEST)[одговори]
  1.    -- Бојан имаш за кажување? 23:53, 3 септември 2011 (CEST)    Мојот став е изложен во дискусијата погоре.[одговори]

Воздржан

уреди
  1.   --Kiril Simeonovski (разговор) 21:00, 30 август 2011 (CEST)   Веќе наведов дека немам пријатно искуство со истата работа и сега сум и поддржувач дека разлика постои, а уште повеќе што во моментов тоа може да биде злоупотребено на различни начини. Но, Рашо е целосно во право, бидејќи за најголем дел од корисниците овој јубилеј е од исклучително значење и не вреди заради некои бирократски ограничување да ѝ го кршиме меракот на заедницата и да се делиме на „Македонци“ и „говорници на македонскиот јазик“. Според тоа, постои можност логото за еден ден да биде изменето. Сè што е повеќе, веќе е претерување и е надвор од одбележувањето на вистинскиот датум, па сум строго против тоа.[одговори]

Гласањето е завршено во предвидениот рок. Со 3 гласа   , 3    и 1 воздржан констатирам дека предлогот не е усвоен.--Р ашо  21:20, 7 септември 2011 (CEST)[одговори]

Избор на јубилејна статија

уреди

Драги Википедијанци, откако веќе ја надминавме бројката од 50.000 статии, мислам дека треба да воведеме една новина, која ќе го награди трудот на достигнатиот успех, а тоа е изборот на јубилејна статија. Ова е нешто коешто доста добро функционира на некои јазични изданија, па мислам дека нема причина зошто истото не би го вовеле и кај нас. Имено, би се избирала јубилејна статија на секои 1.000 новоуредени, при што би важеле следниве правила:

  1. Во игра се сите статии кои се уредени на денот на надминување на илјадитата статија, а притоа не се уредени од бот, не се страници за појаснување и содржински не се означени како никулец или со некој од шаблоните за внимание, викификаија, спојување, превод и извори.
  2. Гласањето започнува по завршувањето на јубилејниот ден и трае 3 дена.
  3. Секој корисник може да гласа за колку кандаити сака, доделувајќи само гласови „За“.
  4. Јубилејна статија е онаа која ќе добие најмногу гласови „За“, а во случај на ист број на гласови може да се избере и повеќе од една статија.

Се разбира, ова се само предлози, па доколку има потреба истите ќе бидат променети. Ќе ве замолам на мислење.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:47, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Не е лоша идејата, ама да направиме список од статии кои би биле ставени на гласање, за да не се измешаме вака пребарувајќи. -Виолетова (разговор) 17:57, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Никола начелно беше за предлогот, така што мислам дека е редно да се обидеме, иако никој друг ништо не одговори.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:02, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Да ја гласаме Марсејски атентат за јубилејна. Беше создадена приближно за време на 50.000-та статија и добра е плус. Што мислите за ова?--Никола Стоіаноски 22:06, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]
И мене ми фати око оваа статија, ама ајде ќе ставиме и други предлози за да биде поформално. Ќе поработам на тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:23, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Оживување на ВикиПроектот Одржување

уреди

Би сакал да предложам оживување на ВикиПроектот Одржување, во чии рамки до пред некоја година се вршеше одлична работа при навременото подобрување на статиите, како од содржинска, јазична, така и до нивната форма во склад со правилата на Википедија. Мислам дека главниот осврт е потребно да се направи на неколку категории со статии:

Поделбата е извршена во зависност од шаблоните кои се вметнати во горниот дел од статиите. Некои статии се групирани во повеќе категории, што значи можно е при нивното средување да е потребно да се извршат повеќе работи. Во прилог на ова, исто така, мислам дека е полезно доколку се создаде страница во која ќе бидат додадени сите новосоздадени страници на кои им е потребно внимание, иако истото би можело да се врши и со просто додавање на некој од шаблоните и навремено ажурирање на горенаведените категории. Никаде не брзаме и не се бара некое жестоко темпо при средувањето, туку само да се зголеми свеста и масовноста околу овие активности. Сите коментари и предлози се добредојдени.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:36, 2 ноември 2011 (CET)[одговори]

Одлична идеја и искрено се надевам ќе заживее овој проект. Имаме голем број статии кои треба да се средат, а особено таа бројка се зголеми кога имаше преводи од студенти. --Никола Стоіаноски 22:28, 2 ноември 2011 (CET)[одговори]
Би се нафатил, нема проблем--Тиверополник (разговор) 13:32, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]
Во склоп на ВикиПроектот Одржување, имав предвидено работата да се организира на секојдневни, неделни и долгорочни задачи. Средувањето на статиите би паднало под последната категорија. Ако сакате, можеме да организираме неделни акции. На пример, секоја сабота во 17 часот (или било кој термин) да се „сретнеме“ онлајн (на пример, да си пишеме овде на викито дека сме присутни или на скајп), да си поделиме по 15-20 статии од некоја од овие категории и да ги средуваме. Финтата со „сретнувањето“ точно во одредено време е за да се мотивираме како за вистинска средба и така да го резервираме тоа време. Ако работиме петмина, да речеме саат и половина, а секој среди по пет статии од средна големина, ќе имаме 25 средени статии. Вака ако правиме секоја недела, бројката на средени статии ќе си се зголемува, полека но сигурно. Значи накратко: ова да го извршуваме еднаш во неделата и заедно. Што велите за идејава? Оти инаку, само даваме поддршка, а на крај ништо не правиме. --Brainmachine (разговор) 18:22, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]
Ова е одлична идеја, а мислам дека и седмичната работа која планираме да ја воведеме би можела да се сведе на средување на постоечки статии, а не само на збогатување на содржините од одредени области. Се согласувам дека ни е потребен договор за тоа кој што ќе уредува, како и воведување на начин со кој би можеле да ги мотивираме и другите заинтересирани корисници да нѝ се приклучат. Јас планирав поделба на задачите според буквите во азбуката, но тоа би можело да се направи поинаку.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:41, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]
Не е лоша идејата на Brainmachine за закажување на термин, но може да се случи во тој термин некој од нас да не биде слободен. Јас сум повеќе за неделна иницијатива (од типот Недела на средување, или недела на викифицирање, па можеме да одиме и за пишување статии како Недела посветена на УНИЦЕФ на пример и.т.н.) Можеби ќе треба некако да си ги поделиме статиите, и на тој начин меѓу нас да се создаде морална обврска за секој кој сака да учествува во проектот ако може така да го наречам. Значи, не треба да губиме време во дискусија бидејќи ни престои голема работа според бројот на статиите.--Тиверополник (разговор) 22:15, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]
Гледам дека има еднострано прифаќање за воведувањето на седмична работа, па мислам дека дури ова би можеле да го усвоиме и без додатна дискусија и гласање, бидејќи е нешто од интерес за подобрата организација на целата заедница.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:11, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]
Ок, тогаш. Јас би можел да се придружам при крајот на јануари. --Brainmachine (разговор) 20:57, 20 декември 2011 (CET)[одговори]

Предлог и идеја за „Запознај ја Македонија“

уреди

Почитувани администратори, би сакал да споделам една идеја и предлог со вас. Најпрвин би сакал да ве прашам што мислите околу тоа, во статиите за селата латинските зборови да ги замениме или надополниме со соодветни македонски зборови од чисто македонско поткело, на пример: Географија и местоположба, Демографија и/или население, Економија и/или стопанство, Историја и/или минато? Ова чисто го споменувам со оглед на тоа дека пред некој ден беше денот на мајчиниот јазик, па го предлагам ова со цел да спасиме некои наши зборови со изворно македонско потекло од заборав и изумирање меѓу граѓаните. Друга идеа и предлог, за на подолг рок ми е, што мислите на главната страница да се направи како мала кампања „Запознајте ја Македонија преку Википедија“' или „Со Википедија запознајте (научете) ја Македонија“ каде што секоја недела ќе се става по некоја статија за село, град, река, планина во Македонија, со што би можело да се прошири и за историски настани и личности, традиции, културни случувања и сл. Чисто за размислување го поставувам ова. Голем поздрав. - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 13:02, 2 март 2012 (CET)[одговори]

  • Тоа е тоа. Мислам дека идејата за зборовите е доста досетлива и би требало да се оствари. Јас отсекогаш сум се трудел да употребувам македонски зборови, па така „модерно“ го заменувам со „современо“, „централно“ со „средишно“, „скица“ со „нацрт“ и др. Што се однесува до географските поими, предлагам поимот „координати“ да се замени со „географска(и) одредница(и)“. Добро би било да се направи список на често употребувани странски зборови кои имаат соодветни македонски истоименки (не „синоними“), по којшто би можеле да се водат сите останати корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:47, 3 март 2012 (CET)[одговори]