Википедија:Селска чешма/Архива 18

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 18


Multilingual Challenge

уреди
Please help: replace this red text with a translation of the English message below. Thank you!
Announcing the Derby Multilingual Challenge

This is the first multilingual Wikipedia collaboration. All Wikipedians can take part, in any Wikipedia language. The challenge runs from 1 May until 3 September 2011.
Sign up now!
" Wikipedia is particularly pleased to see that Derby Museums are encouraging the creation of articles in languages other than English." (Jimmy Wales, 14 January 2011)

Andrew Dalby http://perso.wanadoo.fr/dalby/ (разговор) 15:17, 2 мај 2011 (CEST)[одговори]

Верзија за печатење

уреди

Забележав нешто интересно, а тоа дека алатката за добивање верзија за печатење на страниците на Википедија на македонски јазик води кон доста лош облик, а исто така немаме алатка којашто овозможува претворање на содржината во PDF, што мислам дека го има речиси секое друго јазично издание. Ќе замолам некој кој знае како може тоа да се направи да ми одговори. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:20, 18 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Да Кирил, и јас одамна го имам забележено ова на неколку вики, но немем одговор за жал...--Тиверополник (разговор) 14:29, 18 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Колку што се разбирам јас, ако се прави тоа локално тогаш ќе треба да се додадат кодовите во скриптите за да се појават опциите. Ако е од мета, тогаш треба да се распрашаме. Поз--Никола Стоіаноски 14:43, 18 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Не ги разбирам овие работи, но на Викиизвор веќе постои опција PDF фајл да се презеде и опција за правање книги. --Тиверополник (разговор) 14:49, 18 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Call for image filter referendum

уреди

The Wikimedia Foundation, at the direction of the Board of Trustees, will be holding a vote to determine whether members of the community support the creation and usage of an opt-in personal image filter, which would allow readers to voluntarily screen particular types of images strictly for their own account.

Further details and educational materials will be available shortly. The referendum is scheduled for 12-27 August, 2011, and will be conducted on servers hosted by a neutral third party. Referendum details, officials, voting requirements, and supporting materials will be posted at Meta:Image filter referendum shortly.

Sorry for delivering you a message in English. Please help translate the pages on the referendum on Meta and join the translators mailing list.

For the coordinating committee,
Philippe (WMF)
Cbrown1023
Risker
Mardetanha
PeterSymonds
Robert Harris

на англиската вики

уреди

си земав слобода да го поправам зборчето - воља во волја ( господова молитва )како што би требало да стои.--novi

Слободно поправете сè што мислите дека е погрешно. Позз--Никола Стоіаноски 12:40, 14 август 2011 (CEST)[одговори]

Радко

уреди

Во уставот на оваа политичка партија стои(не знам даки сè уште)дека се залага бугарскиот јазик да биде - единствениот - официјален јазик во р.македонија...Што е далеку од барање основни човечки и политички права.Ова воопшто не е наведено во статијата.Кога некој ќе ја прочита добива впечаток дека македонија е фашистичка држава.Убедете ме сега дека не ја напишал некој бугар. Впрочем како и повеќето статии поврзани со македонската историја.

Fundraiser 2011 translation

уреди

Hi! I am Jon Harald Søby, and I work for the Wikimedia Foundation during the 2011 fundraiser. I am looking for people who can help coordinating the translations into Macedonian for this year's fundraiser. The coordinator task is to help find translators and quality checkers, and make sure the translations are done in time. If you want to help out with coordinating, translating or quality checking, add your name to this list or send me an e-mail at jsoby@wikimedia.org. Jsoby (разговор) 19:29, 17 август 2011 (CEST)[одговори]

Block requested for a crosswiki vandal

уреди

Hi. I don't know where I could report this, so that's why I'm here in the village pump. Could someone please block the user London2012 (разговор придонеси) locally? It's a crosswiki vandal who talks about the Olympic Games, see for example the global lock requests of more sockpuppets here, here, here and here. A global lock was also requested for "London2012", but can't be performed because the account is not unified (no SUL-account). That's why a local block is necessary. Thanks in advance and if you need more information, don't hesitate to ask it to me. Kind regards, Trijnstel (разговор) 17:59, 5 септември 2011 (CEST)[одговори]

Košarka

уреди

Momci svaka Vam čast na igrama pokazanim na Eurobasketu. Po mom mišljenju ukrali su vam pobjedu sa ovim vraćanjem vremena u zadnjem napadu. Otkako je Bosna i Hercegovina ispala navijam za Makedoniju. Pozdrav iz Sarajeva. AdnanSa (разговор) 21:50, 12 септември 2011 (CEST)[одговори]

Pozdrav Adnane, hvala na komentarime. Nije bilo fer da tako sudije poklanjaju sekunde.--Никола Стоіаноски 21:51, 12 септември 2011 (CEST)[одговори]
Makedonija oleeeeee AdnanSa (разговор) 09:00, 15 септември 2011 (CEST)[одговори]
Ale ale :-) --Никола Стоіаноски 11:37, 15 септември 2011 (CEST)[одговори]

Лого за 50.000 статии

уреди

Мислам дека како што се прибилижуваме до бројката од 50.000 статии, потребно е навремено да се направи и јубилејно лого.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:42, 14 септември 2011 (CEST)[одговори]

Има време Кирил, рано е:(((--Тиверополник (разговор) 15:51, 14 септември 2011 (CEST)[одговори]

Ако ништо друго, сега е вистинско време, бидејќи со овој ритам на уредување на нови статии, бројката од 50.000 статии ќе биде надмината за само неколку дена.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:51, 26 септември 2011 (CEST)[одговори]

Да, може веќе да даваме предлози. Јас ќе направам едно штом бидам слободен па да го разгледаме.--Никола Стоіаноски 10:39, 29 септември 2011 (CEST)[одговори]

Честитки за 50.000 статии

уреди

Сакам да им се заблагодарам на сите корисници на Википедија на македонски јазик за постигнатиот успех во надминувањето на бројката од 50.000 статии. Ова е голем јубилеј, но нѝ претстои уште поголема работа, која се надевам ќе придонесе за уште поголеми достигнувања. Честитки!--Kiril Simeonovski (разговор) 13:41, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Честитки и од мене.--Никола Стоіаноски 13:49, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

   Честитки! Ова е навистина епохално. Покрај јубилејно лого, сега ни преостанува да побараме наше наведување во интервики на англиската. Оној пат ни побараа да имаме 50.000 статии и доволна содржајност на истите. Се надевам дека сега тоа го исполнуваме. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:58, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

   Ајде и од мене една голема честитка и благодарност за сите оние кое придонесоа во последно време за достигнување на оваа бројка. --Тиверополник (разговор) 15:06, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Видете го логото што го направив. Ја поставив бројката на табла, која пак е закачена на шајка и поврзана со врвки. Едноставно е, а ако имате коментари за подобрување кажете. Позз--Никола Стоіаноски 14:06, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]
 
Нашата Википедија го користи логото на Комонс (ова) и кога ќе се избере јубилејното само треба да преподигнеме нова верзија на Комонс, а локалниот предлог да се избрише. Од предлогот може да се тргне врвката и шајката и да се стават четири шајки на секој агол од таблата. И така ќе биде интересно.--Никола Стоіаноски 14:08, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Мене ми се допаѓа, но да видиме што мислат и другите.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:28, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Супер е. Јас денес не бев дома повеќе од предвиденото, мислев да направам и мој предлог ама ова е навистина таман! --FlavrSavr (разговор) 20:28, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Бравооо! :) -- Бојан имаш за кажување? 20:49, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

И едно битно прашање: Која е 50.000-тата статија? --FlavrSavr (разговор) 20:57, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Акомајо (покраина). --Никола Стоіаноски 21:06, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Како што изгледа, предлог логото е добро за на главната страница па си зедов за слобода да го сменам. Сега се појави и на главната страница и мислам е ОК. Поздрав--Никола Стоіаноски 21:19, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Честитки и од Џими Велс! Иако малку со закаснување, ова го добив денес: "Wikipedia is here because millions of people take on a little responsibility to make sure the entire world has free access to information. Congratulations to all of the Wikipedians who have donated their time to provide vital information to Macedonian speakers. I urge people everywhere to join them and help drive the encyclopedia to the next 50,000 articles." Изјавата веднаш ја пуштив на FB во оригинал, ве молам за помош околу преводот! --FlavrSavr (разговор) 16:30, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Википедија е тука бидејќи милиони луѓе ја сносат малата одговорност за да се обезбеди слободен пристап на информации за целиот свет. Честитки до сите Википедијанци кои донирале дел од нивното време за да се овозможат витални информации за македонските говорници. Ги охрабрувам луѓето од било каде да се им се приклучат и да им помогнат да ја придвижат енциклопедијата кон следните 50.000 статии. Фала за честитките :) --Никола Стоіаноски 16:36, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Логото е убаво, а за интервики на англиската - кој контактира со нив, нека испрати барање, ако не :) -Виолетова (разговор) 18:02, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Ајде, нека ни е честито! Многу ми направи ќеф изјавата на Џимбо! Поздрав до сите. --Brainmachine (разговор) 18:26, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Следна е да ја престигнеме грузиската Википедија. Таа и наредната после неа може да се стигнат и без никулци, впрочем како што си работевме до сега. --Никола Стоіаноски 19:46, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Вики-средба по повод 50.000 статии

уреди

Дечки, со Кирил зборувавме да направиме една вики-средба зошто ова е навистина повод за славење! :) Предлогот е четврток, 6 октомври, во Менада, чаршија. Почеток: 18 часот. Ако има некој против или некоја подобра идеја, нека каже брзо бидејќи во соопштението за јавност би го најавил настанот! Соопштението за јавност го пуштам штом ги добијам ветените изјави, или најкасно утре попладне, ако тие не стигнат! :) ЧЕСТИТО! --FlavrSavr (разговор) 20:36, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Јас сум во Скопје и сум слободен тогаш, па можам да дојдам. --Brainmachine (разговор) 18:27, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Turkish Coffee Section Blanking

уреди

Dechki,

Slucajno ja otvoriv statijata za tursko kafe i nekoj idiot (grk) napravil section blanking spored history.

10:35, 1 October 2010 60.224.164.90 (talk) (18,718 bytes) (→Republic of Macedonia) (undo) (Tag: section blanking)

Taka da sega go ima celiot balkan tamu no bez Makedonija.

Moze nekoj da sirne za ova?

Fala dechki, keep up the GREAT WORK!

Ако мислите за англиската верзија на статијата, јас додав текст за Македонија. Поздрав--Никола Стоіаноски 21:49, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Интервики

уреди

Кога се планира да се стави македонскиот јазик на англиската википедија? Позз --Васил Ч. (разговор) 22:23, 3 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Моментно се води дискусија во која учествуваат неколку наши корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:07, 4 октомври 2011 (CEST)[одговори]

   Дечки, дали воопшто планирате да се жалите кај други админи на англиската за ова, или дигнавте раце? Мислам дека овој неуспех ќе биде голема демотивација. Веќе со години ми кукаат луѓе како нè немало таму. Како стои работата? --Б. Јанкулоски (разговор) 04:00, 7 октомври 2011 (CEST)[одговори]

   Размислував да започнам вакво барање, но деновиве воопшто немам време за уредување, па веројатно и оттаму впечатокот дека се кренати раце од целата работа. Наведов дури и факти со податоци кои го отфрлаат тврдењето на корисникот David Levy, проследено дури и со статистичко предвидување, но сето тоа најверојатно беше залудно и веднаш беше отфрлено со студен коментар.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:03, 9 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Што се случува со оваа работа? Искрено не очекував дека ваќа ќе се заспостави нешто толку важно. --Б. Јанкулоски (разговор) 05:34, 14 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Јас сум да продолжиме, но работата е да се договориме најпрво, со цел да не испадне секој да си го брани своето мислење како и досега.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:01, 14 октомври 2011 (CEST)[одговори]

WikiLove

уреди

На последната вики средба беше разговарано за воведување на оваа опција на мк.вики, за да се воведе потребно е:

Individual wikis may request that WikiLove be deployed to them provided the following criteria are met:

  • Community consensus for the deployment has been reached (потпишувајте се подолу):
  1. --brest (разговор) 23:13, 6 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  2. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:26, 6 октомври 2011 (CEST)    Гледам добив култен статус, како Чичко Сем.[одговори]
  3. ---FlavrSavr (разговор) 19:19, 7 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  4. --Никола Стоіаноски 09:48, 8 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  5. --Brainmachine (разговор) 09:21, 9 октомври 2011 (CEST)    Чичко Бојан ќе си добие многу, многу вики-љубов! <3[одговори]
  6. --Тиверополник (разговор) 14:02, 9 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  7. --Kiril Simeonovski (разговор) 14:07, 9 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  • The WikiLove extension has been localized to that wiki's language on TranslateWiki (you can help here)
 Ок Готово Чичко Бојан веќе ја завршил работата (види translatewiki.net)
 Ок Готово, треба малку да се допреведе :)
Требаше цела да се преведе, и сега е преведено. Чичко Бојан додаде и две македонски награди бидејќи знае дека ќе имаат особено значење за нас. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:58, 7 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  • Once these criteria are met, open a bug in bugzilla requesting the deployment.
 Ок Готово, https://bugzilla.wikimedia.org/show_bug.cgi?id=31831

Поздрав! --brest (разговор) 23:13, 6 октомври 2011 (CEST)[одговори]

 Ок Готово WikiLove веќе функционира, благодарност до сите кои тоа го овозможија. Сакајте се!--brest (разговор) 19:47, 28 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Предлог програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година

уреди

Почитувани уредувачи и корисници на википедија на македонски јазик, изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме нашите членови и јавноста во процедурата на усвојување на нашиот програмски и финансиски план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред нашето годишно собрание, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат шанса да дебатираат за нашите предлог цели. Програмскиот план може да се најде на mk.wikimedia.org. Ве повикувам да дадете свој придонес. --brest (разговор) 11:49, 17 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Брест, браво за трудот кој си го вложил во планот! Во врска со [А] Промоција на доброволната работа, мислам дека треба да се фокусираме и на промоции кои ќе бидат на самиот сајт. На пример, големи банери со уредувачки акции, „Станете волонтер на Википедија! Навистина е кул итн...“, „Овој месец ги подобруваме статиите од областа на Втората светска војна, придружете се во акцијата!“. Имплементција на WikiLove. Систем на поени и награди. Можеме (со многу труд и мака) да направиме видео-клипови за основите на уредувањето кои ќе имаат многу голем ефект, поголем отколку текстуалните упатства. Исто и клипови кои ќе објаснуваат зошто волонтерството на Википедија е кул работа (со нарација и со таа музика што ја пуштаат Американците во лифтови). Овие видео-клипови одат во прилог и кон [В] Развој на организацијата (одржување на предавања, трибини) и кон [Г] Диверзитет на уредувачите (намалување на техничките бариери). Морам да спомнам дека ми се допаѓа идејата за ослободување на содржините, која ако биде успешна, ќе ни овозможи голем фонт на слободни материјали кои можат да бидат многу корисни. --Brainmachine (разговор) 19:59, 23 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Ова е сè одлично, но мислам дека досега за неколку од овие работи заедницата немаше прифатливо мислење, особено за бодувањето на трудот, што мислам дека и не е така негативно, со оглед на тоа дека ова зема доста голем замав. Можеби овие коментари се добредојдени на страниците на Викимедија Македонија, но мислам дека едобро да се отвори дискусија и овде, со цел да се прочита мислењето на оние корисници, кои не се членови на локалниот огранок.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:43, 23 октомври 2011 (CEST)[одговори]
Незнам дали овде треба да ја водиме оваа дискусија, или на страницата за разговор на Бикимедија, но овде е започнато, па еве и јас да дадам свое мислење. Го поздравувам планот за 2012 година и целосно го поддржувам, но... Според мое мислење треба повторно да пробаме со: создавање или повторно активирање на википроектите, да се создаде посебен проект кој би траел една недела, и на кој би се пишувало единствено и само за една тема, интересно би било да се направат следните два проекта (ги погледнав од соседните вики (Википедија на глас и создавање на книга во википедија, викивести - незнам до каде дојде проектот, можеби треба да се размисли за проект во вид на: Википедија дава информација која Вие ќе ја посакате Посебно ми е жал што во последните една-две години изгубивме активни корисници од бугарската википедија. Без разлика на големите недоразбирања со нив, главно поврзани со теми од историјата, ова не требаше да се случи, а де не пишувам за нашите кои дел од нив налутено го напуштија проектот. За да не се стигне до слични вакви случаи, можеби треба да се создаде еден вид Арбитражен суд кој ќе решава околу определени прашања. Ова е во врска со моите видувања околу идните важни проекти кои би требало да се занимавате или занимаваме, би сакал подетално да се објасни како ЌЕ се спроведат сите овие планови. Сепак, стојам на располагање, и секоја иницијатива е добро прифатена од мене и ја поддржувам во целост.--Тиверополник (разговор) 23:16, 23 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Да добро би било да има Арбитражен суд... --Јоханес Климакус (разговор) 23:27, 23 октомври 2011 (CEST)[одговори]

  1. Re. Brainmachine. Секако промоцијата треба да се врши на самиот сајт, но не е на одмет и во други медиуми. Доколку не е проблем за тебе, може на mk.wikimedia.org да се поднесе т.н. амандман на текстот на Предлог планот, па да бидат истите вметнати во финалниот текст. WikiLove се надевам дека скоро ќе биде имплементиран, но останува работа околу неговата промовиција. Мојата идеја е преку низа активности и соработка со трети страни полесно да дојдеме до готови видео-клипови за кои ти зборуваш, кои покрај тоа што би биле достапни на нашиот сајт би можеле да се вртат и на телевизиските станици. Јас очекувам секој од активните википедијанци да се заложи во остварување на плановите, така полесно би ја развиле нашата организација и би го промовирале вики движењето. За „ослободување на содржините“ треба малку посистематски да поработиме и да им објасниме на сопствениците и пазачите на овие содржини дека е од општ интерес истите да се ослободат. --brest (разговор) 16:52, 28 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  2. Re. Kiril Simeonovski. Без разлика каде се води оваа дискусија, добро е да се води, со цел да се вклучат што е можно повеќе заинтересирани.--brest (разговор) 16:52, 28 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  3. Re. Тиверополник. Благодарам за целосната поддршка и секоја критика е добредојдена. Спомна многу интересни проекти: Википедија на глас и создавање на книга. Технички овие проекти се решливи, само потребни се ресурси за нивно остварување. Мислам дека во нашите програмски активности треба и нив да ги предвидиме. Доколку не е проблем за тебе, би предложил малку подетално да ги разработиш. Секако и другите проекти кои ги спомна заслужуваат внимание. Целта на Програмскиот план е сите овие проекти на еден посистематски начин и со тимска работа да се остварат, имаш шанса да бидеш и ти дел од овој тим.--brest (разговор) 16:52, 28 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Многу од предлозите се добри, но од досегашното искуство нешто кое било воведено и не траело премногу долго. Ова е нешто кое треба да се надмине, како по број на луѓе, така и по времето потребно и резултатите постигнати во рамките на она што треба да биде остварено. Да бидам појасен, имаме Википроеки, чијашто основна цел е да се поттикне уредувањето во одделни области и како такви истите се одлична можност за воведување на работа на неделата, којашто уште од нејзиното воведување ја следам на Википедија на руски јазик и навистина има одлични резултати. Но, во уредувањето се вклучени голем број на луѓе, кои одвојуваат време да го работат тоа. Сепак, мислам дека доколку нешто се воведува, потребно е да се оди до крај. Започнавме со порталот 500 статии, се префрливме на рецензија, еве сега и на добра статија и не можам да видам некои забележителни ефекти. Но, никој не е виновен, освен фактот дека најголемата вина е во (не)активноста на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:48, 28 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Terms of Use update

уреди

I apologize that you are receiving this message in English. Please help translate it.

Hello,

The Wikimedia Foundation is discussing changes to its Terms of Use. The discussion can be found at Talk:Terms of use. Everyone is invited to join in. Because the new version of Terms of use is not in final form, we are not able to present official translations of it. Volunteers are welcome to translate it, as German volunteers have done at m:Terms of use/de, but we ask that you note at the top that the translation is unofficial and may become outdated as the English version is changed. The translation request can be found at m:Translation requests/WMF/Terms of Use 2 -- Maggie Dennis, Community Liaison 03:05, 27 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Честит Курбан Бајрам

уреди

Честит празник на сите верници од муслиманска вероисповед--Тиверополник (разговор) 12:13, 6 ноември 2011 (CET).[одговори]

Честитки и од мене.--Никола Стоіаноски 12:32, 6 ноември 2011 (CET)[одговори]
Честитки до сите муслимански верници!--Kiril Simeonovski (разговор) 12:43, 6 ноември 2011 (CET)[одговори]

Македонија на Википедија

уреди

Сакам да започнам дискусија со вики-заедницата активна на википедија на македонски јазик, било да е некој уредувач или само корисник на содржините, активен во моментов или во минатото, како замислува Македонија најдобро да се претстави на Википедија. Кои би биле чекорите за подобро претставување, што треба да се направи и кој е тој што треба да направи?

Подолу направив список на прашања за кои сметам дека треба да се дискутира. Доколку некој смета дека треба да се додаде нешто друго за дискусија слободно нека го додаде во списокот. Секој може да земе учество во дискусијата без никакви ограничувања сè додека има конструктивни намери.--brest (разговор) 17:26, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]

Дали Македонија е доволно застапена на ВПМК?

уреди
   Со исклучок на историјата, мислам дека останатите теми се застапени во многу мал обем. Статии можеби има и од другите области, но нивната содржина едноставно не е доволна.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Не знам колкав би бил обемот на поимот доволно. Веројатно нема доволно.. Мене нешто што ми ја одзема енергијата да продолжам да уредувам статии е кога ќе видам статии од типот на владини реклами. Посебно во делот каде се рекламираат проектите на Влада на РМ кои повеќе личат на изборна програма отколку што се вистински статии.. Не само што не се напишани во минато, туку ги има и такви во идно време. Посебно во делот идејни урбани решенија за градот Скопје. Не ми е во ред тоа.. BlueEagle1 (разговор) 21:48, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
  • Најверојатно имаме доволно содржини од областа на Историјата, но секако дека нема да ни штети ако имаме уште повеќе. Не би сакале содржини кои би ја рекламирале Владата, поточно било кого, и ова е принципиелно барање од кое нема отстапување и треба сите да се залагаме за тоа.--brest (разговор) 14:20, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]
Освен цркви и археолошки локалитети, другото е слабо.--Никола Стоіаноски 15:54, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]

Кои други јазични изданија на ВП би требало да се од интерес за презентирање на содржини за МК?

уреди
   Најдобро би било кога сите јазични изданија би биле богати со содржини за Македонија, но од особено значење мислам дека се јазичните изданија на јазиците кои се збируваат во Македонија.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Јас мислам дека покрај јазичните изданија на јазиците кои се зборуваат во Македонија, фокус треба да се даде и на јазичните изданија на најзастапените светски јазици: Англиски, Германски, Француски, ...--brest (разговор) 21:30, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Дефинитивно англиска Вики, но имаме проблем со една група уредувачи кои насилно ја бугаризираат Македонија. --Никола Стоіаноски 15:56, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Исто така на јазиците кои се зборуваат во Македонија, албански, турски, српски, влашки, ромски. Но и на јазиците на нашите соседи, грчки, бугарски.--brest (разговор) 11:12, 20 ноември 2011 (CET)[одговори]
Можеби најголема грешка беше пристапот кон т.н. бугарски уредувачи на македонската википедија. Какви и да беа споровите, нив не требаше да ги испуштиме бидејќи освен историски, тие уредуваа и статии од други области. Ова е само еден наш недостаток, кој помина но ми лежеше на срце, па морав да го напишам--Тиверополник (разговор) 11:20, 20 ноември 2011 (CET)[одговори]

Од каде би можело да се регрутираат најквалитетни и најпосветени уредувачи на ВП?

уреди
   Одговорот е едноставен и гласи „отсекаде“. Википеија ја уредуваат корисници, кои се разликуваат по пол и возраст, особини и навики, па мислам дека секој може да биде квалитетен и посветен уредувач. Сепак, на мислење сум дека квалитетни и посветени корисници може да произлезат од луѓе кои сè уште се образуваат, па така средношколците, студентите и академските работници би биле погодна целна група.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Да претпоставиме дека целокупната школска популација во Македонија е силно мотивирана да уредува нови содржини на Википедија во одреден период, да речеме првата седмица од 2012 година. Дали тоа е доволно потребно за да имаме оптимален прилив на нови статии или е потребно исполнување и на други услови. Пример во Македонија има околу 100 средни училишта со четири годишна и тригодишна настава поврзани на Интернет и овозможен пристап до Википедија, односно вкупно околу 30.000 средношколци. Ако претпоставката за силна мотивација е исполнета. Дали тоа е доволна гаранција дека секој од овие ученици ќе напише посебна статија? Во тој случај би имале прилив од речиси 30.000 статии за краток период од една седмица. Дали е потребно претходно да се направи некаква координација, за да ваков импозантен прилив се оствари? Доколку е потребна координација тогаш кој и како треба тоа да го направи?--brest (разговор) 04:33, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]
  • Да се надоврзам на студентите. Пред некое време по некаква иницијатива дел од студентите работеа на создавање нови содржини на Википедија. Што бидна со тие статии... Си стојат на нашата вики со предлошките дека не ги исполнуваат стандардите или дека не се уредени. Како неискусен уредувач, кој прв пат пишува на вики, зошто да направам статија кога на крај админите ќе ги стават овие предлошки и само ќе ми ја грубат статијата. Значи овој проблем е до самата организација на администраторите кои за жал дел од нив како и да не постојат на википедија со уредувањето. Доколку си задаваме некакви иницијативи, самите треба подобро да ги оствариме, значи проблемот е до самите нас. Brest, што ќе се случи доколку има навала за една недела или месец да се создадат 30.000 нови статии. Кој ќе ги средува, со каков капацитет располагаме... Доволно време сум овде за да заклучам дека проблемот е до нас самите. Кога еден уредувач ќе започне некој проект, никој не го поддржува туку тој самиот си работи додека не му помине меракот и не му дојде преку глава. Во планот за 2012 година најмногу треба да се обрне внимание на нашата соработка а потоа да бараме начин како да привлечеме нови корисници кои ќе пишуваат. Малку избегав од темата, но тоа се фактите--Тиверополник (разговор) 11:30, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]
  • Мислам дека некои од нив се навистина добри статии, можеби некои и се „избрана статија“. Веројатно голем дел сè уште не ги исполнуваат стандардите. Тиверополник забележа дека ни недостасуваат активни администратори. Едно од решенијата на овој проблем би било да се зголеми нивната активност, друго решение би било да се изберат нови администратори. Но дали имаме квалитетни уредувачи кои би можеле да ги промовираме во администратори? Можеби студентите не поминале доволна добра обука за тоа како се уредуваат статиите на Википедија. Доколку тие квалитетно уредуваат тогаш би имало помалку работа за администраторите и можеби во тој случај и со овие администратори ќе може да се држи чекор со напливот на нови статии. Тивериополник, дали си размислувал за тоа како да им помогнеме на новите уредувачи квалитетно да уредуваат? --brest (разговор) 12:22, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]
  • Студентите се само изговор, нивната работа им била наметнета од страна на професорот, тие напишаа по една/две статии и си заминаа, а ние ги оставивме статиите да си наликуваат на Вики. За привлекувањето сум размислувал, како да не сум размислувал но едноставно го немам точниот одговор. Без да сакам да навредам никого, но нашето општество е мрзливо, повеќе сака да си листи по вики отколку да пишува. Незнам со какви средства располагаме, но во моментот како што стојат работите, без помош од некоја институција, нема да можеме ништо да постигнаме. Најмногу го поддржувам вашиот предлог да се започне соработка со училишта, библиотеки или универзитети, но незнам како би одело ова. Пред една недела дискутирав со еден наш универзитетски професор и тој ми кажа дека е подготвен да помогне на било кој начин на Википедија. Доколку се дојде до контакт со академските институции, слободно можам да кажам дека активноста на вики со сила или не, ќе се зголеми. Бидејќи ја следам бугарската википедија, во моментот се одржува проект за википедија на универзитетот во Пловдив.--Тиверополник (разговор) 12:54, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]

Кои се мотивите да уредувате на ВП за теми поврзани со МК?

уреди
   Досега немам уредувано премногу на теми поврзани со Македонија, но чувството да се направи нешто повеќе за земјата во која живеам преовладува.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:37, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
Не треба мотиви, барем за нас активните. А за други лица, најверојатно родољубиви :) --Никола Стоіаноски 15:53, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]

Дали сметате дека ВПМК, доволно репрезентативно ја претставува МК?

уреди
   Не. Како што веќе напоменав, преовладуваат содржини поврзани со историјата, а има по нешто и за географијата и книжевноста.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Во општинските администрации велат има превработеност а на ниеден не му паѓа на памет да уреди статија за својата општина. Статиите за Општини во РМ стојат празни (никулци) речиси без текст. Би било добро кога оние вработени во Сектори (одделенија) за односи со јавност би можеле да дадат свој придонес во тој домен. Кога тие би го сториле тоа, повикувајќи си се на свои извори (сите имаат весници или барем некакви годишни билтени колку што знам) останатите полесно би имале репер за уредување, било за личности, знаменитости и сл. BlueEagle1 (разговор) 21:42, 17 ноември 2011 (CET)[одговори]
  • Ова е добра идеја, целна група која би можела да помогне во зголемување на квалитетни статии на википедија да бидат вработените во општините. Пред се статии поврзани со нивната единица на локална самоуправа, општината, населените места, природните и културните знаменитости, историјата и сл. Дури оваа група би можела да има соработка со да речеме учениците од училиштата на територијата на таа општина, да ги поттикнува да пишуваат статии за нивната општина. --brest (разговор) 12:22, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]
   Не. Имаме напредок при промоцијата на цркви, археолошки локалитети и многу малку лингвистика, но тоа ни од далеку не е доволно. Многу слабо имаме за историјата (Далчо е одличен уредувач кон ова прашање и се труди да ја претстави доследно), потоа немаме никакви статии за литература, архитектура, прирдни богатства, географија, политика итн.--Никола Стоіаноски 15:52, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]

Визијата и мисијата на овој проект

уреди

Еј, луѓе, работам на едно проектче за поедноставување на работата на целиот проект, како за постоечките уредувачи, така и за сите новодојденци. Всушност, правам рамка на сите активности кон кои треба да се фокусираме и кои секогаш треба да ги имаме на ум. Во склоп на тоа, сакав Википедија на македонски да има јасно истакната визија и мисија, нешто што е карактеристика на сите успешни проекти и организации, па ги напишав овие две работи. Ме интересира дали се согласувате со нив, дали зборовите добро резонираат со тоа што навистина го правиме и дали имате некои сугестии за тоа да ги измениме/поправиме некако. Еве ги: Предлошка:Визија
Предлошка:Мисија Чисто за појаснување, логото во визијата е „logo for the wikimedia community“, а го ставив бидеќи сметам дека визијата не е само за википедија, туку и за другите проекти. --Brainmachine (разговор) 18:13, 26 ноември 2011 (CET)[одговори]

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик

уреди

Почитувани корисници, мислам дека би било добро да се воведат неколку технички измени, со чијашто помош се надевам дека ќе се зголеми квалитетот на Википедија на македонски јазик. Првата работа е воведувањето на оценување на статии, која мислам дека може да биде корисна во давањето на одредница кон она на што треба да се работи по барање на читателите. Ова веќе успешно функционира на неколку јазични изданија (пр. на Википедија на српски). Друга работа, која исто така мислам дека би можела да се направи е создавање на алатки со кои статиите би се додавале на страниците на друштвените мрежи. Ова посебно би го нагласил, бидејќи Википедија на македонски јазик има солидна промоција на Facebook и twitter. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:03, 8 декември 2011 (CET)[одговори]

Второто ми се допаѓа многу и јас се мислев за тоа. Треба да се додаде некое копче, како на пример: Сподели на Facebook или Google+. А првата мене не ми се допаѓа. Видов дека има и на англиската тоа, ама јас не ја гледам таа опција како дел од нашата Википедија. Но, како ќе одлучи заедницата.--Никола Стоіаноски 12:58, 10 декември 2011 (CET)[одговори]

Има безброј проекти на Википедија, јас погоре предложив неколку а и овие би ги поддржал, зошто да не...--Тиверополник (разговор) 14:03, 10 декември 2011 (CET)[одговори]

Работата не е да се создадт проекти, туку само да се воведат овие алатки. Неодамна се исполни сличен предлог, во врска со Wikilove.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:43, 10 декември 2011 (CET)[одговори]
Во БГ:У постои проект Уикипедия:1000 статии (приземано од Wikipedia:Vital articles), со кој се подобрува квалитетот на статии од светско значење и различни делови од светската наука. Тоа претпоставува дека се меѓу најпопуларните статии воопшто. Ако оваа листа не се чини да е важна за корисниците од Република Македонија, тогаш изкористите ја следнава програма [1], за да видите кои се најчитаните страници во МК:У и да работите за нивното подобрување. Така се зголемува шанса задоволни читатели да помогнат МК:У во идно време. --Подпоручикъ ([[User talk:|разговор]]) 15:47, 10 декември 2011 (CET)[одговори]
Благдоарам на коментарот и советите. Се разбира дека треба да се има предвид и тој список, кој мислам дека е запоставен последните неколку години. Инаку што се однесува до искуствата од Википедија на бугарски јазик, бидејќи планираме да го оживееме Википроектот Одржување и да воведеме работа на седмицата, мислам дека споделување на искуство во овој поглед ќе ни биде од голема полза (повеќе детали за ова има овде). Гледам дека ти, Подпоручикъ, си доста активен и на Википедија на бугарски јазик, па би можел да ни пренесеш повеќе околу сето тоа. Јас таму повеќе читам отколку што уредувам и имам направено само неколку минорни уредувања како исправки на грешки и кратки дополнувања. Сепак, за ова може да разгиовараме на страницата за идеи, па ајде овде да се фокусираме на оценувањето на статии и алатките за објавуавње на статии директно на друштвените мрежи.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:08, 10 декември 2011 (CET)[одговори]

Јас сега можам само да кажам дека првите два предлога може уште веднаш да ги реализираме, воопшто не се дискутабилни, бидејќи само додаваат на функционалноста. Само фали да се поднесат барања на соодветните места. --Brainmachine (разговор) 19:35, 13 декември 2011 (CET)[одговори]

Ново лого - Македонија во БГ Вики

уреди

Во БГ Вики стигнавме 10 000 статии за областа Македонија, коешто го одбележуваме со променето лого како симбол за таложено знаење - знаење коешто е плод на трудот на википедианците од БГ Вики и на помошта со слики, исправки и дополнениjа на википедианците од МК вики. Ви благодараме и веруваме дека, закопавајки го за малце томахавкот, ќе ја споделите нашата радост! :-)--Алиса Селезньова (разговор) 16:05, 14 декември 2011 (CET)[одговори]

Супер, сите се радуваме на Бугарска Македонија.....Ептен многу се радуваме. Еве јас скокам од радост. Поздрав и нека ви се множат ;)--Р ашо  18:03, 14 декември 2011 (CET)[одговори]
Секоја чест за одличниот труд вложен во врска со уредувањето на статии за Македонија. Ви посакувам уште поголеми дострели, а доколку ви затреба било каква помош, јас сум секогаш подготвен да ви помогнам.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:39, 14 декември 2011 (CET)[одговори]
Благодарам за добрите думи. Кириле, секогаш можеш да очекуваш помош (ако требува ваква - винаги можеш да прашаш мене или друг корисник от БГ), но сметам за сега е најдобре корисниците от БГ Вики да сме пасивни по однос на пишуването во МК Вики, затоа зашто ги револтираме голем дел од тукашните корисници. Тоа не е битно и за нас и за нив. Стискаме палци и МК Вики да врви напред, па дури некои да не веруват во таа реченица. Поздрав! --Подпоручикъ (разговор) 21:13, 15 декември 2011 (CET)[одговори]
Честитки за бугаризираните „статии“, ви посакувам голем „успех“.--Никола Стоіаноски 20:37, 14 декември 2011 (CET)[одговори]
Честито за постигнувањето на бројката, но како што кажав порано, вакви модификации на логото едноставно се лоша идеја. Веќе некои корисници се побуниле во Фондацијата дека македонски хакери ја хакнале бг.Википедија! Да не зборуваме за потенцијалните контраверзи ако ова го забележат бугарските или македонските медиуми! --FlavrSavr (разговор) 03:42, 17 декември 2011 (CET)[одговори]

Среќна Нова 2012

уреди

Среќна Нова на сите Википедијанци и пријатели. Сè најдобро во новата 2012 година. --Никола Стоіаноски 12:18, 1 јануари 2012 (CET)[одговори]

Среќна нова година и од мене. На сите ви пожелувам многу здравје, среќа и успех.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:20, 1 јануари 2012 (CET)[одговори]
Среќна Нова и годинава да постигнеме една стотка ;) --Р ашо  12:44, 1 јануари 2012 (CET)[одговори]
Поздрав до сите! Среќни празници. --Brainmachine (разговор) 16:44, 2 јануари 2012 (CET)[одговори]

Христос се роди

уреди
Многу здравје, среќа и успех на сите Википедијанци. Сè најдобро.--Никола Стоіаноски 10:27, 7 јануари 2012 (CET)[одговори]

Честит ви Божик! Живи и здрави да сте! Jingiby (разговор) 18:39, 7 јануари 2012 (CET)[одговори]

Честит празник на сите оние кои го слават!--Kiril Simeonovski (разговор) 18:56, 7 јануари 2012 (CET)[одговори]

Општини во Македонија

уреди

Здраво на сите. Како што знаеме, дополнителни објаснувања на оваа Википедија ставаме во заграда, како на пример Алжир и Алжир (град). Дали општините во Македонија да ги оставаме во сегашниот формат, Општина Кичево, или во стандардниот формат Кичево (општина)? поз--Никола Стоіаноски 12:40, 8 јануари 2012 (CET)[одговори]

Мое мислење е дека објаснувањето во заграда е подобро решение во случај кога се врши транскрипција од другите јазици. За општините во Македонија, досега го имам сретнато само првиот облик (пр. Општина Кичево).--Kiril Simeonovski (разговор) 17:27, 10 јануари 2012 (CET)[одговори]

Language support group for Macedonian

уреди

The Wikimedia Foundation has brought together a new team of developers who are dedicated to language support. This team is to support all the languages and consequently it is not realistic to expect that the team members can provide proper support for your language. It is for this reason that we are looking for volunteers who will make up a language support team.

This language support team will be asked to provide us with information about their language. Such information may need to be provided either to us or on a website that we will indicate to you. Another activity will be to test software that will likely have an effect on the running of the MediaWiki software. We are looking for people who clearly identify their ability. Formal knowledge is definitely appreciated.

As much of the activity will be concentrated on translatewiki.net, it will be a plus when team members know how to localise at translatewiki.net.
Thanks, Gmeijssen (разговор) 12:03, 10 јануари 2012 (CET)[одговори]

We need your help to support your language

уреди

The Wikimedia Localisation Team is working on plural support at this time. There is a difference between how we support your language for plural in MediaWiki and how it is defined in the CLDR, the standard for such things.

Please help us by providing us with the necessary information and PLEASE do this by joining the language support team for your language.
Thanks, Gmeijssen (разговор) 12:03, 10 јануари 2012 (CET)[одговори]

  These things are my responsibility, so I created a Macedonian subsection and put my name there. Thanks for the notification. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:48, 15 јануари 2012 (CET)[одговори]

Request for translation. Yanka Kupala and Yakub Kolas

уреди

Warm greeting from Belarusian Wikipedia! This year we celebrate 130. birthday of Belarusian great poets and Could you help us to translate articles into your unique and honourable language? Thank you in advance! --Rymchonak (разговор) 09:06, 15 јануари 2012 (CET)[одговори]

See you soon with the Macedonian articles.--Никола Стоіаноски 12:11, 15 јануари 2012 (CET)[одговори]

Announcing Wikipedia 1.19 beta

уреди

Wikimedia Foundation is getting ready to push out 1.19 to all the WMF-hosted wikis. As we finish wrapping up our code review, you can test the new version right now on beta.wmflabs.org. For more information, please read the release notes or the start of the final announcement.

The following are the areas that you will probably be most interested in:

  • Faster loading of javascript files makes dependency tracking more important.
  • New common*.css files usable by skins instead of having to copy piles of generic styles from MonoBook or Vector's css.
  • The default user signature now contains a talk link in addition to the user link.
  • Searching blocked usernames in block log is now clearer.
  • Better timezone recognition in user preferences.
  • Improved diff readability for colorblind people.
  • The interwiki links table can now be accessed also when the interwiki cache is used (used in the API and the Interwiki extension).
  • More gender support (for instance in logs and user lists).
  • Language converter improved, e.g. it now works depending on the page content language.
  • Time and number-formatting magic words also now depend on the page content language.
  • Bidirectional support further improved after 1.18.

Report any problems on the labs beta wiki and we'll work to address them before they software is released to the production wikis.

Note that this cluster does have SUL but it is not integrated with SUL in production, so you'll need to create another account. You should avoid using the same password as you use here. — Global message delivery 17:23, 15 јануари 2012 (CET)

Anti-SOPA blackout протест

уреди

Koki2008 (разговор) 16:12, 17 јануари 2012 (CET)[одговори]

Англиската Википедија ќе биде недостапна 24 часа на 18 јануари 2012 во знак на протест против предлог законот Stop Online Piracy Act во американскиот Конгрес.

Во Македонија се крчка нешто слично со контроверзниот нов закон за медиуми, 10000 евра за регистрирање на Интернет домеин не звучи како прифатлива цена за просечниот Македонец.

Мислам дека треба да излеземе во знак на солидарност кон англиската Википедија и македонската Википедија да биде недостапна 24 часа по можност истовремено со англиската Википедија, или во наредниве неколку денови.

За Интернетот се работи, почитувани дами и господа, сведоци бевме на обид за вовед во цензура во Интернетот во Италија во 2011, обид за кој слушнав од неофицијални извори дека завршил неуспешно.

Да се придружиме на борбата против Интернет цензурата, не сме ни Кина, ни Северна Кореја, ни Куба ни ред други држави во кои тоа е секојдневна пракса, да не дозволиме било каков вовед во нешто такво.

Koki2008 (разговор) 16:12, 17 јануари 2012 (CET)[одговори]

Јас ќе се солидаризирам и нема да уредувам на ниту еден од проектите на Викимедија во тој период, но сепак мислам дека е предоцна да се направи она што го прават колегите од Википедија на англиски јазик, бидејќи немаме никакво соопштение за читателите и корисниците. Ова би можеле да го изведеме во некоја идна прилика, а причините што ги наведувате се добра основа за такво нешто.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:25, 18 јануари 2012 (CET)[одговори]
Викимедија Македонија веќе излезе со став по ова прашање. Секако, добро е да пружиме било каква поддршка за овој протест. Не верувам дека воздржување од уредување на Википедија на македонски јазик помага многу, но го почитувам ставот. --FlavrSavr (разговор) 02:00, 18 јануари 2012 (CET)[одговори]

Call for nominations: chapter-appointed seats on the WMF Board of Trustees

уреди

The Wikimedia chapters are seeking to appoint two candidates to sit on the Wikimedia Foundation's Board of Trustees for two years, starting 1 July 2012. The two new members of the board will help to decide the future direction of the world’s leading non-profit website. Wikimedia project are constructed by hundreds of thousands of volunteers worldwide, supported by a growing number of staff and an international network of chapters. Board membership is unpaid.

The chapters wish to appoint two excellent board members and believe this can best be achieved by selecting from a large number of varied and skilled candidates. Therefore, the chapters call for nominations by everyone who believes they or someone they know would be suitable. The chapters ask that this call for candidates be distributed as widely as possible through such forums as mailing lists, village pumps, and blogs.

The successful candidates will be committed to the Wikimedia mission and willing and able to engage constructively with the stakeholders of the movement, including the volunteers and the chapters that provide it with essential support. The successful candidates will have:

  • The ability to provide expertise to the board in its goal of implementing a coherent vision on how the projects’ communities, the foundation, the chapters, and other affiliated groups work together;
  • Sensitivity to complex issues surrounding the multiplicity of languages, cultures, and jurisdictions served by the foundation’s projects;
  • Knowledge and understanding of the governance of international non-profit organizations, balancing autonomy and subsidiarity;
  • The ability to think strategically and to work both as part of a team and independently;
  • A good standard of written and oral English (fluency in additional language would be well regarded);
  • Sufficient time to devote to the role of board member, and the ability and willingness to travel.

Increasing the geographical diversity of current board membership would be an advantage.

The selection process is set out here: http://meta.wikimedia.org/wiki/Chapter-selected_Board_seats

Nominations must be sent to the moderator Béria Lima (Wikimedia Portugal) and deputy moderators Milos Rancic (Wikimedia Serbia) and Mardetanha (Wikimedia steward from Iran) by 23:59 UTC, 29 February. If you would like to nominate yourself or someone else, please see the instructions here: https://meta.wikimedia.org/wiki/Chapter-selected_Board_seats/2012/Nominate

Béria Lima,
Moderator

MediaWiki 1.19

уреди

(Apologies if this message isn't in your language.) The Wikimedia Foundation is planning to upgrade MediaWiki (the software powering this wiki) to its latest version this month. You can help to test it before it is enabled, to avoid disruption and breakage. More information is available in the full announcement. Thank you for your understanding.

Guillaume Paumier, via the Global message delivery system (wrong page? You can fix it.). 16:10, 12 февруари 2012 (CET)[одговори]

Косово и Република Косово

уреди

Поради сензитивноста на темата и поради надминување на неусогласувања, направив посебна статија за Република Косово, а старата е за регионот Косово. Во иднина, се што е поврзано со Републиката (статии, категории, предлошки итн) користете Република Косово, а за регионот нема статии моментално, освен главната. Ако не се согласувате, лесно сè ќе вратам. Поз--Никола Стоіаноски 13:05, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]

Навистина станува збор за сензитивна тема и не сакам многу да навлегувам, но Вики-заедницата на македонски јазик треба да има јасно изграден став околу ова прашање. На сличен начин, проблемот е решен и на Википедија на руски јазик, каде што статија насловена „Косово“ се однесува на географската област и административната единица во рамките на Србија, додека друга статија со наслов „Република Косово“ се однесува на самопрогласената држава. Според мене, ова е донекаде прифатливо решение, иако треба да се внимава на содржината во новосоздадената статија и нејзиното понатамошно проширување.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:43, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]
Indeed :)--Никола Стоіаноски 15:35, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]

Проверување и оценување на измени

уреди

Веќе подолго време забележувам дека многу голем број на измени во текот на еден ден остануваат непроверени и како такви неоценети. Освен тоа, проблемот е што главно станува збор за вандализам, кој останува незабележан и со тоа се провлекува со денови, па и месеци. Ќе замолам сите оние кои ги имаат овие права да ги проверуваат туѓите измени навремено кога ќе ги забележат, со што би можеле колку толку да го одржиме и заштитиме проектот. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:49, 27 февруари 2012 (CET)[одговори]

Секогаш кога се логирам, ги пуштам последните 500 измени и прегледувам. Не верувам дека ова е на подолг период. Јас сметам дека барем 95% од ваквите измени низ поминуваат низ раце. Е сега Shit Happens ;-) --Р ашо  23:57, 27 февруари 2012 (CET)[одговори]
Да, секогаш има некои делови од денот кои не може едноставно да се покријат. Инаку, забележувам дека истото се случува и со новоуредените статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:02, 28 февруари 2012 (CET)[одговори]

Issues arising from rollout of MediaWiki 1.19

уреди

Could you please record any issues with Wikipedia since the rollout of 1.19 here, so that we can keep them all in one place, please. If you are comfortable creating bug reports, please help others get their bugs into Bugzilla. If you can help patrol Village Pumps, please contact me and let me know where you can help.