Добре дојде!

Здраво, Новица, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Филмови

уреди

Здраво, Новица. Многу ми се допаѓа она што го работиш на Википедија, но, очигледно, немав никогаш време да ти кажам. Како и да е - покривајќи една особено интересна тема, не само што ја збогатуваш македонската Википедија со информации за важни дела од светската филмска продукција, туку истовремено и си вистински информатор за филмските манифестации во Македонија (ако не се лажам, ти го уредуваш блогот за кинотека, кој е всушност и многу повеќе од тоа). Сега, за задачата - јас имам доста обврски во овој период и претпоставувам дека поголем дел од април ќе ми биде зафатен. Но тоа не значи дека нема да ги средам филмовите после тоа. Не знам дали виде, јас веќе се погрижив за Кјубриковите филмови што беа емитирани во Кинотека а за кои ти сработи никулци (ако не си видел, види ги овде) и ако си заинтересиран, токму кај нив можеш да видиш како се поставува инфокутијата од десната страна. Значи, ако сакаш сам да ги средиш, кликни уреди на, да речеме, Вселенска Одисеја и копирај го делот ограничен меѓу двете двојни загради ({{ и }}). Пастирај го тој текст во, на пример Ти, што живееш и само промени ги податоците, преземајќи ги од англиската Википедија. Ова секако, само ако си заинтересиран. Јас секако ќе почнам да ги средувам филмовите во истиот миг кога ќе имам малку време.

Патем, случајно да не гледаше некој филм од Џузепе Ферара во Кинотека. Јас немав време за ниту еден, па немам никаква идеја дали се добри или не. Поздрав, --Виктор Јованоски 22:32, 30 март 2008 (UTC)


Здраво Виктор, Фала за одговорот. До сега не сум видел ги видел новите информации за Кјубрик - супер се. Не е дека не знам како би се додавале дополнителните информации - само немам време да го правам тоа. И не сакам да ти наметнам обврска тебе - туку повеќе само како информација, но ете ти веќе си бил во тек.
Инаку, јас само ги додавам работите технички тука, инаку зад блогот стојат повеќе луѓе. :)
И јас не видов ништо од Ферара, но можам да се распрашам кај другите луѓе од блогов.
БТЊ, како е правилно: овде или кај тебе да одговорам?Новица 17:14, 31 март 2008 (UTC)

Портал:Филм

уреди

Здраво! Гледам дека се интересирате за филм, па затоа Ве поканувам да учествувате во новоформираниот ВикиПроект Филм. Наскоро планираме да отвориме и филмски портал на википедија. Вашата соработка би била ценета. Поздрав, --Brainmachine 12:47, 9 мај 2008 (UTC)

Придонес на ВикиКниги

уреди

Само што го додадов http://mk.wikibooks.org/wiki/Општествено_богатство_и_национални_сметки

Има по некој проблем со вики форматирањето, па можеби некој ќе сака да го поправи. :)

Новица 05:40, 15 јули 2008 (UTC)

Римска архитектура

уреди

http://mk.wikipedia.org/wiki/Римска_архитектура - сѐ уште е никулец, а текстот кој може да се користи за нејзино проширување сѐ уште е тука: http://softver.org.mk/novica-files/drugo/rim-arh.doc

Новица 05:43, 15 јули 2008 (UTC)

Имате ли навистина интерес за архитектура? Или пак за Стар Рим? Ако е тоа така, слободното обратете се кај мене, можам лесно да направам проект или нешто да средам да се популаризира. Видете го Портал:Архитектура.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:59, 18 септември 2008 (UTC)
Немам. Текстот кој е линкан е од моја семинарска на времето што ја правев. Која сака може да го користи за википедиска страница. 18:24, 18 септември 2008 (UTC)

Иницијатива

уреди
Иницијатива
           Здраво, Новица!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

-- MacedonianBoy  Oui? 18:29, 18 септември 2008 (UTC)

Лидери по година

уреди

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:25, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

Покана за Вики средба

уреди
      Здраво, Новица!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:11, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори