Википедија:Викиексперименти 2022

Викиексперименти 2022 - четвртата сезона на снимање опити во рамки на проектот Викиексперименти.

Хронологија

уреди

Февруари - биологија

уреди

Дополнително, на уредените статии по биологија кои беа опфатени во декември 2021 година и кои беа тематски поврзани со биолошките опити снимани во септември 2021 година, на средината на месецот беа подобрени три статии.

Опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Јуни - хемија

уреди
 
Еден миг од снимањето.

На 1 јуни, од 10 до 12 часот, на Институтот за хемија беа снимени осум опити по хемија кои беа осмислени и изведени од неодамна пензионираниот професор Владимир Петрушевски и актуелната професорка Марина Стојановска.

Снимени опити
Бр. Видео Назив на опит
1. (71.) Смеса од метали во прав во пламен
2. (72.) Добивање натриум амалгам
3. (73.) Добивање амониум амалгам
4. (74.) Детонација на смеса од црвен фосфор и калиум хлорат
5. (75.) Оксидациони состојби на ванадиум
6. (76.) Палење барут со ласер
7. (77.) Директна синтеза и хидролиза на алуминиум фосфид
8. (78.) Редукција на олово(II) оксид со дрвен јаглен
Опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Јуни - биологија

уреди

На 23 јуни, од 9 до 13 часот, на Институтот за биологија беа снимени 21 опит по биологија кои беа осмислени и изведени од демонстраторот Софија Костандиновска и нејзиниот асистент.

Снимени опити
Бр. Видео Назив на опит
1. (21.) Физички методи за контрола на микробниот раст со осмотски притисок
2. (22.) Физички методи за контрола на микробниот раст со ултравиолетово зрачење
3. (23.) Хемиски методи за контрола на микробниот раст
4. (24.) Контрола на микробниот раст со користење на антимикробна хемотерапија преку тест со разредување (дилуционен тест)
5. (25.) Култивација на микроорганизми: засејување и инкубација
6. (26.) Изолација на чисти култури: метод на потег и метод на висечка капка
7. (27.) Постапка на засејување на квасци и мувли
8. (28.) Подготовка на нативен препарат од мувли
9. (29.) Подготовка на фиксиран препарат од квасци
10. (30.) Боење на спори по Шефер-Фултоновата метода
11. (31.) Микробиолошки квалитет на млеко
12. (32.) Детекција на бактериофази
13. (33.) Подготовка на нативен препарат од мувли
14. (34.) Техника на мембранска филтрација
15. (35.) Филаментозни габи
16. (36.) Нитрификација и денитрификација
17. (37.) Определување на содржина на влага во почва
18. (38.) Испитување со контактни предметни стакленца (техника на Холодни и Роси)
19. (39.) Што ќе се случи кога ќе се помешаат квасец и гликоза?
20. (40.) Производство на јогурт
21. (41.) Култивација на микроорганизми: хранливи подлоги

Во наредните денови по снимањето, беше насочено кон создавање и подобрување на тематските статии со крајна цел - вметнување на видеата.

Опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Октомври - биологија

уреди

На 13 октомври, од 10 до 14 часот, на Институтот за биологија беше снимен 21 опит по биологија кои беа осмислени и изведени од лаборантите Сара Цветановска и Ангела Иванова.

Снимени опити
Бр. Видео Назив на опит
22. (42.) Подготовка на нативен препарат од талус на Marchantia polymorpha
23. (43.) Изолација на гаметангиуми (антеридиуми и архегониуми) и соодветни парафизи од видот Mnium punctatum
24. (44.) Изработка на нативен микроскопски препарат - напречен пресек на стебло од коњско опавче (Equisetum arvense)
25. (45.) Филоид на Sphagnum изграден од живи и мртви клетки
26. (46.) Влакна на лист од дива маслинка (Elaeagnus angustifolia)
27. (47.) Влакна на лист од бабјак (Verbascum)
28. (48.) Влакна на лист од олеандер (Nerium oleander)
29. (49.) Поленови зрна од сириска слезовина (Hibiscus syriacus)
30. (50.) Поленови зрна од тиква (Cucurbita pepo)
31. (51.) Поленови зрна од бор
32. (52.) Сложени скробни зрна од азиски ориз (Oryza sativa)
33. (53.) Прости скробни зрна од пченка (Zea mays)
34. (54.) Прости скробни зрна од обична пченица (Triticum vulgare)
35. (55.) Прости скробни зрна од грав (Phaseolus vulgaris)
36. (56.) Прости, полусложени и сложени скробни зрна од компир (Solanum tuberosum)
37. (57.) Прости скробни зрнца од Христов трн (Euphorbia milii)
38. (58.) Движење на цитоплазма во прашнички конци на Tradescantia virginiana
39. (59.) Површинско набљудување на стомини клетки на листови од Iris × germanica
40. (60.) Биколатерални спроводни снопчиња кај стебло од тиква (Cucurbita pepo)
41. (61.) Радијално спроводно снопче во корен на Caltha palustris
42. (62.) Концентричен вид на спроводно снопче на орлова папрат (Pteridium aquilinum)


Дополнително, на уредените статии по биологија кои беа опфатени во јуни 2022 година и кои беа тематски поврзани со биолошките опити снимани истиот месец, на средината на месецот беше создадена една статија и беа подобрени седум статии.

Опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Ноември - биологија

уреди

На 3 ноември беа создадени шест статии. Тие статии се тематски поврзани со снимените видеа во октомври. На 7 ноември продолжи уредувањето и беа создадени пет статии, подобрени четири статии, и создадени две предлошки. Следниот ден беа создадени три статии и беа подобрени две статии. На 15 ноември биле подобрени две статии.

Опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Декември - органска технологија

уреди

На 23 декември, во периодот од 10 до 13 часот, за првпат имавме снимање опиги во Техничко-металуршкиот факултет - Скопје, поточно во Институтот за органска технологија. Нивниот кадар учествуваше со изведување на пет опити од полето на прехранбената и био технологија. Во однос на бројка на присутни, 19 лица од ТМФ учествуваа. Од страна на Споделено знаење беше присутно едно лице. На 26 декември, беа создадени пет статии и беше подобрена една статија од страна на еден корисник.

Снимени опити
Бр. Видео Назив на опит
1 Синтеза на β-нафтол оранж
2 Синтеза на фенол-формалдехидна смола
3 Испитување на својства на желирање на натриум алгинат (изработка на алгинатни бисери)
4 Антоцијани од храната како показатели на pH вредноста
5 Ензимска хидролиза на скроб
Опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Статистика

уреди

Податоците последен пат се обновени на 18 јануари 2023 во 19:55 (СЕВ).

Мерка Опис Резултат
Создадени статии вкупен број на создадени статии на Википедија 36
Подобрени статии вкупен број на подобрени постоечки статии на Википедија 34
Снимени видеа вкупен број на снимени видеа 55
Искористеност на видеа учество на бројот на подигнати видеа искористени во статии во однос на вкупниот број на подигнати фотографии 53 (96,36%)
Вклученост на заедницата вкупен број на различни учесници во снимањата и уредувањата 26