Тиква
Тиква | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Cucurbitales |
Семејство: | Cucurbitaceae |
Потсемејство: | Cucurbitoideae |
Племе: | Cucurbiteae |
Род: | Cucurbita |


Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Потекнуваат од Средна Америка. Познати се повеќе видови, а позначајни се:[1]
- обична,
- готварска (Cucurbita pepo var. cylindrica),
- мускатна (Cucurbita moshata) и
- печенка (Cucurbita maxima).
Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%). Се консумираат варени, пржени или печени. Мускатната се користи и како додаток во сокови и за детска храна. Семето е богато со масло, кое се користи во индустријата. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени Целзиусови.[1]
Морфолошки својства Уреди
Корен Уреди
Тиквата има добро развиен коренов систем кој достигнува длабочина преку еден метар. Главната коренова маса е развиена на длабочина од 50 см.
Стебло Уреди
Стеблото на тиквата е зелјесто, разгрането, обраснато со мов. На стеблото може да има боцки. Должината на главното стебло достигнува од 3-4 метри. Обичната и мускатната тиква имаат цилиндрично стебло, додека бундевата има петоаголно стебло. Интернодиите кај тиквичката се многу кратки и таа формира жбунесто стебло. На коленцата на стеблата можат да се формираат адвентивни корења.[1]
Лист Уреди
Листот на тиквата е крупен со долга дршка.
Цвет Уреди
Тиквата развива машки и женски цветови. Машките цветови се формираат на долги тенки дршки, додека женските се формираат на куси дршки и изгледаат како да се насадени на дршката.[1]
Плод Уреди
Плодот на тиквата е бобинка со сферична, елипсовидна, цилиндрична, сплескана крушковидна и др. Бојата на плодот е сортна особина и може да биде различна портокалова, жолта, бела. Плодот може да достигне тежина над 50 кг.[1]
Семе Уреди
Семето на тиквата е елипсовидно, сплескано со различна големина. Семето на тиквата ‘ртливоста ја задржува 3-4 години.
Тиквата како храна Уреди
Супа од тиква Уреди
Крушовидните тикви се идеални за крем-супа. Во студените есенски денови крем-супата одлично загрева, хранлива е, се препорачува за доенчиња што почнуваат да јадат тврда храна. Возрасните можат да си додадат јогурт или кисело млеко, а мене ми е највкусна со потпечени лепчиња во рерна. Тиквата, компирот и морковот измиени и излупени се сечат на поголеми парчиња. Кромидот, лукот, целерот и пашканатот се ставаат цели во лонец со вода. Се варат заедно 30-40 минути. Потоа сите состојки се дробат, додека не станат како каша. На крај се додава водата во која се варел зеленчукот. За вкус се додава малку маслиново масло, сол, црн пипер и морско оревче[2].
Печена тиква Уреди
Големите тикви се идеални за печење. Тиквата треба да се измие убаво, да се пресече на парчиња, да се наредеат во тава, да се стави малку вода на дното од тавата и да се покрие со фолија за готвење. При крајот од печењето, само треба да се тргне од фолијата, колку да фатат коричка. Исто така семките од тиквата никако не се за фрлање. Тие требаат само да се исчистат убаво од конците од тиквата, да се посолат и да се стават право во рерна. По некое време се добиваат семки за грицкање.
Тикварник Уреди
Тикварникот е десерт кој се подготвува од тиква со млеко и јајца. Вообичаен е во есенските и зимските месеци.
Тиквеник Уреди
Биолошки својства Уреди
Агротехника Уреди
Тиквата како тема во уметноста и во популарната култура Уреди
- „Сонувајќи тикви на туѓи ниви“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[3]
- „Кога цветаа тиквите“ (српски: Kad su cvetale tikve) — роман на српскиот писател Драгослав Михаиловиќ од 1968 година.[4]
- „Дибек глава“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[5]
- „Тиква“ (англиски: Pumkin) — песна на британскиот трип-хоп музичар Трики (Tricky).[6]
Наводи Уреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 проф. д-р Данаил Јанкуловски, „Тикви“, во: Македонска Енциклопедија, Скопје: МАНУ, 2009, стр. 1484-1485.
- ↑ „Крем-супа од тиква“. Република Online. 2013-03-11. Архивирано од изворникот на 2017-10-13. Посетено на 2017-10-23.
- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 8-9.
- ↑ Dragoslav Mihailović, Kad su cvetale tikve. Beograd: BIGZ i SKZ, 1983.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 51.
- ↑ Discogs, Tricky – The Best Of (пристапено на 8.2.2021)