Клостридии

род на бактерии

Клостридиите (род Clostridium, чие име доаѓа од грчки збор што значи "вретено") се Грам-позитивни, анаеробни бактерии од фамилијата Clostridiaceae, кои се способни да образуваат спори. Многу видови клостридии се патогени. Clostridium botulinum предизвикува ботулизам, Clostridium tetaniтетанус, додека други видови предизвикуваат гасна гангрена, брадсот и болеста црна нога кај добитокот. Има и видови кои не се патогени и се користат во биотехнологијата.

Постапка за одредување на број на клостридии во вода.

Ендоспорите на клостридиите се отпорни на топлина и можат да издржат повеќе часови во вриечка вода, а некои преживуваат и загревање од 110 °C во период од еден час. Клостридиите, со исклучок на Clostridium perfringens, можат да се движат со помош на перитрихозно распоредени камшичиња. Можат да се најдат насекаде, особено во почвата и дигестивниот систем на животните.

Според изворот на енергија кој го користат, клостридиите можат да се поделат на три поголеми групи:

  1. Протеолитички клостридии: ги разградуваат белковините;
  2. Клостридии што ја разградуваат урската киселина, како на пример Clostridium acidi-urici;
  3. Сахаролитички клостридии: вршат ферментација на јаглехидрати (шеќери, целулоза, скроб). Нивни главни производи се бутирична киселина, ацетон, бутанол, јаглерод диоксид и молекуларен водород (H2).

Биотехнолошка примена

уреди

Производство на органски растворувачи

уреди

Clostridium acetobutylicum е способна да го ферментира шеќерот до растворувачите ацетон, 1-бутанол, етанол и органски киселини (оцетна и бутирична). Оваа бактерија за првпат е опишана од првиот претседател на Израел, Чаим Вајцман.

Клостридиите во земјоделството

уреди

Клостридиите се широко застапени во почвите. Сахаролитичките клостридии (но не и претставниците од останатите клостридиски групи) се способни да го редуцираат атмосферскиот азот (N2), а со тоа и да го врзуваат. Затоа се вели дека тие се диазотрофни и се природни произведувачи на минерално ѓубре во почвата. Clostridium pasteurianum е активна N2 врзувачка клостридија која живее во аноксични седименти.

Медицински поглед

уреди

Медицински важни видови на клостридии се:

Вирулентни фактори

уреди

Clostridium botulinum го произведува токсинот ботулин, кој се онеспособува со загревање на 80 °C за време од 30 минути. Дејството на овој токсин се состои во блокирање на испуштањето на ацетилхолин од синапсите. Clostridium tetani го произведува тетанусниот токсин. Тој се ослободува за време на дезинтеграцијата на бактериската клетка. Овој токсин го оневозможува ослободувањето на инхибиторните трансмитери глицин и GABA. Clostridium perfringens произведува, меѓу другото, и токсин-алфа (лецитиназа), кој ги уништува клеточните мембрани и произведува ентеротоксини. Clostridium difficile ги дава токсинот А (ентеротоксин) и B (цитолитички ефект).

Книжевност

уреди

Надворешни врски

уреди