Владимир Петрушевски

поранешен професор по физичка и наставна хемија при Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје

Владимир Петрушевски (Скопје, 16 септември 1954) ― поранешен професор по физичка и наставна хемија при Институтот за хемија на Природно-математички факултет - Скопје.

Владимир Петрушевски
Роден 16 септември 1954(1954-09-16)(70 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање универзитетски професор, хемичар

Животопис и образование

уреди

Владимир Петрушевски е роден во Скопје на 16 септември 1954 година во Скопје. Од раѓање до 2004 годинал, ги поминал годините живеејќи во Дебар Маало. Основно училиште го започнал во „Владимир Илич Ленин“, каде учел I и II одделението, сè до Скопскиот земјотрес, кога се урнало училиштето и се преместил и завршил во „Коле Неделковски“. Средно училиште го завршил во „Јосип Броз Тито“, кое тогаш како градба се наоѓало во денешниот Центар за странски јазици во Карпош I.

Во 1973 година се запишал како студент на Природно-математичкиот факултет - Скопје. Поради расформирањето на Универзитетот, ПМФ се поделил на пет факултети, Петрушевски постанал студент на новооснованиот Хемиски факултет - Скопје и на него дипломирал во 1978 година. На ПМФ магистрирал 1988 година на темата „Вибра­ци­о­ни спектри на хидратите на некои двојни сулфати и селена­ти“ и докторирал 1990 година на темата „Испитување на системи со тетра­едар­­ски и квазитет­рае­дар­ски јони: спек­­тар–струк­­турни ко­рела­ции и вибрациони спектри на некои (ЅО4)х(ЅеО4)1-х соеди­не­ни­ја“, исто така на ПМФ.[1]

Кариера

уреди

Се вработил февруари 1979 година како стажант на Хемискиот Факултет. Бил на обука во Љубљана на Хемискиот институт „Борис Кидрич“. Во март 1980 година бил избран за помлад асистент на Хемискиот факултет. Во 1989 година станал асистент на ПМФ, додека во 1991 се издигнал како доцент. Вонреден професор станал во 1996 година, а како редовен во 2001 година. Во 2006 година бил преизбран за професор. Како редовен професор предавал на додипломските предмети Историја на хемијата, Методика на хемиското експериментирање I и II, Хемиско експериментирање I и II, и на магистерските предмети Модели и анимации, Експериментот по наставата во хемија.[1]

Автор и соавтор е на повеќе од 80 научно истражувачки трудови и повеќе од 100 образовни трудови. Автор/соавтор бил на два учебници.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Редовен професор д-р Владимир Петрушевски“. Институт за хемија. 9 октомври 2017. Архивирано од [89N3PDyZzakoH7W6n8ZrjGDDktjh8iWFG6eKRvi3kvpQ изворникот] Проверете ја вредноста |url= (help) на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 22 март 2022.

Надворешни врски

уреди