Спора
Tерминот спори во биологијата ја означува репродуктивната структура што е адаптирана за преживување во неповолни услови, за подолг период на време. Спорите се дел од животниот циклус на голем број бактерии, растенија, алги, габи и некои праживотни (protozoa). Главна разлика помеѓу семето и спорите како размножувачки единици, е што спорите во себе имаат складирано многу малку хранливи ресурси, во споредба со семето.
Спорите обично се хаплоидни и едноклеточни и се резултат од мејозата во спорангиите на спорофитите.[1] Штом условите ќе бидат поволни, спорите можат да се развијат во нов организам преку мејозна делба, произведувајќи многуклеточен гаметофит, кој на крајот продолжува да продуцира гамети.
Со спојување на две гамети се создава нов спорофит. Овој циклус е познат како "промена на генерациите", но подобар термин би бил "биолошки животен циклус", бидејќи можно е да има повеќе од една фаза и тоа не претставува директна измена. Хаплоидните спори произведени со митоза се користат од страна на многу габи за бесполово размножување.
Многу мовови, посебно оние кои се прилагодени на суви услови, производуваат диплоидни спори. Оваа форма на бесполово размножување се нарекува апогамија. Таа претставува форма на апомиксија.
Спорите се единици за бесполово размножување, бидејќи еден спора се развива во нов организам. Спротивно на тоа, гаметите се единици на полово размножување, бидејќи потребни се две гамети за да се создаде нов организам.