Стаорец
Стаорец Период: ран плеистоцен - денес | |
---|---|
сив стаорец (Rattus norvegicus) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Глодачи |
Натсемејство: | Muroidea |
Семејство: | Глувци |
Потсемејство: | Murinae |
Род: | Rattus -Fischer de Waldheim-, 1803. |
видови | |
50 видови |
Стаорец (Rattus) ― род на глувчовиден глодач од средна големина (над 12 cm) и маса (до 500g). Овој род содржи педестина видови со потекло од територијата на Азија, а чив ареал на распространување е Стариот Свет. Две најпознати, што се однесува на значењето на човековата популација се:
- сив, патнички или норвешки стаорец (Rattus norvegicus)
- Црн стаорец (Rattus rattus).
Стаорците често живеат на места блиску до човековите населби, или во домовите на луѓето кои всушност изобилуваат со храна. Штетата која понекогаш ја прават се главната причина за именување на стаорците како штетници и дава повод за бројни дератизации. Исто така, податокот дека тој е предизвикувач на (црната) чума (бактерија -{Yersinia pestis}- која живее во болвите кои се паразити на црниот стаорец) ги прави стаорците пренесувачи на уште неколку човечки паразити, кои прават големи проблеми во хигиената на големите градови. И покрај големиот негативен став кон стаорците, сепак тие се големи љубимци на луѓето, кои ги чуваат како домашни миленици.
Видови на стаорци
уреди- Род Rattus
- Rattus adustus
- Rattus annandalei
- Rattus argentiventer
- Rattus baluensis
- Rattus bontanus
- Rattus boulos
- Rattus burrus
- Rattus colletti
- Rattus elaphinus
- Rattus enganus
- Rattus everetti
- Rattus exulans
- Rattus feliceus
- Rattus foramineus
- Rattus fuscipes
- Rattus giluwensis
- Rattus hainaldi
- Rattus hoffmani
- Rattus hoogerwerfi
- Rattus jobiensis
- Rattus koopmani
- Rattus korinchi
- Rattus leucopus
- Rattus losea
- Rattus lugens
- Rattus lutreolus
- Rattus macleari
- Rattus marmosurus
- Rattus mindorensis
- Rattus mollicomulus
- Rattus montanus
- Rattus mordax
- Rattus morotaiensis
- Rattus nativitatis
- Rattus nitidus
- Rattus norvegicus
- Rattus novaeguineae
- Rattus osgoodi
- Rattus palmarum
- Rattus pelurus
- Rattus praetor
- Rattus ranjiniae
- Rattus rattus
- Rattus sanila
- Rattus sikkimensis
- Rattus simalurensis
- Rattus sordidus
- Rattus steini
- Rattus stoicus
- Rattus tanezumi
- Rattus tawitawiensis
- Rattus timorensis
- Rattus tiomanicus
- Rattus tunneyi
- Rattus turkestanicus
- Rattus villosissimus
- Rattus xanthurus
Стаорецот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиСтаорецот како тема во книжевноста
уреди- „Ловец на стаорци“ — расказ на рускиот писател Александар Грин.[1]
- „Во земјата Капу-Чима царот стаор замок имал“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[2]
- „Стаорец“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.[3]
- „Стрелба“ — расказ на Јуриј Мамлеев.[4]
- „Стаорци“ — роман на полскиот писател Адолф Рудницки од 1932 година.[5]
- „Стаорци кои се селат“ — песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[6]
- „Стаорците од Штутгарт“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[7]
Стаорецот како мотив во музиката
уреди- „Салата од стаорци“ (англиски: Rat Salad) — песна на британската хард-рок група Блек сабат (Black Sabbath) од 1970 година.[8]
- „Враќање на стаорецот“ (англиски: Return Of The Rat) — песна на американската панк-група Вајперс (Wipers) од 1980 година.[9]
- „Градско бебе нападнато од стаорци“ (англиски: City Baby Attacked By Rats) — песна од истоименито музички албум на британската панк-рок група G.B.H. од 1982 година.[10]
- „Лет на стаорецот“ (англиски: Flight of the Rat) — песна на англиската хард-рок група Дип Парпл (Deep Purple) од 1970 година.[11]
- „Смачкан стаорец и африканска дива свиња“ (англиски: Pressed Rat And Warthog) — песна на британската рок-група Крим (Cream) од 1968 година.[12]
- „Стаорци“ (англиски: Rats) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1993 година.[13]
- „Стаорци“ (англиски: Rats) — песна на британската панк-рок група Сабхјуманс (Subhumans).[14]
- „Rattus Norvegicus“ (Rattus Norvegicus) — албум на англиската рок-група Стренглерс (Stranglers) од 1977 година.[15]
Наводи
уреди- ↑ Aleksandar Grin, Pacolovac. Beograd: Rad, 1979, стр. 110-150.
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 65-67.
- ↑ Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 118-127.
- ↑ Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 62-66.
- ↑ Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, Zlatni prozori. Beograd: Rad, 1961, стр. 121.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 4-5.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 26-27.
- ↑ DISCOGS, Black Sabbath – Paranoid (пристапено на 31.8.2019)
- ↑ YouTube, Wipers - Is This Real? LP (пристапено на 14.6.2017)
- ↑ DISCOGS, Charged G.B.H* – City Baby Attacked By Rats (пристапено на 28.10.2022)
- ↑ Deep Purple in Rock, EMI Records, 7243 8 34019 2 5, 1995.
- ↑ Discogs, Cream (2) – Wheels Of Fire (пристапено на 29.1.2019)[мртва врска]
- ↑ Discogs, Pearl Jam – Vs. (пристапено на 8.6.2023)[мртва врска]
- ↑ Subhumans – Time Flies + Rats (пристапено на 12.11.2024)
- ↑ The Stranglers - Rattus Norvegicus (Full Album) - YouTube (пристапено на 27.9.2016)
Надворешни врски
уреди„Стаорец“ на Ризницата ? |