Гаметангиуморган или клетка во која се произведуваат гамети кои се наоѓаат кај многу повеќеклеточни протисти, алги, габи и гаметофити на растенијата. За разлика од гаметогенезата кај животните, гаметангиумот е плоидна структура и образувањето на гамети не вклучува мејоза.

Видови гаметангиуми

уреди
Изолација на гаметангиуми (антеридиуми и архегониуми) и соодветни парафизи од видот Mnium punctatum гледани под микроскоп.

Во зависност од видот на гаметата произведена во еден гаметангиум, може да се разликуваат неколку видови.

Женски

уреди

Женските гаметангии најчесто се нарекуваат архегонија. Тие произведуваат јајце-клетки и се места за оплодување. Архегонијата е честа кај алгите и примитивните растенија, како и кај голосемениците. Кај скриеносемениците, тие се заменети со ембрионска кеса во внатрешноста на овулата.

Машки

уреди

Машките гаметангиуми најчесто се нарекувани антеридиуми. Тие произведуваат сперматозоиди кои ги ослободуваат за оплодување. Антеридиумите кои произведуваат неподвижна сперма (сперматија) се нарекувани сперматангиуми. Некои антеридиуми не ја ослободуваат својата сперма. На пример, оомицетот антеридиум е синцициум со многу јадра на спермата и оплодувањето се случува преку цевки за оплодување кои растат од антеридиумот и остваруваат допир со јајце-клетките. Антеридиумите се вообичаени кај гаметофитите кај „пониските“ растенија како што се бриофитите, папратите, цикасовите и гинкото. Во „повисоките“ растенија како што се четинари и скриеносеменици, тие се заменети со поленови зрна.

Изогамни

уреди

Во изогамијата, гаметите изгледаат слично и не можат да се класифицираат на „машки“ или „женски“. На пример, кај зигомикотите, два гаметангиуми (единечни мултинуклеарни клетки на крајот од хифите) образуваат добар допир едни со други и се спојуваат во зигоспорангиум. Внатре во зигоспорангиумот, јадрата од секоја од првичните два гаметангиуми се парат. 

Поврзано

уреди
  • Зооспорангиум, гаметангиум кој произведува подвижни изогамни гамети, наречени зооспори