Iris × germanica
Iris × germanica | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Перуники |
Род: | Перуники |
Подрод: | Iris subg. Iris |
Отсек: | Iris sect. Iris |
Вид: | I. × germanica |
Научен назив | |
Iris × germanica Л. | |
Синоними[1] | |
Список
|
Германска перуника (научно: Iris × germanica) ― прифатеното име за вид на цветни растенија од семејството перуники (Iridaceae) попозната како брадеста перуника или германската брадеста перуника. Таа е една од групата со хибридно потекло.[2]:87 Нејзини сорти се I. × g. var. florentina.
Опис
уредиIris × germanica расте до 120 цм во висина и 30 цм во ширина. Корените можат да одат до 10 цм во длабочина и е ризоматозно повеќегодишно растение кое цвета од средна до доцна пролет. Постојат стотици сорти кои ја претставуваат речиси секоја боја од црна до блескава бела и црвена боја. Познато е дека некои сорти повторно цветаат наесен.[3]
Биохемија
уредиПознато е дека произведува изофлавон ирилон,[4] а од ризомите биле направени неколку аналитички студии.[5]
Генетика
уредиБидејќи повеќето перуники се диплоидни, со две групи на хромозоми. Ова може да се користи за да се идентификуваат хибридите и класификацијата на групите.[6]
Таксономија
уредиЗа прв пат била објавена и опишана како Iris germanica од страна на Карл Линеј во неговата книга „Species Plantarum“ на страница 38 во 1753 година.[7] Иако, Кју и многу други авторитети наведуваат дека е хибрид, па е именуван како Iris × germanica, со иксот (х) кој го покажува неговиот хибриден статус.[8][9]
Тоа е европски хибрид, а не вистински див вид.[10] Iris × germanica се смета дека бил природен хибрид помеѓу Iris pallida и Iris variegata (според Линеј), од кои и двете имаат хромозомски број 2n = 24.[11]
Iris germanica е прифатено име од страна на Кралското хортикултурно друштво,[12] и била потврдено од Службата за земјоделско истражување на Министерството за земјоделство на Соединетите Држави на 8 мај 1996 година. Тие исто така навеле дека има непознато потекло.
Именуваните сорти најчесто се продаваат во продавниците како Iris germanica,[13][3]
Распространетост и живеалиште
уредиСе смета дека Iris × germanica потекнува од Средоземна Европа.[12]
Опсег
уредиОдгледување
уредиТоа обично расте на сончеви места, со добро исцедена почва. Обично задржува некои од лисјата во текот на зимскиот период. Откако ќе процвета во текот на летото е најдобро време за делење и пресадување кога е суво.[14]
Размножување
уредиМоже да се размножува со семе и со делење.[11]
Хибриди и сорти
уредиIris × germanica има многу сорти,[3] се смета дека има околу 60.000 достапни сорти.[15] Ова се неколку познати именувани сорти:[14]
- 'Adriatic Shores'
- 'Amas'
- 'Askabadensis'
- 'Baveilles'
- 'Belouinii'
- 'Biliotti'
- 'Black Prince'
- 'Col Du Chat'
- 'Cretan'
- 'Crimson King'
- 'Croatica'
- 'Deflexa'
- 'Dominion'
- 'Dusky Challenger'
- 'Florentina'
- 'Fontarabie'
- 'Germanica'
- 'Germanica Alba'
- 'Germanica Caerulea'
- 'Germanica Major'
- 'Germanica Marmorata'
- 'Germanica Maxima'
- 'Germanica Violacea'
- 'Germanica Vulgaris'
- 'Gnome'
- 'Gypsy Queen'
- 'Istria'
- 'Junonia'
- 'Kharput'
- 'Kirman'
- 'Kochii'
- 'Kurdistan'
- 'Lemperg Purple'
- 'Macrantha'
- 'Nepalensis'
- 'Oriflamme'
- 'Paladin'
- 'Purple King'
- 'Seattle'
- 'Sivas'
- 'Srinagar'
- 'Thun'
- 'Titan's Glory'
- 'Turchino'
- 'Varbosiana'
- 'Varbossana'.
I. × germanica var. amas била една од најважните сорти во создавањето на современите тетраплоидни високобради перуники.[14]
Во културата
уредиВо Иран и Кашмир,[16] Iris kashmiriana и Iris × germanica [17] најчесто се одгледуваат на муслиманските[18] гробишта.[6][19][20]
Често е насликана, вклучувајќи ги и „Перуники“ (види десно) и „Перуники“ и двете од Винсент ван Гог во 1890 година.[21]
Галерија
уреди-
Iris 'Fabian' хибридизиран од Џон Салтер, 1868 година, Обединето Кралство
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Iris × germanica L.“. Plants of the World Online. Royal Botanic Gardens, Kew. Посетено на 8 ноември 2022.
- ↑ Stace, C. A. (2010). New Flora of the British Isles (Third. изд.). Cambridge, U.K.: Cambridge University Press. ISBN 9780521707725.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Iris Germanica (Bearded Iris)“. Gardenia.net. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ „Lipase-catalyzed regioselective protection/deprotection of hydroxyl groups of the isoflavone irilone isolated from Iris germanica“. 27 (2). Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Shahid Akbar Handbook of 200 Medicinal Plants: A Comprehensive Review of Their Traditional Medical Uses and Scientific Justifications, p. 1047, при Гугл книги
- ↑ 6,0 6,1 Austin, Claire (2005). Irises: A Gardener's Encyclopedia. Timber Press, Incorporated. ISBN 978-0881927306. OL 8176432M.
- ↑ „Iris germanica L., Sp. Pl. 1: 38 (1753)“. ipni.org (International Plant Names Index). Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ „Iris × germanica L. | Plants of the World Online | Kew Science“. Plants of the World Online (англиски). Посетено на 29 July 2021.
- ↑ „Iris × germanica – Species Details“. Atlas of Florida Plants. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ „Garden Bearded Irises“. Pacific Bulb Society. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ 11,0 11,1 „FNA Vol. 26 Page 373, 375, 376“. efloras.org (Flora of North America). Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ 12,0 12,1 „Iris germanica bearded iris“. rhs.org.uk. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ „Iris germanica Collection (Bearded Iris) | J Parker Dutch Bulbs“. jparkers.co.uk. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 Laurin, T. (6 мај 2019). „(SPEC) Iris germanica L.“. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ McIntosh, Jamie (21 јуни 2021). „9 Top Types of Iris for the Flower Garden“. The Spruce (англиски). Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ „Chapter I Rhizomatous Iris (part 2)“. irisbotanique.over-blog.com. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ Singh, Gurcharan. „Kashmir Iris“. flowersofindia.net. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ Stebbings, Geoff (1997). The Gardener's Guide to Growing Irises. Newton Abbot: David and Charles. стр. 23. ISBN 0715305395.
- ↑ British Iris Society (1997) A Guide to Species Irises: Their Identification and Cultivation при Гугл книги
- ↑ Trak, Touseef Hussain; Upadhayay, Ravi (April 2015). „Ethnobotanical And Taxonomic Study of Members of Iridaceae Family of Kishtwar, (Jammu And Kashmir) India“ (PDF). International Journal of Pharma and Bio Sciences. 6 (2): 779–793. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 август 2016. Посетено на 6 мај 2022.
- ↑ Jennifer Helvey Irises: Vincent van Gogh in the Garden при Гугл книги